id
stringlengths 1
7
| url
stringlengths 31
715
| title
stringlengths 1
247
| text
stringlengths 10
426k
|
---|---|---|---|
1334196 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%96%D0%BE%D0%BB%D1%82%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%BC%D0%BA%D0%B0 | Жолта дамка | <s>Жолта дамка () — место на најголемата видна острина во мрежницата на 'рбетниците, вклучително и луѓето, со централна функција на видот.</s><s>Таа има јајчест облик, сместена спроти зеницата, малку над влезната точка на очниот нерв во окото; именувана по нејзината карактеристична жолта нијанса предизвикана од пигментите лутеин и зеаксантин содржани во клетките.</s><s>Во средниот дел на дамката, мрежницата станува многу тенка, образувајќи ја централната јама (лат. fovea); содржи само фоторецептори.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334199 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D1%87%D0%BD%D0%BE%20%D0%B4%D0%BD%D0%BE | Очно дно | <s>Очно дно () — внатрешната задна страна на очното јаболко.</s><s>Очното дно може да се испита со помош на офталмоскопија и/или со фотографирање.</s><s>Бојата на очното дно се менува како и помеѓу, така и во рамките на видот.</s><s>Во едно проучување, приматите имаат сина, зелена, жолта, портокалова и црвена мрежница; само човечкото дно (од светло пигментиран русокос човек) е црвено.</s><s>Главните разлики забележани меѓу „повисоките“ видови примати биле големината и правилноста на макуларната граница, големината и обликот на видниот диск, очигледната „текстура“ на мрежницата и пигментацијата на мрежницата.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Fundoscopic / Ophthalmoscopic Exam</s>
<s>Око
Офталмологија
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334201 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D1%87%D0%B5%D0%BD%20%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B2 | Очен нерв | <s>Очен нерв (, ) или виден нерв — севкупност на нервни влакна што носат нервни импулси што потекнуваат од мрежницата до мозокот.</s><s>Центарот на мрежницата, каде што излегува очниот нерв, нема сетилни клетки, а оваа област се нарекува „слепа дамка“.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>The optic nerve on MRI
IFOND
Animations of extraocular cranial nerve and muscle function and damage (University of Liverpool)</s>
<s>Око
Мозочни живци
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334210 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%28%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC%20%D0%BE%D0%B4%202006%29 | Човек на годината (филм од 2006) | <s>„Човек на годината“ (англиски: Man of the Year) — американски филм од 2006 година во режија на Бери Левинсон, кој е автор и на сценариото.</s><s>Главните улоги ги играат: Робин Вилијамс, Кристофер Вокен и Лора Лини.</s><s>Во филмот се вклучени низа духовити делови кои делумно се преземени од популарната американска тв-серија „Во живо во сабота навечер“ (Saturday Night Alive).</s>
<s>Синопсис
Том Добс (го игра Вилијмас) е популарен телевизиски комичар, кој секогаш работи со истата екипа, а неговиот менаџер, Џек Менкен (го игра Вокен) е истовремено неговиот најдобар пријател.</s><s>За време на една негова емисија, една гледачка му предложува да се кандидира на претседателските избори во САД, Том прифаќа, а потоа тој добива бројни електронски пораки со поддршка од гледачите.</s><s>За време на телевизиската дебата, тој ги засенува двајцата други кандидати — еден сенатор и постојниот претседател.</s><s>Непосредно пред изборите, Џек претрпува срцев удар, а Том веднаш го посетува ен чекајќи го објавувањето на резултатите.</s><s>Таму, двајцата дознаваат дека Том е новиот претседател.</s><s>Истовремено, Елинор Грин (ја игра Лини), вработена во фирмата која го развила софтверот за електронското гласање, открива грешка и се сомнева во исправноста на изборите.</s><s>Таа ги известува претпоставените, но тие настојуваат по секоја цена да го заташкаат проблемот...</s>
<s>Наводи</s>
<s>Американски филмови
Филмски комедии
Филмови на англиски јазик
Филмови од 2006 година
Филмови на Бери Левинсон
Филмови со Робин Вилијамс
Филмови со Лора Лини
Филмови со Кристофер Вокен
Филмови за политичари
Филмови чие дејствие се одвива во САД</s>
|
1334214 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D1%83%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80 | Руенски манастир | <s>Руенски манастир Св. Јован Рилски () — бугарски православен манастир, дел од намесништвото Дупница на Софиската епархија на Бугарската православна црква.</s><s>Се наоѓа во близина на селото Скрино, општина Бобошево, Ќустендил.</s>
<s>Местоположба, историја, архитектонски и уметнички особености</s>
<s>Манастирот е сместен во прекрасно село во близина на гратчето Бобошево околу 8 км западно од европската рута Е79 помеѓу Софија и Кулата, на 2,5 км северно од селото Скрино каде што е роден Јован Рилски.</s><s>Манастирот е обновен над урнатините на старата црква во 1999 година.</s><s>Патека од манастирот води до пештерата каде што за првпат Свети Јован Рилски започнал со својот скит.</s>
<s>Манастирот го добил името по најпознатиот бугарски светец Јован Рилски (876 — 946), патрон на бугарскиот народ и основач на Рилскиот манастир — најголемиот ставропигски манастир во Бугарија.</s><s>Живеел во времето на Борис I, Симеон I и Петар I за време на Првото Бугарско Царство.</s>
<s>Денот на светецот се празнува на 19 октомври.</s>
<s>Надворешни врски
Site of the Ruen Monastery
Ruen Monastery - publishing</s>
<s>Манастири на Бугарската православна црква
Манастири во Бугарија</s>
|
1334221 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Tropicos | Tropicos | <s>Tropicos (Тропикос) — база на ботанички податоци со таксономски информација за растенија од неотропското царство (Средна и Јужна Америка).</s><s>Со неа раководи Ботаничката градина на Мисури.</s><s>Сoдржи слики и таксономски и библиографски податоци за преку 6,88 милиони хербариумски примероци.</s><s>Покрај тоа, има податоци од преку 55.000 научни публикации.</s><s>Може да се пребарува на англиски, француски и шпански.</s><s>Најстарите записи датираат од 1703 г.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>Бази на биолошки податоци</s>
|
1334223 | https://mk.wikipedia.org/wiki/The%20Doobie%20Brothers | The Doobie Brothers | <s>The Doobie Brothers ― американска рок група основана во 1970 година во Сан Хозе, Калифорнија.</s><s>Својот најголем успех групата го имала во текот на 1970-тите, а сегашната постава на групата ја сочинуваат основачките членови Том Џонстон (гитари, вокал) и Патрик Симонс (гитари, вокал), заедно со Мајкл Мекдоналд (клавијатури, вокал) и Џон Мекфи (гитара, виолина, придружни вокали).</s><s>Други долгогодишни членови на групата биле гитаристот Џеф „Сканк“ Бакстер (1974–1979), басистот Тиран Портер (1972–1980, 1987–1992) и тапанарите Џон Хартман (1970–1979, 1987–1992), Мајкл Хосак 1971–1973, 1987–2012) и Кит Кнудсен (1973–1982, 1993–2005).</s><s>Тие изведувале песни под влијание на госпел, како „Take Me in Your Arms (Rock Me a Little while)“ и „Jesus is Just Alright“.</s>
<s>Џонстон бил главен вокал на групата од 1970 до 1975 година, кога тие се одликувале со мејнстрим рок звук со елементи на фолк, кантри и R&B. Мајкл Мекдоналд ѝ се придружил на групата во 1975 година како клавијатурист и како втор главен пејач, за да му помогне на Џонстон, кој во тоа време имал здравствени проблеми.</s><s>Интересот на Мекдоналдс за соул музика вовел нов звук на групата.</s><s>Џонстон и Мекдоналд заедно биле главни пејачи за еден албум, Takin' It to the Streets, а Џонстон целосно се повлекол во 1977 година.</s><s>До крајот на 1970-тите составот на групата често се менувал; групата се распаднала во 1982 година, а Симонс бил единствениот постојан член кој се појавил на сите нивни албуми.</s><s>Во 1987 година, Тhe Doobie Brothers повторно се формирале и им се приклучил и Џонстон; Мекдоналд, кој претходно неколку пати гостувал, се вратил во групата како постојан член во 2019 година за време на турнејата по повод 50-годишното постоење.</s>
<s>Тhe Doobie Brothers објавиле четиринаесет студиски албуми, а шест од нив се пласирале во топ-10 на листата за албуми на Билборд 200.</s><s>Нивен најуспешен албум е Minute by Minute објавен во 1978 година.</s><s>Албумот пет недели бил на прво место на Билборд 200, а за него групата добила награда Греми за најдобра поп изведба од дуо или група.</s><s>Песната од тој албум „What a Fool Believes“ освоила три Греми награди.</s><s>Групата, исто така, објавила шест албуми во живо и многу компилации со најголеми хитови, меѓу кои и Best of The Doobies од 1976 година, кој со продадени 10 милиони копии е најпродаван албум на групата и RIAA го сертифицила како дијамантска плоча.</s><s>Меѓу шеснаесетте топ-40 песни на Billboard Hot 100 на групата се: „Listen to the Music“, „Jesus is Just Alright“, „Long Train Runnin“, „China Grove“, „Black Water“ (број 1 во 1974 година), „ Takin It to the Streets“, „What A Fool Believes“ (број 1 во 1979 година) и „The Doctor“.</s>
<s>Тhe Doobie Brothers биле примени во Куќата на славата на вокалните групи во 2004 година, и во Куќата на славата на рокенролот на 7 ноември 2020 година.</s><s>Групата има продадено преку 40 милиони плочи ширум светот.</s>
<s>Членови
Сегашни официјални членови</s>
<s>Патрик Симонс – гитара, бенџо, вокал
Том Џонстон – вокал, гитара, хармоника
Мајкл Мекдоналд – вокал, клавијатури, мандолина, хармоника
Џон Мекфи – гитара, виолина, челична гитара на педали, хармоника, вокал</s>
<s>Дискографија
The Doobie Brothers (1971)
Toulouse Street (1972)
The Captain and Me (1973)
What Were Once Vices Are Now Habits (1974)
Stampede (1975)
Takin' It to the Streets (1976)
Livin' on the Fault Line (1977)
Minute by Minute (1978)
One Step Closer (1980)
Cycles (1989)
Brotherhood (1991)
Sibling Rivalry (2000)
World Gone Crazy (2010)
Southbound (2014)
Liberté (2021)</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Doobie Brothers live photo gallery</s>
<s>Добитници на Греми
Американски блуз рок групи
Рок групи од Калифорнија
Американски квартети
Музички групи основани во 1970
Музички групи распаднати во 1982
Музички групи возобновени во 1987
Американски соул музички групи
Американски софт рок групи</s>
|
1334243 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Return%20of%20the%20Obra%20Dinn | Return of the Obra Dinn | <s>Return of the Obra Dinn () — авантуристичка игра развиена и издадена од играчкиот дизајнер Лукас Поуп во 2018 г. за Windows и MacOS.</s><s>Ова е втора трговска игра на Поуп, по Papers, Please, од 2013 г. Играта се одвива на измислениот призрачен брод „Обра Дин“, кој се вратил во домашното пристаниште без екипаж и патници неколку години по неговото таинствено исчезнување.</s><s>Играчот, во улога на осигурителен истражител за Британската источноиндиска компанија, мора да ја одреди судбината на секој од шеесетте луѓе на бродот — местото и околностите на нивната смрт или исчезнување.</s><s>Играта користи еднобитен еднобоен графички стил вдахнат од игрите на раните системи Macintosh.</s><s>Return of the Obra Dinn добил исклучително високо признание од критичарите и бил удостоен со неколку награди во играчката индустрија, како и постојано прогласуван за една од најдобрите игри на годината и деценијата.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>Игри за Windows
Игри за Mac OS
Игри за Xbox One
Видеоигри
Игри
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__
Авантуристички игри</s>
|
1334246 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80 | Тодор | <s>Тодор — македонско, бугарско и српско име, месен превод на името Теодор.</s><s>Унгарскиот облик на името е преведувано слично како Тодор (Tódor).</s>
<s>Како облик на името Теодор, Тодор на крајот потекнува и од грчкото име Теодорос (Θεόδωρος) што означува „дар од Бога", од теос (θεός; бог) и дорон (δῶρον; дар).</s><s>Словенски еквиваленти со слично значење се Божидар и Богдан.</s><s>Англиското име Тод е исто така слично, но има различно значење.</s>
<s>Македонските деминутиви се Тоше, Тошо и Тодорче, додека бугарските деминутуви се Тоше, Тошо и Тошко.</s>
<s>Забележителни луѓе</s>
<s>Тодор Александров
Тодор Батков
Тодор Бурмов
Тодор Тодоров (појаснување)
Тодор Диев
Тодор Иванчов
Тодор Каблешков
Тодор Карман
Тодор Колев (појаснување)
Тодор Манојловиќ
Тодор Паница
Тодор „Тоше“ Проески
Тодор Гечевски
Тодор Скаловски
Тодор Стојков
Тодор Веселиновиќ
Тодор Живков</s>
<s>Поврзано</s>
<s>Теодор Тирон/Амасиски (познат како Свети Тодор)
Тодоров
Тодоровиќ
Тодоровски</s>
<s>Наводи</s>
<s>Бугарски машки лични имиња
Македонски машки лични имиња
Српски машки лични имиња</s>
|
1334247 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%28%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%29 | Петица (анатомија) | <s>Петица или пета — испакнато место на задниот крај на стапалото.</s><s>Се заснова на проекцијата на една коска, калканеус или коска на петицата, зад артикулацијата на коските на долниот дел на ногата.</s>
<s>Структура</s>
<s>За да се распределат силите на притисок што се вршат на петицата за време на одењето, а особено фазата на држење кога петицата ја допира земјата, табанот на стапалото е покриен со слој на поткожно сврзно ткиво до 2 см дебелина (под петицата).</s><s>Ова ткиво има систем на комори за притисок кои делуваат како амортизери и го стабилизираат табанот.</s><s>Секоја од овие комори содржи фибромасно ткиво покриено со слој на цврсто сврзно ткиво направено од колагенски влакна.</s><s>Овие septumi („ѕидови“) се цврсто прицврстени и за плантарната апонеуроза горе и за кожата на табанот.</s><s>Табанот на стапалото е едно од највисоко васкуларизираните подрачја на површината на телото, а густиот систем на крвни садови дополнително ги стабилизира септумите.</s>
<s>Ахиловата тетива е мускулна тетива на triceps surae, „триглава“ група на мускули - soleus и двете глави на gastrocnemius.</s><s>Главната задача на triceps surae е плантарна флексија, односно движење на стапалото надолу.</s><s>Тоа е придружено со „четврта глава“, малиот мускул Plantaris, чија долга тенка тетива е исто така прицврстена на коската на петицата, но не е видлива.</s>
<s>Функција
Силите на притисок кои се применуваат на стапалото се распоредени по пет зраци, три медијални (страна на палецот) и две странични (страна на малото прсте).</s><s>Страничните зраци се протегаат над кубоидната коска до коската на петицата и медијалните зраци над трите клинести коски и навикуларната коска до глуждната коска.</s><s>Бидејќи глуждната коста е поставена над коската на петицата, овие зраци се во непосредна близина на прстите, но се надвиснуваат во близина на петицата, и заедно ги составуваат сводовите на стапалото кои се оптимизирани за распределени сили на притисок на нерамна подлога.</s><s>Во овој контекст, петицата ја образува задната точка на потпора која заедно со перничињата на ножните прсти го носат најголемиот дел од товарот.</s>
<s>Испукани петици
Испуканите петици се чест здравствен проблем и може да предизвикаат инфекции.</s><s>Тоа е предизвикано од сувост на кожата на стапалото, и насобирање на мртва кожа.</s><s>Со текот на времето може да предизвикаат болки и воспаление.</s><s>За истото да се излечи и спречи се користат тазлични хидратантни креми и турпии за стапала .</s>
<s>Поврзано
Ахилова петица - метафора за слабост
Петица на Италија, SE (по нејзината позиција во „чизмата“)
Перниче на стапалотo
Клавус - тврда кожа која може да предизвика болни пукнатини на стапалото и петицата</s>
<s>Наводи</s>
<s>Стапало</s>
|
1334249 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%81%D1%82 | Старост | <s>Старост — возраст што се приближува или го надминува животниот век на луѓето и со тоа е крај на човечкиот животен циклус.</s><s>Поими и еуфемизми што се користат за овие лица се: стари луѓе, постари луѓе (ширум светот), постарите возрасни лица (во општествените науки ) и постарите луѓе (во многу култури — вклучувајќи ги и домородните култури).</s>
<s>Постарите лица често имаат ограничени регенеративни способности и се поподложни на болести, синдроми и повреди отколку помладите возрасни лица.</s><s>Некои гранки и подрачја што се сосредоточуваат на стареењето и старите, како органскиот процес на стареење се нарекува стареење, медицинското проучување на процесот на стареење се нарекува геронтологија, и проучувањето на болестите што ги погодуваат постарите лица се нарекува геријатрија.</s><s>Постарите лица се соочуваат и со други општествени прашања поврзани со пензионирањето, осаменоста и старизам.</s>
<s>Староста не е конечна биолошка фаза, бидејќи хронолошката возраст означена како „старост“ се менува културолошки и историски.</s>
<s>Во 2011 година, Обединетите нации предложиле конвенција за човекови права што посебно би ги заштитила старите лица.</s>
<s>Стареење на различни организми</s>
<s>Стареење и размножување
Размножувањето е важна функција на која ѝ се подредени сите други животни процеси, вклучително и стареењето и смртта.</s><s>За да се разберат процесите на стареење, неопходно е да се запознаат разликите помеѓу двете основни стратегии за размножување:</s>
<s>размножување што се случува еднаш во целиот живот на поединци; оваа стратегија е својствена за едногодишни и двегодишни растенија, додека кај животните е честа појава кај инсектите, а ретка кај 'рбетниците;</s>
<s>кога во текот на животот, организмите периодично се размножуваат поголем број пати во текот на полната зрелост, што обично го опфаќа поголемиот дел од животот.</s>
<s>Стареење на човекот
Процесите на стареење кај луѓето се пројавуваат на следниве начини:</s>
<s>губење вода од клетките, што за последица има задржување на токсините;
со намалување на метаболизмот и постепено намалување на функциите на одредени органи, при што хормоналната активност е особено намалена;
таложење соли на калциум во меѓупршленските 'рскавици, што е последица на намалено движење.</s><s>Тоа ја намалува подвижноста на 'рбетот и затоа постарите лица се свиткани нанапред;
стеснување на крвните садови поради склеротични процеси, така што органите се помалку снабдени со крв и тоа се одразува со слабеење на нивната работа;
со зголемување на појавата на најчестите ракови (бели дробови, дојка, дебело црево итн.).</s>
<s>Стареење на животните
Ефектите од стареењето кај животните може да се забележат само во вештачки, заштитени средини, како што се лаборатории и зоолошки градини.</s><s>Во природни услови, единките се изложени на напади од грабливци, болести или изложени на недостаток на храна, што доведува до нивна смрт во порана возраст, така што староста е ретка појава.</s><s>Кај повеќето животни постои правило дека нивниот животен век малку го надминува достигнувањето на половата зрелост, иако има исклучоци што отстапуваат од тоа правило.</s>
<s>Стареење на растенијата
Стареењето кај растенијата не е толку јасно видливо како кај животните.</s><s>Поимите како што се стареење, зреење, смрт, развој, хлороза, некроза, сушење не се јасно разграничени и често се преклопуваат.</s><s>Во оваа смисла, не е јасно што да се прави кога станува збор за семиња што можат да мируваат без да покажуваат никаква физиолошка активност, или со делови од растенија од кои произлегуваат нови организми во вегетативното размножување.</s><s>Животниот век на поединечните видови во растителното царство многу се разликува.</s><s>Некои дрвенести растенија можат да живеат стотици години (секвоја, баобаб, итн.), додека други тревни растенија го завршуваат целиот свој животен циклус за неколку недели (на пр. ефемери).</s>
<s>Генетика на стареењето
Промената на генетскиот материјал е значаен чинител во процесот на стареење.</s><s>Според некои теории, процесот на стареење е поврзан со натрупување на грешки во ДНК во соматските клетки, кои се означени како соматски мутации.</s><s>Покрај генските мутации на соматските клетки, било утврдено дека со возраста се зголемува честотата на хромозомските аберации, како структурни така и нумерички.</s>
<s>Генетиката на стареење се занимава со проучување на промените во генетскиот материјал како причина за стареење кај луѓето и другите биолошки видови.</s><s>Сите претходни проучувања укажуваат на фактот дека овие промени се значаен чинител во процесот на стареење.</s>
<s>Физиологија на стареењето
Промените што се случуваат за време на стареењето најдобро се проучени кај цицачите, главно од две причини:</s>
<s>најтесно се поврзани со човекот,
симптомите на стареење се најизразени кај нив.</s>
<s>Општи промени за време на стареењето кај цицачите се:</s>
<s>намалување на основната телесна маса (живи клетки и коски)
намалување на базалниот метаболизам во сите ткива;
намалување на движењето.</s>
<s>Предвремено стареење
Патогените чинители, гени и метаболичките патишта кои се важни за стареењето се проучуваат со користење на различни пристапи, од кои еден е проучувањето на наследни болести на предвремено стареење - прогерија, која вклучува различни облици на болеста:</s>
<s>Вернеров синдром
Хатчинсон-Гилфордов синдром
Даунов синдром
Кокејнов синдром</s>
<s>Биолошки теории за стареење
До денес, предложени се повеќе од 300 теории за стареење што се обидуваат да го објаснат овој многу сложен процес.</s><s>Биолошките теории имаат за цел да ги објаснат причините и механизмите на стареење на ниво на клетки, органи и на организмот како целина.</s><s>Повеќето современи теории за биолошко стареење се слични една на друга и поаѓаат од заеднички претпоставки.</s><s>Главните биолошки теории за стареење вклучуваат еволутивно, системско и клеточно ниво.</s>
<s>Поврзано
Генетика на стареење</s>
<s>Наводи</s>
<s>Литература</s>
<s>Туцић, Н, Матић, Гордана: О генима и људима, Центар за примењену психологију, Београд, 2002.</s><s>Маринковић, Д, Туцић, Н, Кекић, В: Генетика, Научна књига, Београд
Татић, С, Костић, Г, Татић, Б: Хумани геном, ЗУНС, Београд, 2002.</s><s>Ридли, М: Геном - аутобиографија врсте у 23 поглавља, Плато, Београд, 2001.</s><s>Думановић, Ј, маринковић, Д, Денић, М: Генетички речник, Београд, 1985.</s><s>Косановић, М, Диклић, В: Одабрана поглавља из хумане генетике, Београд, 1986.</s><s>Швоб, Т. и срадници: Основи опће и хумане генетике, Школска књига, Загреб, 1990.</s>
<s>Надворешни врски
Бионет школа
AgeLab
Aging Research Centre (ARC)
American Academy of Anti-Aging Medicine
American Federation for Aging Research
Cellular Senescence Information Center
Evolutionary Theories of Aging and Longevity
Gerontology Research Group Архивирано на сајту (24. фебруар 2011)
Longevity Meme (Longevity Activism)
Mechanisms of Aging
New Books on Aging and Longevity Studies
Ouroboros Anti-Aging Research News
Reliability Theory of Aging and Longevity
Resourses and Articles on the Biology of Aging and Life-Extension Архивирано на сајту (27. април 2006)
54 Scientists' Open Letter on Aging Research Архивирано на сајту (19. новембар 2007)
Scientific American: Loss of Anticancer Gene Retards Aging in Stem Cells
senescence.info</s>
<s>Геронтологија
Клетка
Стареење</s>
|
1334252 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%89%D1%83%D0%B1%D0%B5%20%D0%A2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B5%D0%B2 | Љубе Терзијев | <s>Љубе Терзијев (р. , - , ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.</s>
<s>Филмографија
Терзијев ги остварил следниве филмски улоги,:
1994: Проколнати
1995: Заборавени
1997: Преку езерото
2007: Јас сум од Титов Велес
2010: Македонски народни приказни
2013: Тврдокорни</s>
<s>Кариера
Терзијев во 1971 година се вработува како глумец во Народниот театар во Штип, и останува до 1975 година.</s><s>Потоа се вработува во Народен театар "Јордан Хаџи Константинов Џинот" во Велес во 1975 година, каде останува сè до неговото пензионирање во 2014 година.</s><s>Има остварено голем број на театарски улоги, муѓу кои се издвојуваат: Џими во „Вејка на ветерот“, Јасон во „Медеја“, Ампо во „Чорбаџи Теодос“, Герард во „Младоста пред суд“, Оливер Кромвел во „Кобното тркалце“, Цермонијал Лужин во „Злосторство и казна“, Липовски во „Кукавично јајце“, Чорбаџи Миладин во „Сомнително лице“, Бордир во „Крал Иби“, Жевакин во „Женидба“, Супериус во „Пеш“, Господинот Диманш во „Дон Жаун“, Мисајле во „Ханлет“, Степан во „Предлог за брак“, Господ во „Утешение грешним“, Духот на Едип во „Антигона“ и други...</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Македонски глумци
Македонски филмски глумци
Македонски телевизиски глумци
Македонски театарски глумци
Југословенски глумци</s>
|
1334255 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%B8%D0%B3%D1%80%D0%B0 | Авантуристичка игра | <s>Авантуристичка игра () или игра за потрага (англ. quest game) — еден од главните жанрови видеоигри, кој е интерактивна приказна со главен лик управуван од играчот.</s><s>Најважните елементи на авантуристичката игра се вистинското раскажување приказни и истражување светови, а клучната улога во играчкиот процес (англ. gameplay) е решавање загатки и задачи што бараат умствен напор од играчот.</s><s>Елементите својствени за другите жанрови видеоигри, како што се борба, економско планирање и задачи што бараат од играчот брзо дејство и брз одговор се минимизирани или целосно отсутни во авантуристичките игри.</s><s>Игрите што ги обединуваат карактеристичните црти на авантуристичките игри и акциониот жанр се класифицирани во посебен жанр — акционо-авантуристички.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>SCI Programming Community
IFReviews Organization
AP forums
Fantasy Adventures</s>
<s>Жанрови на видеоигри
Авантуристички игри
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334283 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%A8%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82 | Дамата од Шалот | <s>Дамата од Шалот ― лирска балада од англискиот поет Алфред Тенисон и едно од неговите најпознати дела.</s><s>Поемата била инспирирана од италијанскиот краток прозен текст од 13 век Donna di Scalotta.</s><s>Во неа се раскажува трагичната приказна за Илејн од Астолат, млада благородничка заробена во кула кај реката од Камелот.</s><s>Тенисон напишал две верзии од песната, првата објавена во 1832 година (во Поеми), со 20 строфи, втората во 1842 година, со 19 строфи (исто така во книгата Поеми).</s><s>Живописниот средновековен романтизам и загадочната симболика на „Дамата од Шалот“ била инспирација за многу сликари, но и за други автори и уметници.</s>
<s>Приказна
Првите четири строфи од втората верзија на поемата од 1842 година ја опишуваат пасторалната средина.</s><s>Дамата од Шалот живее во замок на речен остров во близина на Камелот, но месните фармери за неа не знаат речиси ништо.</s>
<s>Од петтата до осмата строфа се опишува животот на дамата.</s><s>Таа пати од загадочно проклетство и постојано мора да плете слики на нејзиниот разбој без воопшто да гледа директно кон светот.</s><s>Таа гледа во огледало, кое го отсликува прометниот пат и луѓето од Камелот кои минуваат покрај нејзиниот остров.</s>
<s>Одразените слики се опишани како „сенки од светот“, метафора што јасно укажува дека тие се лоша замена за директно гледање кон светот.</s>
<s>Од деветтата до дванаесетата строфа се опишува „храбриот Сер Ланселот“ додека јава покрај замокот и ја здогледува дамата.</s>
<s>Останатите седум строфи ги опишуваат чувствата на дамата откако ќе го види Ланселот; таа престанува да ткае и гледа низ прозорецот кон Камелот, предизвикувајќи го проклетството.</s>
<s>Таа ја напушта својата кула, наоѓа брод на кој е напишано нејзиното име и плови по реката кон Камелот.</s><s>Таа умира пред да пристигне во замокот.</s><s>Меѓу витезите и дамите кои ја гледаат е и Ланселот, кој смета дека е преубава.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Понатамошно читање</s>
<s>Томас Л.</s><s>Џеферс, „Убави нишки: Дамата од Шалот на Тенисон како уметник“, рецензија на Јеил том.</s><s>89, бр. 4 (есен 2001), 54–68.doi : 10.1111/0044-0124.00545 .</s><s>Томас Л.</s><s>Џеферс, „Дамата на Тенисон од Шалот и предрафаелитни рендери: изјава и контра-изјава“, Религија и уметност 6:3 (септември 2002), 231–256.doi : 10.1163/15685290260384407 .</s><s>Целосен текст .</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Споредба на верзиите на поемата од Тенисон од 1833 и 1842 година (обезбедена од Проектот Камелот на Универзитетот во Рочестер)
Дамата од Шалот од Тенисон: преглед
Дамата од Шалот е поставена на музика (од концептниот албум од 1990 година Tyger and Other Tales)
Аудио книга од јавен домен
Дамата од Шалот во поетската сезона на БиБиСи</s>
<s>Британски поеми
Дела од Алфред Тенисон</s>
|
1334284 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BD%20%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%B4 | Призрачен брод | <s>Призрачен брод () — брод што плови, но без екипаж.</s><s>Терминот првенствено се користи во легендите и измислената литература, но може да се однесува и на вистински брод што претходно бил изгубен, а подоцна пронајден на море без екипаж (или со мртов екипаж).</s><s>Многу од извештаите за таквите средби со такви бродови се очигледни измислици, но постојат вистински документирани случаи.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Митологија
Мистерии
Бродови
Паранормално
Призрачен брод
Паранормални појави
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334286 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9B%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BC%D1%83%D1%80 | Невестата од Ламермур | <s>Невестата од Ламермур (анг: The Bride of Lammermoor) ― историски роман од Волтер Скот, објавен во 1819 година.</s><s>Дејството на романот се одвива на Ламермуршките Ридови во Југоисточна Шкотска, непосредно пред Актот за Унија од 1707 година (во првото издание), или кратко по Актот (во изданието од „Магнум“ од 1830 година).</s><s>Во романот се раскажува за трагичната љубовна врска помеѓу младата Луси Ештон и непријателот на нејзиното семејство Едгар Равенсвуд.</s><s>Скот навел дека се заснова на вистински настан.</s><s>Невестата од Ламермур и Легендата за Монтроуз биле зедно анонимно објавени како трет дел од серијата Приказни за мојот сопственик од Скот.</s><s>Врз основа на овој роман напишано е либретото за операта Лучија од Ламермур на Доницети од 1835 година.</s>
<s>Содржина
Романот ја раскажува трагичната љубов на Луси Ештон и Едгар, господарот од Равенсвуд.</s><s>На татко му му била одземена титулата затоа што го поддржал соборениот крал Џејмс VII.</s><s>Амбициозниот татко на Луси, Сер Вилијам Ештон, го купил нивниот имот во Равенсвуд.</s><s>Едгар чувствува омраза кон Сер Вилијам затоа што го узурпирал имотот на неговото семејство, но откако ќе се сретне со Луси, тој се заљубува во неа и се повлекува од неговите планови за одмазда.</s>
<s>Горделивата и манипулативна сопруга на Сер Вилијам, Лејди Ештон, е антагонист во романот.</s><s>Таа е одлучна да ја раскине свршувачката на Едгар и Луси и сака да ја натера Луси да склучи договорен брак со кој Лејди Ештон би имала повисок политички статус.</s><s>Лејди Ештон ги пресретнува писмата кои Едгар ѝ ги праќа на Луси и сака да ја натера на Луси да верува дека Едгар ја заборавил.</s><s>Едгар од Шкотска заминува во Франција.</s><s>Додека е отсутен, Лејди Ештон продолжува со своите манипулации.</s><s>Таа го убедува капетанот Вестењо на сите да им кажува дека Едгар ќе се ожени во Франција.</s><s>Лејди Ештон исто така ја ангажира и „мудрата жена“ Ејлси Гарли (претставена како вештерка); таа на Луси треба да ѝ покаже докази за неверството на Едгар.</s><s>Луси сè уште не попушта, таа бара Едгар да ѝ прати глас дека раскинал со неа; му пишува писмо.</s><s>Лејди Ештон не го праќа писмото од Луси и го доведува пречесниот Бајд за на верска основа да ја убеди Луси.</s><s>Но, Бајд ѝ помага на Луси да му испрати ново писмо на Едгар, но нема одговор.</s>
<s>Лејди Ештон конечно насилно ја приморува Луси да се омажи за Френсис, господарот од Бакло.</s><s>Едгар се враќа еден ден пред свадбата.</s><s>Откако ќе види дека Луси ги потпишала документите за брак со Френсис, тој се откажува од Луси, која едвај може да најде зборови.</s><s>Следниот ден се одржува свадбата, а потоа следува и прослава во Равенсвуд.</s><s>Додека гостите танцуваат, Луси во невестинската одаја со нож го прободува Френсис, и тој е тешко ранет.</s><s>Одеднаш на Луси ја фаќа лудило и таа умира.</s><s>Френсис закрепнува, но нејќе да каже што се случило.</s><s>Едгар присуствува на погребот на Луси.</s><s>Постариот брат на Луси, за смртта на Луси го обвинува Едгар, и го предизвикува на дуел.</s><s>Едгар, очаен, неволно се согласува.</s><s>Но, на пат кон местото закажано за дуел, Едгар паѓа во жив песок и умира.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Page on The Bride of Lammermoor at the Walter Scott Digital Archive</s>
<s>Романи од Волтер Скот
Историски романи
Романи со дејство во Шкотска
Статии со врски до проектот „Гутенберг“</s>
|
1334288 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%B0 | Четка | <s>Четка ― вообичаена алатка со влакна, жица или други филаменти.</s><s>Воглавно се состои од рачка или глава на која филаментите се прицврстени во напоредна или нормална ориентација, во зависност од начинот на кој четката треба да се фаќа за време на употребата.</s><s>Материјалот и на главата и на влакната или на нишките е избран за да ги издржи опасностите од неговата намена, како што се корозивни хемикалии, топлина или абразија.</s><s>Користена е за чистење, негување на коса, шминка, сликање, доработка на површини и за многу други намени.</s><s>Тоа е една од најосновните и најразновидните алатки што се користени денес, а просечното домаќинство може да содржи неколку десетици видови.</s>
<s>Историја
Кога првпат биле создадени куќите, сопствениците користеле гранки земени од грмушки за да ја исчистат нечистотијата, па така биле користени првите примитивни четки.</s><s>Во 1859 година, првата фабрика за четки во Соединетите Држави, била основана во Њујорк.</s>
<s>Производство
Вообичаен начин на поставување на влакната, нишките од четката, во главата во која филаментот е ставан со спојувач од средината во дупка со посебен двигател и се држи таму со притисокот врз сите ѕидовите на дупката и деловите од спојницата заковани на дното на дупката.</s><s>Спојницата може да биде заменета со еден вид сидро, што е парче правоаголна профилна жица што е закотвена на ѕидот на дупката, како кај повеќето четки за заби.</s><s>Друг начин за прицврстување на влакната на површината може да се најде во сплотена четка, во која наместо да се вметне во дупка, пластичното влакно се заварува на друга пластична површина, што дава можност да бидат користени различни дијаметри на влакната во истата четка.</s>
<s>Конфигурациите вклучуваат извиткана жица (на пр. четки за шишиња), цилиндри и дискови (со влакна раширени на едното лице или радијално).</s>
<s>По функција</s>
<s>Примена на материјалот</s>
<s>Дејството на таквите четки најчесто е од страните, а не од врвот, допирот со кој се ослободува материјалот што го држи капиларното дејство.</s>
<s>Форензичка четка за отпечатоци од прсти
Четка за позлатување
Четка за мастило
Четка за шминка
Четка за маскара
Четка за лак за нокти
Четка за сликање (ликовна уметност или украсување на куќа)
Четка за пециво
Четка за бричење
Четка за лак за чевли
Четка за тапет</s>
<s>Чешлање
Дејството на овие четки е повеќе слично на чешлање отколку на четкање, односно се користени за исправување и отплеткување на филаментите.</s><s>Сепак, одредени видови четки за коса се дизајнирани да го четкаат самиот скалп без материјал како што е мртвата кожа (првут) и да ја зајакнат кожата на скалпот.</s>
<s>Четка за тимарење
Четка за коса</s>
<s>Друго</s>
<s>Четка (електрична), што е користена на електрични мотори
Киселинска четка, опишана како составена од стаклени навои, во 1906 година
Киселинска четка, опишана како составена од коњско влакно држено во стеснета бакарна цевка, во 1922 година
Четка за облека или четка за влакненца
Магнетна четка
Медицинска четка за земање примероци
Четки за ударни чекани
Четка за точкарање (ниту нанесува, ниту отстранува материјал, туку само додава шема)</s>
<s>Чистење</s>
<s>Четките што се користени за чистење доаѓаат во различни големини, почнувајќи од дури и помали од онаа на четката за заби, до стандардната верзија за домаќинство придружена со тава за прашина, до четкики од 90 цм.</s><s>Постојат четки за чистење на ситни пукнатини и процепи и четки за чистење на огромни подови во складиштето.</s><s>Четките извршуваат мноштво задачи за чистење.</s><s>На пример, четките лесно ја бришат прашината од најситните делови, помагаат да бидат исчистени дамките од облеката и чевлите, ја отстрануваат нечистотијата од гумите и ги отстрануваат нечистотиите и остатоците што се наоѓаат на подот со помош на сад за прав.</s><s>Посебни четки се користени за различни активности од чистење зеленчук, како тоалетна четка, миење стакло, чистење плочки и како благ абразив за брусење.</s>
<s>Наводи</s>
<s>The Grove Encyclopedia of Materials and Techniques in Art, Џералд ВР Вард.</s><s>Oxford University Press, 2008 година.</s>
<s>Надворешни врски
Речник на поими за четка</s>
<s>Алати
Сликарски материјали
Козметика
Алати за чистење</s>
|
1334289 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B2%D0%BE%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0 | Двоична слика | <s>Двоична слика или бинарна слика () — цифрена слика што има само две можни вредности за секој пиксел.</s><s>Вообичаено, двете бои што се користат во двоичната слика се бела и црна, иако може да се користат кои било две бои.</s><s>Ова значи дека секој пиксел е зачуван како еден бит — т.е. 0 или 1. Имињата „црно-бело“, „Ц & Б“ или „еднобоен“ често се користат за оваа замисла, но исто така може да означи која било слика што има само еден примерок по пиксел, како што се сликите во сивата скала.</s><s>Во Фотошоп, двоичната слика е иста како и слика во режимот „Bitmap“ (растерска слика).</s><s>Двоичните слики можат да се толкуваат како подмножества на квадратната решетка Z2, а полето на морфолошка обработка на слики во голема мера бил вдахнат од овој став.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Chapter 2: Binary Image Processing__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__
Длабочина на боја
Цифрена геометрија
Обработка на слики</s>
|
1334293 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D0%BD%D0%BA%20%D0%A0%D0%B5%D1%98 | Линк Реј | <s>Линк Реј (англ.</s><s>Link Wray; 2 мај 1929 – 5 ноември 2005) ― влијателен американски гитарист, текстописец и пејач кој најголема популарност имал во доцните 1950-ти.</s><s>Неговите дела имале огромно влијание врз развојот на музичките правци гаражен рок, сурф-рок, хард-рок и на музиката за гитара воопшто.</s>
<s>Негово највлијателно дело е инструменталната композиција „Rumble“ од 1958 година која влегла во топ-20 во САД; ова била една од првите композиции во рок музиката во која се користеле дисторзија и тремоло.</s>
<s>Ролинг Стоун го рангирал Реј на 45-то место на нивната листа од 100 најдобри гитаристи на сите времиња.</s><s>Тој претходно двапати бил номиниран за внесување во Куќата на славата на рокенролот, а бил примен со Наградата за музичко влијание во 2023 година.</s>
<s>Живот
Фред Линколн „Линк“ Реј Џуниор е роден на 2 мај 1929 година, во Дан, Северна Каролина; по националност бил три четвртини Шони (Индијанец).</s><s>Детството го поминал во многу тешки услови, живеел во плитарки, без струја и греење, на училиште одел бос и парталав.</s><s>Тој рекол и дека неговото семејство било дискриминирано, а имало и моменти кога морале да се кријат од Кју Клукс Кланот.</s>
<s>Од 1942 до 1955 година Реј со своето семејство живеел во Портсмут во Вирџинија.</s><s>Таму тој ги основал неговите први групи: The Lucky Wray Band и The Palomino Ranch Gang.</s>
<s>Реј служел војска за време на Корејската војна (1950–53).</s><s>Се разболел од туберкулоза, и една година бил хоспитализиран.</s><s>За време на престојот во болница, лекарите му отстраниле едно белодробно крило, и предвидувале дека никогаш повеќе нема да може да пее.</s>
<s>Линк Реј од првите три брака, со Елизабет Канади Реј, Етел Тидвел Реј и Шерон Кол Реј, имал осум деца.</s><s>На почетокот од 1980-тите, Реј се преселил во Данска и се оженил со Олив Поулсен, која станала негов менаџер.</s>
<s>Реј починал од срцева слабост во Копенхаген, на 5 ноември 2005 година, на 76-годишна возраст.</s><s>Бил кремиран, а неговата пепел била закопана во криптата на христијанската црква во Копенхаген.</s>
<s>Музички стил и влијание
Музичкиот стил на Линк Реј во 1950-тите бил „мешавина од кантри и рокабили“.</s><s>Во 1960-тите се преориентирал кон гаражен рок под влијание на сурф-рок, во раните 1970-ти свирел свамп рок и кантри рок, а од доцните 70-ти свирел хард рок.</s>
<s>Реј се смета за изумител на квинтакордот.</s><s>Според Каб Кода од AllMusic, инструменталните композиции на Реј ја поставиле основата на „хеви-метал, треш и која сакаш речи ја“ музика.</s><s>Според Џереми Симондс, „Rumble“ помогнала за појавата на „панкот и хеви рокот“.</s>
<s>Делата на Линк Реј влијаеле на широк спектар на уметници.</s><s>Џими Пејџ рекол дека Линк Реј има „вистински бунтовнички став“, а во документарниот филм „Може да стане гласно“ (It Might Get Loud) рекол дека имал големо влијание за време на почетоците на неговата кариера.</s><s>Според Rolling Stone, Пит Тауншенд од The Who рекол: „Да не беа Линк Реј и Rumble, никогаш немаше да се фатам за гитара“.</s><s>Марк Е. Смит од „The Fall“ во својата автобиографија напишал: „Единствени луѓе на кои навистина се огледував беа Линк Реј и Иги Поп“.</s><s>Иги Поп и Нил Јанг исто така навеле дека Реј влијаел врз нивната работа.</s>
<s>Боб Дилан го споменува Реј во неговата песна „Sign Language“, која ја снимил во дует со Ерик Клептон во 1975 година.</s><s>По смртта на Линк Реј во 2005 година, Боб Дилан и Брус Спрингстин на свои посебни концерти ја извеле мелодијата „Rumble“ во знак на почит кон влијателниот музичар.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Rumble: The Indians Who Rocked the World
Link Wray's entry at the Rockabilly Hall of Fame Archived 2007-06-08 at the Wayback Machine
Perfect Sound Forever: Be Wild, Not Evil: The Link Wray Story
Mr. Guitar's City After Dark: Link Wray Obituary
Vernon Wray – features some unreleased Link photos Archived 2012-03-13 at the Wayback Machine</s>
<s>Починати во 2005 година
Родени во 1929 година
Американски гитаристи
Сурф музичари
Свамп рок музичари
Гаражен рок музичари
Починати во Копенхаген
Американски кантри рок музичари
Американски хард рок музичари</s>
|
1334299 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A3%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D0%B5%D0%BF%D0%B8%D1%85 | Удиралка за тепих | <s>Удиралка за тепих/килим (позната и како мавалка за тепих, тепалка за тепих, чистач на тепих) ― алатка за чистење на домот што е користена за удирање теписи со цел да биде истресена прашината и нечистотијата од нив.</s><s>Првично дизајнирана од Мелвил Р.</s><s>Бисел во 1876 година, таа била во вообичаена употреба додека правосмукалката станала широко достапна.</s>
<s>Типично направени од дрво, ратан, трска, плетен, пружински челик или свиткана жица, старинските ударалки станале многу да бидат собирани.</s><s>Современите масовно произведувани верзии можат да бидат пластични или жични.</s>
<s>Цел и дејство
Теписите, килимите, облеката, перничиња и постелнина биле закачувани на канап за алишта, ограда или посебна закачалка за тепих, а прашината и нечистотијата биле исфрлани од нив.</s><s>Некои луѓе претпочитале да удираат теписи во зима на снег, кога го положувале тепихот со лицето надолу и го удирале.</s><s>Овој метод имал некои предности, на пример, инсектите ќе замрзнат до смрт дури и ако не биле исфрлени преку удирањето, но остави валкана и непријатна дамка на снегот, и затоа некои заедници забранувале удирање на снег од естетски причини.</s><s>Друг начин е да биде нанесен малку снег над тепихот.</s><s>На овој начин е фатена прашината, но снегот не се крева во воздухот.[потребен е цитат]</s>
<s>Неговата употреба во чистењето во голема мера била заменета од 1950-тите со механичките метларки за теписи, а потоа и правосмукалката, иако тие сè уште се продавани во многу продавници за домаќинства низ Европа.</s>
<s>Една уриралка може да биде користина и за удирање на прашината од софите, футоните, итн.[потребен е цитат]</s>
<s>Наводи</s>
<s>Алати за чистење
Замавнување</s>
|
1334300 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D1%82%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B0 | Отстранувач на влакненца | <s>Валјак против влакненца или валјак за облека или отстранувач на влакненца ― рачен валјак од еднострана леплива хартија на картонска или пластично буре што е поставено на средишно вретено, со прицврстена рачка.</s><s>Уредот го олеснува отстранувањето на влакненцата или други мали влакна од повеќето материјали како облека, тапацир и постелнина.</s><s>Откако ќе се потроши, свитокот обично може да биде заменет со нов свиток.</s><s>Измислен во 1956 година од Николас Мекеј Постариот, неговиот најпознат (и прв комерцијален) производ бил Lint Pic-Up, првиот валјак против влакненца во светот.</s>
<s>Валјаците против влакненца за повеќекратна употреба користат еластомери, вклучувајќи силикони и полистирен-етилен-бутилен-стирен како леплива површина за повеќекратна употреба.</s><s>Материјалот е сличен на полимерите што се користени во играчките за одење како што е Wacky WallWalker.</s>
<s>Дизајнот на валјакот овозможува брзо вртење од 360 степени, што го олеснува лесното отстранување на влакната не се видливи (често животински влакна).</s><s>Валјаци против влакненца може да бидат купени во многу големини, од продавници за миленичиња, супермаркети и на семрежјето.</s>
<s>Производот е општокористен меѓу сопствениците на кучиња и мачки, бидејќи исто така ќе ги отстрани влакната од кучето и мачката од ткаенини, теписи итн.</s>
<s>Сличен уред, четката за влакненца користи платнена перница поставена на рачка, која кога ќе се трие на еден начин преку ткаенината што треба да биде исчистена, ги собира малите влакна.</s><s>Со менување на правецот на движење низ ткаенината или со отстранување на вишокот влакна, можно е да се исчисти четката за влакненца.</s><s>Некои четки за влакненца се двострани за да се овозможи четката да се користи во двете насоки и да се прошири употребата на четката со ограничување на абењето.</s>
<s>Поврзано</s>
<s>Влакно (отпаден материјал)
Список на алатки за чистење
Николас Мекеј</s>
<s>Наводи</s>
<s>Американски пронајдоци
Алати за чистење</s>
|
1334314 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D0%BD%D0%B8%20%D0%A8%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 | Тони Шулевски | <s>Тони Шулевски ( во — во ) — македонски балетски играч.</s>
<s>Тони бил играч со особено изразена музикалност, буен темперамент и драмска надареност.</s>
<s>Животопис</s>
<s>Завршил Средно балетско училиште во Скопје во класата на Нина Кирсанова.</s><s>Играл во Балетскиот ансамбл на МНТ во периодот 1949-1980, каде што станува еден од најистакнатите првенци.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Македонски балетани</s>
|
1334320 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%8F%D0%BE%D0%B3%D0%B5%D1%80 | Џогер | <s>Џогер — сноп од крупни реси или предиво, итн., или парче ткаенина, сунѓер или друг впивателен материјал, прикачен на долга рачка.</s><s>Се користи за впивање течност, за чистење на подови и други површини, за чистење прашина или за други начини за чистење.</s>
<s>Историја
Англискиот збор за џогер „mop“ се појавил уште во 1496 година, но одвреме-навреме биле воведувани нови усовршувања и варијации на дизајнот на џогерот.</s><s>На пример, американскиот пронаоѓач Џејкоб Хау го добил американскиот патент #241 за држач за џогер во 1837 година, Томас В. Стјуарт (американски патент #499,402) во 1893 година</s>
<s>Видови</s>
<s>Постојат се многу различни дизајни, но класичниот дизајн на џогери со реси е исто така широко користен.</s>
<s>Сув џогер, џогер за прашина
Сув џогер или џогер за прашина е дизајниран да собира суви, лабави валканици како прашина, земја и песок од површината на подот.</s><s>Се состои од реси и/или микрофибер и може да се користи како прв чекор при чистење на под.</s>
<s>Професионалните суви џогери се состојат од рамен лист текстил од микрофибер или листови со букле, обично околу широки околу 15 см, и доаѓа во променливи должини (обично 30-100 см).</s>
<s>Сувиот џогер може во многу случаи да ја замени метлата и има способност да држи ограничена количина прашина, песок и други остатоци на себе.</s><s>Главите на сувите џогери често се отстранливи и може да се мијат и заменат кога се полни со прашина.</s><s>Друга можност е користење правосмукалка за смукање на површинската прашина од џогерот, сепак, ова е многу понеефикасно.</s>
<s>Сувите џогери за еднократна употреба се исто така достапни на пазарот и нашироко се продаваат.</s>
<s>Влажен џогер
Влажен џогер се користи при професионално чистење и како втор чекор при чистењето на површината.</s><s>Влажната крпа се влече по површината за да раствори и впие масти, кал и исушени течни валканици.</s><s>Професионалните влажни џогери се состојат од рамен лист текстил од микрофибер или лист со површина од букле (што може да содржи и микрофибер), обично широки околу 15 см, и има различни должини (обично 30-100 см ).</s>
<s>Џогер со претходно навлажнување</s>
<s>Професионалните рамни џогери се направени за претходно навлажнување.</s><s>Џогерите се претходно навлажнети со идеална количина на вода измешана со соодветна количина средство чистење (детергент).</s><s>Ова значи дека лицето кое чисти не треба да носи дополнителна вода во количката за чистење.</s><s>Оваа идеална количина често ја препорачува производителот во однос на тежинскиот процент на вода по тежина на сув џогер, на пример „175% вода по тежина на сува крпа“.</s>
<s>Џогерите со претходно навлажнување се рамни текстилни крпи (често микрофибер), обично широки околу 15 см и имаат променливи должини (обично 20-100 см).</s><s>Џогерите со претходно навлажнување се прицврстуваат на рачка со рамна подлога.</s>
<s>Претходното навлажнување може да се направи со специјална машина за перење, или рачно со едноставно превиткување и цврсто пакување на џогерите во сад и турање на измерената количина вода врз нив.</s><s>На џогерите потоа ќе им требаат околу 5-10 минути за течноста да се распореди рамномерно во нивниот материјал пред да се употребат.</s><s>Ова нуди некои предности:</s>
<s>Лицето што чисти не мора да носи тешка кофа со вода кога го брише подот, туку едноставно носи соодветен број џогери.</s><s>Ова значи дека тежината на опремата често може да се одржува помала.</s><s>Ризикот од претерано мокрење на подот и оставање барички е намален.</s>
<s>Топол џогер
Концептот на топлиот џогер (или џогер на пареа) е сличен на концептот на пеглата на пареа.</s><s>По додавањето вода, водата се загрева за да се испрска на подот, кој потоа може да се исчисти без да се користи растворувач за чистење.</s><s>Овие џогери најдобро можат да работат на површини каде што би се користел обичен џогер, како што се голи подови, огништа и ламинат.</s>
<s>Џогер со микрофибер
Микрофибер џогерите се конструирани од мешавина од полиестерски и полиамидни влакна кои се „поделени“ и формирани во едно влакно.</s><s>Оваа мешавина се состои од 70-90% полиестер кој служи како влакно за триење и чистење, и 10-30% полиамид кој делува како материјал за држење и брзо сушење.</s><s>Оваа мешавина обично се изразува како сооднос на етикетата на џогерот, на пр. мешавина од 80% полиестер и 20% полиамид ќе биде означена како „80/20“.</s>
<s>Џогер со сунѓер</s>
<s>Главите за сунѓерести џогери се направени со блок целулозна, гумена или пластична пена, обично прицврстена на метална шипка од едната страна.</s><s>Понекогаш, главата на сунѓерестите џогер може да биде покриена со крпа или мрежа, за да се подобри нејзината отпорност на абење од силно триење.</s>
<s>Сунѓерот потоа е прикачен со механизам на рачка што може да ја стега главата на џогерот, со помош на валјаци или друг сличен механизам.</s><s>За сунѓерести џогери за широка потрошувачка, механизмот за џогерот може да биде направен или од пластика или од метал.</s><s>За професионална употреба, механизмот обично се изработува од метал отпорен на корозија, како што е нерѓосувачки челик, а главата на џогерот најчесто е гумена или од врвна пластична пена.</s>
<s>За средини во чиста просторија, се претпочитаат рачка и механизам од не'рѓосувачки челик, заедно со глава за џогер направена од пена која е формулирана да го минимизира фрлањето на мали честички.</s><s>За употреба во микробиолошки лаборатории, џогерите се направени од материјали кои можат да се стерилизираат со автоклав или со третман со етилен оксид.</s>
<s>Платнен џогер
Платнениот џогер е едноставна дрвена рачка во облик на Т, околу која е завиткана цврста платнена крпа.</s><s>Неговите предности се ниската цена и лесната замена на главата на џогерот, која едноставно може да се измие со рака или да се стави во машина за перење.</s>
<s>Рачки и монтирање
Рачката за џогер се состои од долго парче дрво или метална цевка опремена со специфичен додаток за главата за џогер.</s><s>Рачката може да се закачи на главата за џогер со помош на:</s>
<s>стегач
закачалка (со прамени двојно над закачалката)
пластични канџи (прикачени на жиците)
торбичка (како и кај многу професионални рамни џогери)
зашрафување (како со класичниот џогер за предиво)
Велкро (како и кај многу професионални рамни џогери)</s>
<s>Галерија</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Покуќнина
Алати за чистење</s>
|
1334321 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%20%D0%A8%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 | Марко Шулајковски | <s>Марко Шулајковски ( во — во ) — македонски учесник во НОБ.</s>
<s>Животопис</s>
<s>Завршил средно образование во Скопје и потоа се вратил во Дебар, каде што станал член на Комунистичката партија на Југославија во 1941 година.</s><s>Бил провален, уапсен и спроведен во затворот во Тирана во периодот 1942-1943.</s><s>По излегувањето од затворот бил борец во Втората албанска бригада.</s>
<s>Во Народноослободителната војска на Македонија извршувал разни воено-партиски должности.</s><s>По завршувањето на Втората светска војна, бил на служба во Македонија и во Србија.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Македонски партизани</s>
|
1334324 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D0%BD%20%D0%A8%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B8 | Рамадан Шукри | <s>Рамадан Шукри ( во ) — македонски контрабасист и диригент.</s>
<s>Животопис</s>
<s>Своето музичко образование го оформува во Битола и во Скопје.</s>
<s>Водач на групата контрабаси во оркестарот на Македонската опера и балет.</s>
<s>Работејќи со повеќе мандолински оркестри на основните училишта во Скопје, постигнува значајни резултати, а по негова иницијатива во 1981 година е основан Мандолинскиот оркестар при МКЦ.</s><s>Со овој оркестар Шукри постигнува големи успеси, надминувајќи го аматерското музицирање, а тоа го потврдуваат добиените награди и признанија во земјата и во странство.</s><s>Заедно со Ерхан Шукри во 2001 година го основал Мандолинскиот оркестар „Скопје“, кој за кратко време постинал значајни резултати, гостувајќи на фестивали низ цела Европа.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Македонски контрабасисти
Македонски диригенти</s>
|
1334326 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Tonikaku%20Kawaii%3A%20Fly%20Me%20to%20the%20Moon | Tonikaku Kawaii: Fly Me to the Moon | <s>Tonikaku Kawaii: Fly Me to the Moon (буквално: Убавица: Однеси ме на Месечината; , букв.</s><s>Во секој случај, слатка е), позната и како Tonikawa: Over the Moon for You, на македонски постои неофицијален превод под насловот Мојата слатка жена — манга од Кенџиро Хата, објавена во списанието Weekly Shonen Sunday од 14 февруари 2018 г. Нејзината аниме-адаптација се емитувала од октомври до декември 2020 г. на Tokyo MX и некои други ТВ-канали.</s><s>Во 2021 г., аниме-адаптацијата на мангата ја освоила наградата „Crunchyroll Anime Awards“ во категоријата „Најдобар пар“.</s><s>Втората сезона била премиерно прикажана во април 2023 г. Приказната се врти околу младиот гениј Наса Јузаки и неговиот развој на врската со неговата нова сопруга Цукаса, која го спасува од сообраќајка на почетокот на приказната.</s>
<s>Содржина
Во една снеговита зимска ноќ, Наса Јузаки, момче што го исмевале во детството поради неговото чудно име, наидува на една привлечна девојка откако ги добил оценките од практичниот испит за гимназија.</s><s>Кога се обидува да ѝ пријде, го удира камион поради невнимание.</s><s>Меѓутоа, девојката го спасува, а Наса за чудо ја следи до автобуска постојка и продолжува да ѝ ја признава љубовта.</s><s>Девојката, Цукаса Цукујоми, се согласува да биде со него, но само ако прво се венчаат.</s><s>Наса брзо се согласува со нејзиното барање, а потоа се онесвестува, будејќи се во болница.</s><s>Наса станува разбиен кога не може повторно да ја најде, сѐ до неговиот 18-ти роденден, каде Цукаса ненадејно се појавува на неговиот праг.</s><s>Цукаса влегува внатре со договор за брак, започнувајќи ја нивната врска и брак.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>Манга
Аниме
Манга од 2018 година
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334330 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Hori-san%20to%20Miyamura-kun | Hori-san to Miyamura-kun | <s>Hori-san to Miyamura-kun (, буквално: Хори и Мијамура) — семрежна манга создадена од Хироки Адачи под псевдонимот Херо.</s><s>Првично, од февруари 2007 до декември 2011 г. била објавена во форматот јонкома на мрежното место на авторот — Dokkai Ahen.</s><s>Подоцна била објавена од Square Enix во 10 тома под отпечатокот Gangan Comics од 22 октомври 2008 до 28 декември 2011 г. Дополнителни приказни биле објавени под општиот наслов Hori-san to Miyamura-kun Omake (јап. 堀さんと宮村くん おまけ).</s><s>Од 2012 г., сериите OVA се објавени врз основа на мангата.</s>
<s>Од 2011 г., Даисуке Хагивара ја адаптирал мангата под надзор на Херо.</s><s>Неговото дело е објавено под насловот Horimiya (јап. ホリミヤ, споено од имињата Хори и Мијамура) во списанието Monthly G Fantasy.</s><s>Аниме-адаптација на Horimiya била создадена од CloverWorks, а серијата била премиерно прикажана во јануари 2021 г. Била создадена и втора аниме-серија, насловена Horimiya: The Missing Pieces, која се емитувала од јули до септември 2023 г.</s>
<s>Содржина
Приказната се врти околу двајца средношколци — Кјоко Хори, умна и популарна ученичка, и нејзиниот соученик Изуми Мијамура — мрачно и навидум затворено момче со очила.</s><s>Надвор од училиште, Хори е домашарка, која се грижи за куќата и за нејзиниот помлад брат Сота.</s><s>Таа настојчиво пробува да го скрие тоа од своите соученици, за да не ја наруши нејзината друштвена положба и да не предизвика загриженост кај другите.</s><s>Еден ден, Сота доаѓа дома со крварење од носот.</s><s>Тој е придружен од момче со бројни пирсови и тетоважи и се претставува како Мијамура.</s><s>Хори одвај го препознава.</s><s>Тие одлучуваат да ја кријат својата вистинска самоличност од своите врсници.</s><s>Меѓутоа, со текот на времето, кога двајцата почнуваат да учат повеќе еден за друг, дознаваат дека имаат повеќе заедничко отколку што првично мислеле.</s><s>Заедно, тие решаваат да си помагаат еден на друг да ја чуваат во тајност нивната самоличност после училиште.</s><s>Како што минува времето, двајцата стануваат сѐ поблиски и поблиски.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Hori-san to Miyamura-kun webcomic
Official Horimiya manga website
Official anime website</s>
<s>Аниме
Манга
Gonzo
OVA
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334335 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D1%80%D1%87%D0%BE%20%D0%91%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 | Кирчо Божиновски | <s>Кирчо Божиноски (р. , ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.</s>
<s>Кирчо својата кариера како глумец ја почнал во 1950 година во Македонски народен театар во Скопје, после неколку години преминува во Драмски театар - Скопје каде останал се до неговото пензионирање.</s>
<s>Филмографија
Божиновски ги остварил следниве филмски улоги:
1967: Македонска крвава свадба
1969: Време без војна
1972: Истрел
1980: Учителот
1981: Црвениот коњ
1981: Двојка
1982: Илинден
1986: Среќна нова '49
1989: Еурека
1995: Ангели на отпад</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Македонски глумци
Македонски театарски глумци
Македонски филмски глумци
Македонски телевизиски глумци
Југословенски глумци</s>
|
1334336 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Тајната интеграција | <s>„Тајната интеграција“ — збирка раскази на американскиот писател Томас Пинчон.</s><s>Збирката е објавена во 2004 година од издавачката куќа Темплум и претставува скратено издание (без расказот „Ситниот дожд“) на збирката „Бавниот ученик“ (Slow learner) од 1984 година.</s><s>Преводот е дело на Никола Гелевски и Жарко Јордановски.</s>
<s>Технички податоци
Книгата е објавена како 21 книга на библиотеката „Магма“.</s><s>Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 191 страница.</s><s>Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-45-3. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Точка“, а книгата е испечатена во печатницата „Винсент графика“.</s><s>Автор на сликата на корицата е Гада Амер, а на задната корица се наоѓа мал осврт кон авторот.</s>
<s>Содржина
Збирката содржи четири раскази:
Ентропија: Во февруари 1957 година, Митбол Малиген веќе два дена прави забава во својот стан во Вашингтон.</s><s>Меѓу другите, на забавата е присутен неговиот другар Калисто, кој во прегратката држи птица со намера да ја стопли.</s><s>По некое време, во станот доаѓа уште еден пријател на Митбол — Сол, кого го напуштила сопругата по една кавга.</s><s>Наскоро, во станот влегува и група морнари кои слушнале дека тука се одвива добра забава.</s><s>По некое време, морнарите започнуваат тепачка, но Митбол успева некако да ги смири присутните.</s><s>Најпосле, птицата на Калисто умира, а неговата девојка Обад со рака го крши прозорското стакло.</s><s>Под розата: Парпентајн е англиски шпион на задача во Александрија, кој е во постојана борба со противничкиот шпион Молдверп кој работи за германската влада.</s><s>Неговиот колега Гудфелоу го запознава со девојката Викторија Рен, со нејзиниот татко и сестра ѝ, а наскоро го запознава и археологот Бонго-Шафтсбери.</s><s>Утредента, сите заминуваат со воз за Каиро, каде Гудфелоу и Викторија стапуваат во љубовна врска.</s><s>Во театарот, Парпентајн открива дека Бонго-Шафтсбери е еден противничките шпиони.</s><s>Притоа, Парпентајн и Гудфелоу се уапсени, но тие лесно ги онеспособуваат полицајците и се враќаат во театарот, каде Парпентајн пука кон шпионите.</s><s>Таму, тој го среќава шефот на противничките шпиони — Молдверп, кој заедно со Бонго-Шафтсбери и друг шпион бега од театарот.</s><s>Тогаш, Парпентајн и Гудфелоу тргнуваат во потера по нив, а патем им се придружува и Викторија.</s><s>Потерата завршува кај Кеопсовата пирамида, каде Парпентајн се соочува со противничките шпиони кои го убиваат, додека на Гудфелоу и Викторија им дозволуваат да си заминат.</s><s>Шеснаесет години подоцна, поради предупредувањето дека е можен атентат врз престолонаследникот Франц Фердинанд, Гудфелоу доаѓа во Сараево со цел да ја спречи катастрофата што му се заканува на светот.</s><s>Нозоземје: Еден ден, Денис Фленџ решава да не оди на работа, туку да го помине денот во друштво на ѓубреџијата Роко со кого слушаат музика и пијат.</s><s>Тој е веќе седум години во брак со Синди, а живеат на морскиот брег во Лонг Ајленд.</s><s>Денис редовно го посетува својот психијатар, а единствената утеха му е морето при што во текот на три години служел на еден воен брод.</s><s>Кога на вратата се појавува неговиот стар другар Пиг Бодајн, Синди ги брка тројцата надвор од куќата и Роко ги носи на градскиот отпад кај својот пријател, чуварот Болингброун, кој ги прима Денис и Пиг да преспијат.</s><s>Ноќта, тие пијат и раскажуваат приказни, а доцна во ноќта Денис го буди непознат женски глас.</s><s>Тој излегува надвор и ја среќава Нериса, Циганка која е висока само еден метар.</s><s>Таа го води со себе низ отпадот, па низ подземни ходници и така пристигаат до нејзиниот дом, каде живее со еден стаорец.</s><s>Нериса го моли да остане со неа, а Денис прифаќа.</s><s>Тајната интеграција: Тим Сантора, Гровер Шуд, Хоган и Етјен се четири деца кои имаат тајна дружина.</s><s>Еден дождлив октомвриски ден, тие се собираат кај Гровер, кој е најстарото и најумното дете, каде се договараат за Операцијата Спартак, а потоа одат надвор до градот, во големата напуштена куќа која им служи како скривалиште.</s><s>Од таму, Тим и Хоган одат во хотелот за да му помогнат на еден алкохоличар-Црнец, господинот Мекејф.</s><s>Додека тие разговараат со него, во хотелската соба пристигаат и Гровер и Етјен и сите го убедуваат да се откаже од пиењето.</s><s>Него го фаќа криза и ги замолува децата да ѝ телефонираат на Џил, жената со која живеел во минатото, но тогаш во собата доаѓаат двајца полицајци кои го притвораат Мекејф како скитник.</s><s>По неколку дена, дружината собира повеќе деца со маски и ги заедно ги плашат патниците на еден воз.</s><s>Летото, во нивната населба се доселува црнечко семејство, а нивните родители негодуваат против тоа, додека дружината на Тим другарува со измисленото црно другарче Карл.</s><s>Еден ден, родителите на децата го фрлаат отпадот пред куќата на црните соседи, а децата стануваат свесни за расната нетрпеливост.</s>
<s>Осврт кон делото
Во поговорот кон збирката „Бавниот ученик“, Пинчон соопштува дека повеќето од расказите биле напишани во 1958-1960 година, додека тој бил студент, додека расказот „Тајната интеграција“ го напишал во 1964 година, кога веќе бил зрел писател.</s><s>Според неговото признание, кога повторно ги прочитал своите први раскази, тој извикал: „О, боже!“, проследено со физички симптоми, а потоа помислил одново да ги напише расказите.</s><s>Тој ги предупредува читателите дека расказите се претенциозни и приглупи и дека во нив има многу почетнички и здодевни пасуси, па така, нивната корист се состои во тоа што можат да послужат како илустрација типичните почетнички проблеми при пишувањето проза и како предупредување за некои пропусти што треба да ги избегнуваат младите писатели.</s><s>На пример, неговите адолесцентски сфаќања за вредностите го уништиле симпатичниот лик на Денис Фленџ во „Низоземје“, кој повеќе е скица за лик отколку расказ.</s><s>Бидејќи во тоа време Пинчон немал брачно и родителско искуство, во ликот на Фленџ тој ги одразил тогашните машки сфаќања застапени во списанието „Плејбој“.</s><s>Според Пинчон, расказот воопшто не требало да биде приказна за Фленџ, кој бил замислен како спореден лик, а главниот лик требало да биде Пиг Бодајн, насликан според вистински морнар од времето кога Пинчон служел во американската воена морнарица.</s><s>Притоа, одбивното ниво на прото-фашизам, расизам и вулгарност со кое се одликува ликот на Бодајн, всушност, ги одразува тогашните ставови на Пинчон.</s><s>Незадоволството на Пинчон уште повеќе се однесува на расказот „Ентропија“, кој го нарекува пример за процедурална грешка на писателите-почетници.</s><s>Темата во овој расказ е преземена од книгите „Човечката употреба на човечките суштества“ на Норберт Винер и „Образованието на Хенри Адамс“.</s><s>Според признанието на авторот, и во овој расказ ликовите испаднале вештачки и недоволно живи, а освен тоа, расказот е преопширен со голем број непотребни зборови преземени од разни лексикони за кои верувал дека ќе предизвикаат ефект, иако не знаел што значат.</s><s>Главниот извор на информации за Египет, искористени во расказот „Под розата“, бил туристичкиот водич на Бедекер од 1899 година, кој Пинчон го пронашол во библиотеката на Универзитетот Корнел.</s><s>Според него, и во овој расказ е присутен истиот проблем како во „Ентропија“ — почнување со нешто апстрактно, а дури потоа развивање на ликовите и на содржината, така што и овој расказ претставува само почетнички обид.</s><s>При неговото пишување Пинчон бил под големо влијание на Џон Бакен, Едмунд Вилсон, Макијавели и неколку други автори.</s><s>Според признанието на Пинчон, освен со бледата добронамерност, овој расказ не му е толку здодевен како претходните раскази, зашто во него ликовите се подобри и не се толку вкочанети, иако останува проблемот со дијалозите, полни со стереотипни и неавтентични „духовити“ изрази.</s><s>Името на главниот лик Порпентајн е преземен од „Хамлет“, а уште едно влијание е она на надреализмот.</s><s>Најпосле, Пинчон признава дека расказот „Тајната интеграција“ повеќе му се допаѓа токолку што не му се допаѓа, иако и тој се одликува со произволно компонирани сцени со нееднаков квалитет.</s><s>Исто така, во расказот има повеќе непотребни надреалистички делови.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Дела на Томас Пинчон
Изданија на Темплум
Книги од 2004 година
Американски раскази
Појавено во 2004 година во Македонија</s>
|
1334337 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%9D%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9F%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0 | План на ОН за поделба на Палестина | <s>План на Обединетите нации за поделба на Палестина — предлог на Обединетите нации, кои предложиле поделба на Палестина по завршувањето на британскиот мандат.</s><s>На 29 ноември 1947 г., Генералното собрание на ОН го усвоило планот како Резолуција 181 (II).</s>
<s>Со резолуцијата било предвидено создавање на арапска и еврејска држава и посебен меѓународен режим за градот Ерусалим.</s><s>Планот за поделба, документ од четири дела приложен кон резолуцијата, предвидувал прекин на британскиот мандат, прогресивно повлекување на Британските вооружени сили и демаркација на границата помеѓу двете држави и Ерусалим.</s>
<s>Предложениот план се сметал за проционистички од неговите противници, со тоа што 62 % од земјата би била доделена на еврејската држава и покрај тоа што палестинското арапско население броело двојно повеќе од еврејското.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>UN Resolution 181 (II) A: Future government of Palestine
Text of the Resolution at undocs.org
Full text of report of Sub-Committee 2 with all appendices, tables and maps
JFK in Support of Partition, 1948</s>
<s>__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
<s>Резолуции на Обединетите Нации</s>
|
1334379 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%9F%D0%BE%D1%80 | Миџор | <s>Миџор () или Миџур () — врв на Стара Планина, на границата помеѓу Бугарија и Србија.</s><s>Со 2.169 м претставува највисок врв во потесна Србија и втор по висина ако се брои Косово.</s>
<s>Во Бугарија
Во Бугарија врвот се нарекува Муџур.</s>
<s>Од почетокот на 1990-тите врвот е достапен за туристи од обете страни; претходно бил забранет како гранично место.</s><s>Поради овие ограничувања, природата е доста зачувана.</s><s>Од бугарска страна, до врвот се стасува преку селата Чупрене и Горни Лом во областа Видин.</s>
<s>Чупрене
Од Чупрене постојат два правца за искачување.</s><s>Еден е земјен пат долж Чупренска Река до планинарскиот дом „Горски рај“ (1.450 м), долга 17 км, а другиот е планинарска патека долга 9 км која ја следи Манастирска Река.</s>
<s>Од планинарскиот дом води обележана патека која минува низ биосферен резерват и води до главниот врв на седло меѓу врвовите Репљанска Црква (1.969 м) и Остра Чука (1.967 м).</s><s>На југоисток низ врвовите Остра Чука и Оба (2.033 м) патеката доаѓа до седло од кое истекуваат реките Лом и Трговишки Тимок на граничниот камен 336.</s><s>Одовде врвот се искачува по северозападната падина.</s>
<s>Горни Лом
На 7 км од селото Горни Лом се наоѓа планинарскиот дом „Горни Лом“ (840 м).</s><s>Има и друг дом спротиводно, наречен „Миџур“.</s><s>Оттаму има стрмни патеки кои водат до седлото помеѓу Оба и Миџор кај граничниот камен 336 од каде излегуваат патеките за двете села.</s>
<s>Стопанство
Изворот на реката Лом се наоѓа во подножјето на врвот.</s><s>Тука има каскади на неколку мали хидроцентрали.</s><s>Биосферниот резерват „Чупрене“, заштитен од УНЕСКО, е расположен западно од врвот.</s><s>Ова е едно од последните места во Бугарија кајшто се гнезди тетребот.</s>
<s>Бо Србија
Во Србија врвот се нарекува Миџор.</s>
<s>Крајниот врв на западната планина е северно од селото Топли Дол, сместен во средиштето на српскиот дел на Стара Планина, помеѓу Три Чуке (1.936 м) на југоисточната страна и Бабин Зуб (1.758 м) на југозападната.</s><s>Масивот на Миџор е значителен.</s><s>Неговите западни, источни и јужни падини се тревнати и не се многу стрмни; северната е карпеста и многу стрмна.</s><s>Оваа страна се смета за најпривлечна и ужива популарност меѓу искачувачите на карпи.</s>
<s>На една од падините е сместен хотелот „Бабин зуб“.</s><s>Пристапот до српскиот дел на Стара Планина е слободен, без наплати и дозволи.</s>
<s>Галерија</s>
<s>Поврзано
Стара Планина</s>
<s>Белешки</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Миџор на SummitPost
Миџор на Peakbagger</s>
<s>Планини во Србија
Планини во Бугарија
Стара Планина
Бугарско-српска граница
Меѓународни планини во Европа
Видин (област)
Пиротски Округ
Највисоки точки на земјите</s>
|
1334387 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B0%D0%B2%20%D0%93%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D1%82 | Јоав Галант | <s>Јоав Галант (; роден на 8 ноември 1958) — израелски политичар и поранешен воен офицер.</s><s>Член на Кнесетот од Ликуд, тој ја извршува должноста министер за одбрана од 2022 година.</s><s>Галант е поранешен командант на Јужната команда во Израелските одбранбени сили.</s><s>Во јануари 2015 година, тој влегол во политиката, приклучувајќи се на новата партија Кулану.</s><s>Откако бил избран во Кнесетот, тој бил назначен за министер за градежништво.</s><s>На крајот на 2018 г. се приклучил на Ликуд.</s><s>Галант претходно бил и министер за Алија и интеграција и министер за образование.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>Израелски политичари
Родени во 1958 година</s>
|
1334397 | https://mk.wikipedia.org/wiki/The%20Prodigy | The Prodigy | <s>The Prodigy (македонска транскрипција: Продиџи)— англиска електронска-денс музичка група основана во Брејнтри, Есекс, во 1990 година.</s><s>Првата постава на групата ја сочинувале: продуцентот, клавијатурист и текстописец Лијам Хаулет, танчерот и пејач Кит Флинт, танчерот и повремен клавијатурист Лирој Торнхил, танчерката Шарки и MC и пејачот Максим.</s><s>Тие се пионери на биг-бит жанрот, а нивниот стил го опишуваат како електронски панк.</s>
<s>Продиџи се една од најуспешните електронски групи на сите времиња, со продадени околу 25 милиони плочи ширум светот.</s><s>AllMusic ги опишала како „прв денс изведувач за алтернативната публика“ и како „Кумови на рејвот“.</s><s>The Prodigy освоиле многу награди за време на нивната кариера, меѓу кои и две Британски музички награди за најдобар британски денс изведувач, три МТВ Видео Музички Награди, две Kerrang! награди, пет награди на MTV Europe и двa пати биле номинирани за Греми награда.</s>
<s>Историја</s>
<s>Основање и први изданија (1990-1991)
На една од многуте забави каде Хаулет бил диџеј, му пришле танчерот Лирој Торнхил (роден на 8 октомври 1969 година) и неговиот пријател Кит Флинт.</s><s>Двајцата биле возбудени од музиката на Хаулет и од него побарале да им направи лента со миксови; Хаулет им направил касета со диџеј миксови на едната страна и негови песни од другата страна.</s><s>Хаулет на касетата го напишал зборот „Prodigy“, што се однесувало на синтисајзерот Moog Prodigy кој го користел за правење дел од музиката.</s><s>Флинт и Торнхил биле воодушевени од касетата и кон музиката додале нови танцови секвенци, а на Хаулет му предложиле да основаат заедничка група.</s><s>Одлучиле The Prodigy да биде име на групата и го ангажирале четвртиот член на групата, танчерката и пејачка Шарки која била пријателка на Флинт; групата официјално била основана на 5 октомври 1990 година.</s>
<s>Првата свирка ја имале во февруари 1991 година во клубот The Four Aces (тогашен Labrynth) во Далстон (Источен Лондон).</s><s>Свирката ја организирал Зиги, локален промотер кој станал нивен прв менаџер.</s><s>Непосредно пред концертот, членовите на групата се сретнале со раперот и MC Maxim.</s><s>Бидејќи сè уште им требал MC, го повикале Максим да ѝ се придружи на групата.</s>
<s>Набргу по нивното деби во живо, Хаулет завршил демо-лента со 10 песни и ја пратил во Tam Tam Records со надеж дека ќе им биде понуден договор за снимање, но биле одбиени.</s><s>Потоа демо лентата ја пратил во XL Recordings кои потпишале договор со групата за издавање на четири синглови.</s><s>Во февруари 1991 година, Prodigy го објавиле нивното прво официјално издание, EP-то What Evil Lurks, на кое имало четири песни од демото на Хаулет.</s><s>Набргу по потпишувањето со XL Records, Шарки повеќе не можела да се посвети на групата и си заминала.</s>
<s>Во август 1991 година, The Prodigy го објавиле својот прв сингл „Charly“, во кој биле вметнати дијалози од анимираната серија Charley Says.</s><s>Синглот станал хит на рејв-сцената, и стигнал до прво место на топ-листата за денс синглови во Обединетото кралство и трето место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство, со што групата се здобила со поголемо внимание од јавноста.</s><s>Нивниот втор сингл, "Everybody in the Place (Fairground Edit)", бил објавен во декември 1991 година.</s><s>Се искачил на второ место во ОК, веднаш зад повторното објавената „Bohemian Rhapsody“ од Queen по смртта на нивниот пејач Фреди Меркјури.</s>
<s>Experience и Music for the Jilted Generation (1992–1995)
Во 1991 и 1992 година, Хаулет го снимал нивниот прв целосен студиски албум Experience.</s><s>Хаулет, инспириран од Пинк Флојд, прво сакал да направи „рејв концепциски албум“, носе откажал од идејата поради ризикот од ограничување на неговите музички идеи.</s><s>Албумот бил објавен во септември 1992 година, и се продал во преку 300.000 примероци.</s><s>Овој албум се смета за значајно издание во британската рејв музика и бил влијателен за американскиот диџеј и музичар Моби.</s>
<s>Хаулет објавил анонимна винил плоча, носејќи ги само насловите „Earthbound I“ и „Earthbound 2“, а во септември 1993 година песните биле официјално објавени како „One Love“ и „Full Throttle“ и стигнале до 8-мо место во ОК.</s><s>Во тоа време групата барем еднаш неделно настапувала во живо и почнала да настапува во странство, како Германија, САД и Јапонија.</s>
<s>Во септември 1994, бил објавен вториот студиски албум на Продиџи, Music for the Jilted Generation.</s><s>Веднаш се нашол на прво место на топ-листата во ОК и добил позитивни критики.</s><s>Бил номиниран за наградата Меркјури.</s><s>Групата избегнувала мејнстрим пубицитет, и одбила да се појави на Top of the Pops и други ТВ емисии во ОК.</s>
<s>По меѓународниот успех на Music for the Jilted Generation, на групата во 1995 година само за настапите во живо ѝ се приклучил гитаристот Џим Дејвис.</s><s>Потоа бил заменет со Гиз Бат од групата Janus Stark, кој останал во групата во следните три години.</s>
<s>The Fat of the Land и заминувањето на Торнхил (1996–2000)
Во април 1996 година, бил објавен синглот „Firestarter“ во кој групата прв пат употребила вокали.</s><s>Синглот ѝ помогнал на групата да се пробие во САД и на други прекуокеански пазари и се искачил на прво место на топ-листата за синглови во ОК.</s><s>Истата година, Prodigy настапиле на престижниот фестивал Лолапалуза.</s>
<s>На 30 јуни 1997 година, The Prodigy го издале нивниот трет албум The Fat of the Land, со кој во неделата кога бил објавен се искачиле на прво место на топ-листите во 23 држави.</s><s>Во Обединетото Кралство таа недела продале повеќе албуми од останатите топ-100 заедно и осум пати повеќе од тогашниот број 2, OK Computer од Radiohead.</s><s>Албумот подоцна стигнал до прво место на топ листите во 27 земји и добил повеќе платинести награди ширум светот.</s><s>Бил најпродаван албум во 1998 година.</s>
<s>Во 1999 година бил објавен албумот The Dirtchamber Sessions Volume One, диџеј-микс албум на Хаулет.</s><s>Во јуни истата година, кога групата веројатно го достигнала својот комерцијален врв, тие се разделиле со гитаристот Гиз Бат.</s><s>Во 2000 година и Торнхил ја напуштил групата.</s>
<s>Always Outnumbered, Never Outgunned (2001–2008)
Во 2001 година, Палмер и Торнхил започнале свои соло кариери и двајцата објавиле свој сингл.</s><s>Кит Флинт исто така се обидел со свој проект, но иако албумот наречен Office #1 веќе бил продуциран, проектот пропаднал пред официјалното објавување.</s><s>Тројцата, во 2002, настапиле на неколку фестивали во Европа година и во јули 2002 година ја претставиле својата нова песна Baby's Got a Temper.</s><s>Песната била разочарување за критиката.</s><s>Истата година, списанието Q ги ставило Prodigy на листата од „50 групи што треба да ги видите пред да умрете“.</s>
<s>Во 2004 година, бил издаден четвртиот албум на The Prodigy, Always Outnumbered, Never Outgunned.</s><s>По претежно негативните критики за Baby's Got a Temper, промената во насоката била очигледна.</s><s>Во исто време, групата, а особено Лијам Хаулет, била во креативна криза.</s><s>Палмер и Флинт повеќе не учествувале во продукцијата на албуми.</s><s>Максим и Кит Флинт и понатаму биле неизоставен дел од настапите во живо.</s><s>Иако албумот добро се продавал, само неколку критичари биле импресионирани од него.</s>
<s>Првите два албума од Продиџи, Experience и Music for the Jilted Generation биле реиздадени во проширени, луксузни изданија на 4 август 2008 година.</s><s>Освен тоа што биле ремастерирани, новите изданија имале бонус диск со миксови, раритети и песни во живо.</s>
<s>Invaders Must Die (2008-2010)</s>
<s>На 5 ноември 2008 година, било објавено дека петтиот студиски албум на групата ќе се вика Invaders Must Die и дека ќе биде издаден со новата издавачка куќа на групата, Take Me to the Hospital.</s><s>Бил издаден во САД на 3 март 2009 година и бил прв албум на Продиџи по „The Fat of the Land“ од 1997 година на кој се појавуваат сите три члена на групата.</s>
<s>Invaders Must Die бил издаден на 21 февруари 2009 година во Австралија и на 23 февруари 2009 година во Европа, заземајќи го првото место во ОК со продажба во првата недела од преку 97.000 примероци.</s><s>Албумот исто така стигнал до топ-5 во Германија и Австралија и топ-10 во Норвешка и неколку други европски земји.</s>
<s>The Day Is My Enemy (2010–2015)
Во мај 2011 година, групата го издала World's on Fire, нивен прв албум во живо и концертен филм кој го документира нивниот концерт од 24 јули 2010 година во Милтон Кејнс.</s><s>Филмот бил прикажан во определени кина низ Европа само една вечер.</s><s>На 16 ноември 2010 година, по нивната американска турнеја со Linkin Park, Хаулет објавил дека The Prodigy ќе започне да работи на нов албум.</s>
<s>Во април 2012 година, за да ја одбележат петнаесетгодишнината од објавувањето, бил реиздаден The Fat of the Land, на кој имало и ремикси од повеќе групи како Major Lazer, Noisia и Zeds Dead.</s>
<s>На 2 јули 2014 година, групата открила дека нивниот претстоен албум ќе има друго име и „насилен звук“.</s><s>Во август 2014 година, тие потпишале договор со Three Six Zero за САД, враќајќи се во Warner Music за прв пат по 2004 година.</s><s>На 6 јануари 2015 година било објавено дека следниот албум на Prodigy ќе биде објавен на 30 март 2015 година и дека ќе биде насловен како The Day Is My Enemy.</s>
<s>На 12 јануари 2015 година, The Prodigy ја објавиле песната „Nasty“ како водечка песна од нивниот претстоен албум.</s><s>Хаулет открил дека „зборот насилен постојано се појавува“ кога го опишува албумот.</s><s>Целиот процес на снимање траел речиси шест години, а биле потребни неколку студија и неколку рестартирања за да се воспостави тој „лут, енергичен звук“.</s>
<s>На 23 февруари 2015 година, The Prodigy ја објавиле „Wild Frontier “ како втор сингл од нивниот претстоен албум The Day Is My Enemy кој бил објавен три дена претходно.</s><s>Во мај 2015 година, The Prodigy најавиле зимска турнеја во Велика Британија и европска турнеја во 2015 година, со Public Enemy како поддршка.</s>
<s>No Tourists, смртта на Флинт и нови турнеи (2016-денес)
Седмиот студиски албум на The Prodigy, No Tourists, бил објавен на 2 ноември 2018 година.</s>
<s>На 4 март 2019 година, Флинт бил пронајден мртов во неговиот дом во Есекс, неколку недели по турнејата на групата во Австралија и Нов Зеланд.</s><s>Остаокот од турнејата на Продиџи била откажана.</s><s>Во август 2020 година, Хаулет река дека Продиџи ќе продолжи да постои.</s><s>Тој потврдил дека нова музика ќе биде објавена во 2021 година.</s><s>Поранешниот член Лирој Торнхил изјавил дека Хаулет работи на нов албум на Продиџи и дека сака да го заврши како почит за Флинт.</s><s>На 10 февруари 2021 година, групата ја објавила намерата да започне со продукција на документарен филм за историјата на групата, но дека насловот и датумот на издавање не се познати.</s><s>Режијата на филмот му била доверена на нивниот долгогодишен соработник Пол Дагдејл, а продукцијата на Pulse Films.</s>
<s>На 7 март 2022 година, The Prodigy најавиле турнеја низ ОК за јули, што се совпаѓа со 25-годишнината од The Fat of the Land, а исто така навестиле дека на турнејата ќе биде изведен нов материјал.</s>
<s>Музички стил и влијание
Покрај The Chemical Brothers и Fatboy Slim, The Prodigy се сметаат за пионери на биг-бит жанрот, кој се стекнал со мејнстрим популарност во 1990-тите.</s><s>Продиџи не се смета за целосен претставник на жанрот, бидејќи според AllMusic нивната продукција „често ја рефлектираше поинтелигентната предност на трип-хопот и ретко навлегуваше во безумната арена на вистинскиот биг-бит“.</s><s>Продиџи се сметаат и за техно, алтернативна денс, електронски рок, електропанк, рејв, денс-рок, електроника, брејкбит хардкор, индустриска, рап рок, и рок музичка група.</s>
<s>Членови на групата</s>
<s>Времеплов</s>
<s>Дискографија
Студиски албуми</s>
<s>Experience (1992)
Music for the Jilted Generation (1994)
The Fat of the Land (1997)
Always Outnumbered, Never Outgunned (2004)
Invaders Must Die (2009)
The Day Is My Enemy (2015)
No Tourists (2018)</s>
<s>Награди и номинации</s>
<s>Наводи</s>
<s>Книги</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>Добитници на Британски музички награди
Музички групи основани во 1990
Добитници на MTV Europe музички награди
Хардкор техно групи
Англиски техно музички групи
Англиски електронски музички групи
Англиски денс музички групи
Денс-рок групи
Биг-бит групи
Алтернативен денс музички групи</s>
|
1334406 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%20%D0%A8%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%B2 | Јован Шуков | <s>Јован Шуков ( во , Егејска Македонија) — македонски универзитетски професор.</s>
<s>Бил гимнастичар, тренер и оштествено-спортски работник.</s>
<s>Животопис</s>
<s>Завршил Висока школа за физичко воспитание во Белград во 1964 година.</s><s>Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1976 година на темата „Деформитет на ’рбетот како последица од дејството на надворешни услови во возраста од 8 до 12 години“.</s><s>Докторирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 1986 година на темата „Превенција и корекција на лошото држење и телесните деформитети на ’рбетот со помош на адекватни комплексни вежби кај учениците од основните училишта“.</s>
<s>Работел како професор и директор на училиште во периодот 1964-1981.</s><s>На Факултетот за физичка култура во Скопје бил избран за виш предавач во 1981 година и за редовен професор на предметот кинезитерапија во 1990 година.</s><s>Во еден мандат бил декан на истиот факултет во периодот 1991-1993.</s>
<s>Објавил повеќе стручни и научни трудови.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Македонски универзитетски професори
Македонски гимнастичари</s>
|
1334408 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%88%20%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B5%D1%82%D1%98%D0%B0%D0%BD | Шаварш Карапетјан | <s>Шаварш Владимири (Владимирович) Карапетјан (; , ) — пензиониран поранешен советски пливач во подводно пливање, најпознат по тоа што ги спасил животите на 20 луѓе во случка во 1976 година во Ереван.</s>
<s>Животопис
Карапетјан е роден на 19 мај 1953 година, во третиот по големина град во Ерменија, Кировакан (сега наречен Ванадзор), тогаш дел од Советскиот Сојуз.</s><s>Неговото семејство се преселило во Ереван во 1964 година, каде Шаварш завршил осумгодишно основно училиште, а потоа посетувал техничко училиште за автомеханика.</s><s>По совет на семејните пријатели, тој почнал да учи пливање уште на млада возраст.</s><s>Подоцна се префрлил на подводно пливање со перки.</s><s>Во 1975-1976 година, Карапетјан служел во базата на советските сили за воздушна одбрана во воената област Баку.</s>
<s>Автобуска несреќа во 1974
Во 1974 година Шаварш се возел во автобус кога возачот излегол за да провери дали има механички проблем.</s><s>Сепак, возачот не го изгасил моторот, а автобусот одеднаш почнал да се тркала надолу кон планинската клисура.</s><s>Шаварш ја скршил преградата што ги делела патниците од возачкиот простор, а потоа ја презел контролата над воланот и го свртел автобусот од карпата.</s>
<s>Тролејбуска несреќа во 1976
Карапетјан станал многу познат во поранешниот СССР по херојскиот чин во кој спасил повеќемина од давење.</s><s>На 16 септември 1976 година, додека џогирал покрај Ереванското Езеро со својот брат Камо, исто така пливач, Карапетјан штотуку ја завршил својата вообичаена патека од 20 километри кога слушнал звук на удар и видел како тоне тролејбус што изгубил контрола и паднал од ѕидот на браната.</s>
<s>Тролејбусот лежел на дното на акумулацијата на околу 25 метри од брегот на длабочина од 10 метри.</s><s>И покрај предизвикувачките услови на водите преполни со отпадни води и слабата видливост поради тиња, Карапетјан храбро нурнал и со нозете го отворил задниот прозорец на тролејбусот.</s><s>Со неверојатна решителност, тој успеал да спаси 46 од 92 патници во тролејбусот, спасувајќи ги животите на 20 лица.</s><s>Севкупно тој нурнал 20 пати, секое нуркање траело околу 25 секунди и извлекол вкупно 37 луѓе, 9 други сами излегле преку прозорецот што тој го скршил.</s><s>За жал, само 20 од 46-те преживеале, и покрај медицинската помош на местото на настанот.</s>
<s>Комбинираниот ефект на повеќекратни сеченици од парчиња стакло довел до хоспитализација на Карапетјан 45 дена, бидејќи развил пневмонија и сепса.</s><s>Последователните компликации на белите дробови го спречиле Карапетјан да ја продолжи спортската кариера.</s><s>Тој, сепак, инсистираше на последен состанок и покрај оштетените бели дробови, и успеа да постави нов светски рекорд и покрај маглата од болка.</s>
<s>Достигнувањето на Карапетјан не било веднаш признаено.</s><s>Сите поврзани фотографии биле чувани во канцеларијата на окружниот обвинител и биле објавени две години подоцна.</s><s>Бил награден со медал „За спас на давеник“ и со Орден на Значката на честа.</s><s>Станал општопознато име во СССР на 12 октомври 1982 година, кога Комсомолскаја Правда ја објавила статијата за неговиот подвиг, со наслов „Подводната битка на шампионот“.</s><s>Оваа публикација открила дека тој бил спасителот и добил околу 60.000 писма.</s>
<s>Пливачка кариера
За време на неговата кариера, Карапетјан станал заслужен мајстор на спортот на СССР и единаесеткратен светски рекордер во пливање со перки.</s><s>Тој победил на 7 советски првенства, 13 европски првенства и 17 светски првенства за вкупно 37 златни медали до моментот кога се пензионирал на 24-годишна возраст.</s>
<s>Во 1982 година, Карапетјан бил награден со честитка „Фер плеј“ на УНЕСКО.</s>
<s>Тој, исто така, бил тренер на неговиот син Тигран и ја предводел фондацијата Шаварш Карапетјан за поддршка на младите пливачи.</s>
<s>Случка со запалена зграда во 1985 година
На 15 февруари 1985 година, Карапетјан бил во близина на комплексот Карен Демирчјан кога избувнал пожар, при што внатре биле заробени луѓе.</s><s>Тој им помогнал на пожарникарите и учествувал во спасувањето на повеќе луѓе.</s><s>Повторно бил тешко повреден со тешки изгореници и долго време поминал во болница.</s>
<s>Подоцнежен живот
Главниот астероиден појас 3027 Шаварш, во 1978 година откриен од Николај Черних во Кримската астрофизичка опсерваторија, бил именуван по него (одобрен од MPC во септември 1986 година).</s>
<s>Карапетјан се преселил во Москва каде што основал компанија за чевли наречена „Втор здив“.</s><s>Редовно ги посетува Ерменија и Нагорно-Карабах.</s>
<s>Карапетјан учествувал во штафетата на факелот на Зимските олимписки игри 2014 во втората етапа од трката.</s><s>Го презел факелот во Москва и го однесе кон Красногорск.</s><s>Следниот ден, Карапетјан по втор пат го носел факелот.</s><s>Во едно интервју изјавил: „Го носев факелот за Русија и за Ерменија “.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Ерменски спортисти
Советски пливачи
Филантропи</s>
|
1334410 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8%20%D1%81%D1%82%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%86%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B5 | Дали сте за танц со мене | <s>„Дали сте за танц со мене?“ (француски: Voulez-vous danser avec moi?) — филм на режисерот Мишел Боарон од 1959 година.</s><s>Главните улоги ги играат: Брижит Бардо, Анри Видал и Дон Адамс.</s>
<s>Синопсис
Заболекарот Арв Дандио случајно ја забележува убава девојка и веднаш се вљубува во неа, а набргу тие се венчаваат, наспроти противењето на нејзиниот татко.</s><s>По една кавга со сопругата, тој оди во бар, каде ја запознава привлечната учителка по танцување Анита Флорес.</s><s>Таа го кани во својот стан и го наведува да водат љубов, а еден нејзин пријател скришно ги фотографира.</s><s>Така, Анита го уценува Арв, барајќи голем износ пари.</s><s>Сопругата на Арв зоднава за неговото неверство и заминува во училиштето за танцување, каде штотуку влегува и Арв.</s><s>Кога тој влегува во собата, таму ја затекнува Анита мртва, а вработените во училиштето го пријавуваат во полицијата како извршител на убиството.</s><s>Арв ја убедува сопругата дека е невин и таа се вработува како учителка за танцување со намера да го открие вистинскиот убиец...</s>
<s>Наводи</s>
<s>Филмови на Мишел Боарон
Француски филмови
Филмови од 1959 година
Филмови на француски јазик
Филмови поврзани со убиства
Филмови со Брижит Бардо
Филмови со Анри Видал
Филмови со Дон Адамс</s>
|
1334411 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%BE%D0%B4 | Небосвод | <s>Небосвод или небесен свод — небото над хоризонтот, отворено од сите страни, во вид на свод (купола).</s><s>Од физичка гледна точка, небото се состои од дел од сферичната атмосфера на Земјата, која свети под влијание на космичкото зрачење.</s><s>Во библиската космологија, небосводот е огромен цврст свод, создаден од Бога на вториот ден од создавањето, кој ги дели првичните „води“ на горни и долни делови.</s>
<s>Историја
Старите Евреи, како и сите древни народи од Блискиот Исток, верувале дека небото е цврст свод со Сонцето, Месечината, планетите и ѕвездите вградени во него.</s><s>Околу IV до III век пр. н. е., Грците, под влијание на Аристотел, кој тврдел дека небесата морала да биде совршена и дека сферата е идеална геометриска фигура, го замениле ова за сферична Земја опкружена со цврсти сфери.</s><s>Ова станало доминантен модел во класичниот и средновековниот поглед на светот, па дури и кога Коперник го поставил Сонцето во центарот на системот, вклучил надворешна сфера што ги држела ѕвездите (со тоа што Земјата се врти секојдневно околу својата оска дозволило небосводот да биде целосно неподвижен).</s><s>Проучувањата на Тихо Брахе за новата од 1572 г. и кометата од 1577 г. биле првите големи предизвици за идејата дека сферите постоеле како цврсти, нераспадливи, материјални предмети, и во 1584 г. Џордано Бруно предложил космологија без небосвод — бесконечна вселена во кои ѕвездите се всушност сонца со свои планетарни системи.</s><s>Откако Галилео почнал да користи телескоп за да го испита небото, станало потешко да се тврди дека небесата се совршени, како што барала Аристотеловата филозофија, и до 1630 г. замислата за цврсти сфери повеќе не била доминантна.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>The Vault of Heaven</s>
<s>Набљудувачка астрономија
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334416 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8 | Четирите елементи | <s>Четирите елементи (Les quatre éléments), S.80 — циклус од четири хорски дела од Франц Лист, на текст од Жозеф Отран.</s><s>Циклусот бил компониран во 1844–48 година, првично за придружба со пијано, подоцна оркестриран.</s><s>Насловот е алузија на старогрчките елементи: земја, воздух, вода и оган.</s><s>Како последователна мисла, Лист составил увертира за циклусот во 1849–50 година, но таа била ревидирана и станала неговата симфониска поема Прелудиуми (Les préludes).</s>
<s>Настанок
Прва композиција на Лист во циклусот била композицијата Северници (Les aquilons), композицја за машки хор со придружба на пијано, компонирана на 24 јули 1844 година во Марсеј.</s><s>Лист пристигнал во Марсеј еден ден претходно и се сретнал со хористите на една германска патувачка дружина, кои побарале изворна хорска композиција од композиторот.</s><s>Поетот Жозеф Отран, кого Лист го посетил, му ја понудил песната Северници (Les aquilons).</s><s>Во попладневните часови на 24-ти, Лист го компонирал делото.</s><s>Делото било изведено на 6 август, на четвртиот концерт на Лист во Марсеј.</s><s>Придружбата била на две пијана, а на едното свирел самиот Лист.</s>
<s>Циклусот
Покрај Сверниците (Les aquilons), Отран му дал уште три песни на Лист: Земја (La terre), Поплави (Les flots) и Ѕвезди (Les astres), а Лист исто така и за нив составил музика.</s><s>Како низа, Земја (La terre), Северници (Les aquilons), Поплави (Les flots) и Ѕвезди (Les asres) го чинат циклусот Четирите елементи (Les quatre éléments).</s><s>Насловот на циклусот e алузија на старогрчкиот концепт на четирите елементи, при што секоја од четирите песни се однесува на по еден од тие елементи: земја, воздух, вода и оган.</s>
<s>Земја (La terre) и Поплави (Les flots) биле компонирани во пролетта 1845 година за време на турнејата на Лист низ Шпанија и Португалија.</s><s>Сепак, точните датуми сè уште не се јасни.</s><s>Четирите дела од Четирите елементи (Les quatre éléments) никогаш не биле објавени, а единствено била изведена Северници (Les aquilons) на 6 август 1844 година.</s><s>Ракописите се зачувани во архивот Гете и Шилер во Вајмар.</s><s>Нивниот каталошки број е S.80.</s><s>За ракописите на Земја (La Terre) и Поплави (Les flots), Емил Харасти и Теодор Милер-Ројтер ги даваат податоците „Лисабон и Малага, април 1845 година“ и „Валенсија, Велигденска недела 1845“, соодветно.</s><s>Што се однесува до ракописот на Ѕвезди (Les astres), нема податоци ниту за место, ниту за датум.</s><s>Харасти го наведува 14 април 1845 година, како датум.</s>
<s>Во писмото до Отран од 7 август 1852 година, Лист го потсетил поетот за четирите текстови што овој му ги дал и истовремено потврдил дека одамна ги завршил нивните поставки.</s><s>Ова било можеби првпат Отран да добие известување за тоа каде се неговите песни.</s><s>Самите песни биле објавени во 1856 година.</s>
<s>Оркестрација и увертира
Најраните извори за обиди за оркестрирање на циклусот Четирите (Les quatre éléments) се напишани со раката на препишувачот на Лист, Август Конради, на почетокот на 1848 година.</s><s>Постои партитура со раката на ученикот на Лист и препишувач Јоаким Раф од Увертира на Четирите елементи (Ouvertüre des Quatre éléments) со поправки на четири страници со раката на Лист, насловена како „4 Elements Seite 25“ и датирана 1850 година.</s>
<s>Увертирата била суштински преработена од Лист неколку години подоцна за да стане неговата симфониска поема Прелудиуми (Les préludes).</s>
<s>Избрани снимки
Лист: Хорски дела за машки гласови, Гергељ Богањи (пијано), машки хор на ансамблот Хонвед, Иштван Паркаи Хунгаротон</s>
<s>Наводи</s>
<s>Библиографија
Bonner, Andrew: Liszt's Les Préludes and Les Quatre Élémens: A Reinvestigation, in 19th-Century Music, 10 (1986), p. 95ff.</s><s>Eckhardt, Maria: Liszt à Marseille, in Studia Musicologica Academiae Scientarum Hungaricae 24 (1982), p. 163ff.</s><s>Haraszti, Emile: Génèse des préludes de Liszt qui n'ont aucun rapport avec Lamartine, in Révue de musicologie 35 (1953), p. 111ff.</s><s>Müller-Reuter, Theodor: Lexikon der deutschen Konzertliteratur, 1. Band, Leipzig 1909.</s><s>Raabe, Peter: Liszts Schaffen, Cotta, Stuttgart, Berlin 1931.</s>
<s>Хорски композиции
Композиции од Франц Лист
Композиции од 1844 година
Композиции од 1845 година</s>
|
1334418 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8%2C%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE%20%D0%B4%D0%B0%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BC%D0%B5%21 | Словени, славно да славиме! | <s>Словени, славно да славиме! (Slavimo Slavno, Slaveni!), S.33 — композиција за машки хор и оргули од Франц Лист, заснована на дело на дубровничкиот поет Медо Пуциќ, компонирана за милениумската прослава на доаѓањето на словенските апостоли Свети Кирил и Свети Методиј во подрачјето на денешна Словачка.</s><s>Прославата се одржала во Рим во јули 1863 година, организирани од папата Пиј IX.</s><s>Лист бил лично присутен.</s>
<s>Лист направил аранжмани на хорската пиеса за соло пијано (S.503) и за оргули (S.668).</s>
<s>Литература</s>
<s>Композиции од Франц Лист
Хорски композиции</s>
|
1334433 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D1%83%D0%BA%20%D0%A1%D0%BA%D0%B0%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%BA%D0%B5%D1%80 | Лук Скајвокер | <s>Лук Скајвокер ― измислен лик и протагонист од оригиналната филмска трилогија „Војна на ѕвездите“ од Џорџ Лукас.</s><s>Лук, чиј лик го глуми Марк Хамил, првпат се појавил во „Војна на ѕвездите“ (1977), и повторно се појавува во „Империјата го возвраќа ударот“ (1980) и „Враќање на џедајот“ (1983).</s><s>По повеќе од три децении подоцна, Хамил повторно го глумел Лук во продолжението на трилогијата „Војна на ѕвездите“; тој настапил во „Силата се буди“ (2015), а поголема улога имал во „Последниот џедај“ (2017) и „Подемот на Скајвокер“ (2019).</s><s>Подоцна ја глумел дигитално подмладената верзија на ликот во Дизниевиот Мандалорец, при што се појавил во финалето на втората сезона, чија премиера била во 2020 година, и Книга за Боба Фет, во шестата епизода, објавена во 2022 година.</s>
<s>Појавувања</s>
<s>Оригинална трилогија
Во оригиналната трилогија „Војна на ѕвездите“, Лук Скајвокер е претставен како „млад човек, кој тргнува во авантура, како херој кој се соочува со искушенија и по неговата победа ѝ носи благодет на заедницата“.</s>
<s>Нова надеж (1977)
Во филмот од 1977 година (на кој подоцна кон насловот било додадено, Нова надеж), Лук живее на пустинската планета Татуин со неговиот чичко Овен и тетка Беру.</s><s>Откако еден ден ќе купи два дроида за да помогне во поправката на дроидот R2-D2 на фармата, тој открива дека таму има холограмска порака од принцезата Леја Органа од Алдераан.</s><s>Во пораката таа бара помош од Оби-Ван Кеноби , а Лук мисли дека тоа е пустиникот Бен Кеноби и решава да го однесе дроидот кај него.</s><s>Лук на Оби-Ван му ја пушта целосната порака во која Леја, моли да ѝ помогне да ја победи Галактичката Империја.</s><s>Лук дознава дека Оби-Ван Кеноби го познавал неговиот татко Анакин Скајвокер и дека тие двајцата биле витези на Џедај пред „Дарт Вејдер да го убие Анакин“.</s><s>Оби-Ван на Лук му подарува светлечки меч кој му припаѓал на неговиот татко и му предлага да го однесе во Алдеран за да го научи за начините на Силата, но Лук ја одбива неговата понуда поради обврските кон фармата на неговото семејство.</s>
<s>Откако ќе се врати дома, ќе види дека тетка му и вујко му биле убиени од империјалните борци во потрага по R2-D2.</s><s>Лук се премислува и ја прифаќа понудата на Оби-Ван.</s><s>Заедно со Оби-Ван одат во Мос Ајсли, каде што каде што го најмуваат пилотот Хан Соло и неговиот пријател Чубака кои со со Милениумскиот сокол треба да ги однесат во Алдеран.</s><s>Наскоро дознаваат дека Империјата ја уништила планетата Алдеран користејќи го моќното оружје на Ѕвездата на смртта.</s><s>Со Фалкон директно одат да ја спасат Леја од заробеништво.</s><s>Додека Лук, Хан и Чубака ја спасуваат Леја, Оби-Ван се соочува со моќниот Дарт Вејдер и се жртвува, дозволувајќи им на Лук и на другите да избегаат.</s>
<s>Лук им се придружува на бунтовниците како пилот.</s><s>За време на нападот на Ѕвездата на смртта, тој го слуша гласот на Оби-Ван кој го советува да ги слуша сопствените чувства и да има доверба во Силата.</s><s>Лук ја исклучува навигацијата на својот брод и ја користи Силата за да го погоди чувствителното место на мега оружјето, предизвикувајќи истото да експлодира.</s><s>Подоцна, тој, Хан и Чубака добиваат медали од Леја за време на прославата.</s>
<s>Империјата го возвраќа ударот (1980)
Три години подоцна, Лук е заробен на ледената планета Хот од суштество Вамп за време на една од неговите мисии, но тој успева да побегне користејќи ја својата светлосна сабја.</s><s>Непосредно пред Хан да го спаси од бесвест на студот, тој повторно го слуша гласот на Оби-Ван, кој му кажува дека мора да оди на планетата Дагоба и да го најде џедајскиот учител Јода.</s><s>Наскоро Империјата ја открива базата на бунтовниците на Хот и ги напаѓа.</s><s>Додека Хан, Леја и Чубака бегаат со Соколот, Лук со R2-D2 заминува на Дагоба.</s><s>Таму го запознава малиот Јода, кој почнува да го учи за Силата.</s>
<s>За време на тренингот, Лук одеднаш има визија дека неговите пријатели се во опасност; и покрај предупредувањата на Јода и Оби-Ван, тој оди во Беспин, несвесно паѓајќи во стапица поставена од Вејдер.</s><s>Започнува дуел со светлосни сабји со Вејдер.</s><s>Лук се покажува како многу слаб за Вејдер; Господарот на Сит лесно го совладува Лук и му ја отсекува десната рака.</s><s>Вејдер потоа му открива дека е негов татко и му нуди заедно да владеат со галаксијата.</s><s>Преплашен од ова откритие, Лук ја отфрла понудата на Вејдер и се фрла во длабока бездна на реакторот.</s><s>Тој преживува, но е повлечен во канал за ѓубре под Градот Облак и виси на шипка.</s><s>Користејќи ги своите телепатски способности, тој ја повикува Леја, која го чувствува неговиот повик за помош и му вика на Ландо да се врати по Лука.</s><s>R2-D2 го поправа погонот на Соколот и на тој начин тие успеваат да избегаат.</s><s>Лук добива вештачка биомеханичка рака од медицинскиот персонал.</s>
<s>Враќање на Џедајот (1983)</s>
<s>Една година подоцна, Лук станал џедајски витез, и направил своја светлосна сабја.</s><s>Заедно со Леја, дроидите и Ландо Калисијан тој се вратил во Татуин за да го спаси Хан од рацете на злосторникот Џаба Хат.</s><s>Лук се обидува да преговара, но Џаба го осудува на смрт со другите.</s><s>Користејќи го R2-D2, Лук и пријателите бегаат откако Леја го убива Џаба.</s>
<s>Откако ќе се врати во Дагоба, Лук од Јода (кој е на смртна постела) дознава дека Вејдер е навистина негов татко.</s><s>По смртта на Јода, се појавува духот на Оби-Ван и му кажува на Лук дека има сестра близначка, а Лук сфаќа дека тоа е Леја.</s><s>И двајцата џедајски учители му кажуваат на Лук дека мора повторно да се соочи со Вејдер за да го заврши тренингот и да ја спаси галаксијата, но тој е вознемирен од идејата да го убие сопствениот татко.</s>
<s>Заедно со група на Отпорот, Лук доаѓа до шумската месечина Ендор и му се предава на Вејдер во обид да го врати својот татко од темната страна на Силите.</s><s>Вејдер го носи до новата Ѕвезда на смртта во близина на Ендор пред императорот Палпатин, кој се обидува да го придобие Лук на темната страна.</s><s>Tаткото и синот уште еднаш се судираат еден со друг.</s><s>Лук успева да ги контролира своите емоции, но Вејдер чувствува дека Лук има сестра и се заканува дека ќе ја придобие кон темната страна ако Лук не се потчини.</s><s>Неконтролирано, Лук се нафрла на Вејдер и го совладува, отсекувајќи му ја раката.</s><s>Императорот му наредува на Лука да го убие Вејдер, но Лук - гледајќи ја сопствената механичка рака - ја фрла својата светлосна сабја и се нарекува себеси Џедај.</s>
<s>Разгневен, Палпатин ги користи своите сили за да го измачува Лук.</s><s>Решен да не му дозволи да го убие неговиот син, Вејдер ја прифаќа судбината на Лук, го фрла Палпатин во окното и на тој начин го исполнува пророштвото дека тој ќе ги уништи Ситите и ќе донесе рамнотежа на Силата, но тој е смртно ранет.</s><s>На барање на неговиот татко, Лук ја отстранува маската на Вејдер дозволувајќи му на неговиот татко да го види својот син со свои очи за прв пат пред да умре во неговите раце.</s>
<s>На Ендор, Лук го пали телото на неговиот татко на погребна клада, давајќи му соодветен погреб на Џедај.</s><s>За време на прославите на победата на бунтовниците на Ендор, Лук гледа како духот на неговиот татко се појавува заедно со оние на Оби-Ван и Јода.</s>
<s>Втора трилогија</s>
<s>Моќта се буди (2015)</s>
<s>Во првиот дел од продолжението на трилогијата, Силата се буди (2015), се открива дека Лук Скајвокер мистериозно исчезнал во временската рамка од 30 години по уништувањето на втората Ѕвезда на смртта.</s><s>Лук се криел откако неговиот внук и ученик, Бен Соло, се свртел кон темната страна и станал Кајло Рен.</s><s>Откако Рен ќе ги убие сите негови соученици и го предизвикал слабеењето на Новата Република, Лук се почувствувал одговорен и исчезнал.</s><s>На крајот од филмот, Отпорот, предводен од Леја, успева да направи мапа на која е прикажано каде се наоѓа Лук.</s><s>Младиот Реј оди на планетата Ач-То за да го најде.</s><s>На крајот, го гледаме остарениот Лук како на Реј му ја подарува својата стара светлосна сабја која претходно ја користеле и Лук и неговиот татко.</s>
<s>Последниот џедај (2017)
Во „Последниот џедај“ (2017), Лук ја фрла светилосната сабја откако Реј му ја дава.</s><s>Потоа се затвора во својот дом и одбива да разговара со Реј.</s><s>Меѓутоа, откако ќе види дека Чубака е без Хан и дека Реј дошол на Милениумскиот сокол, тој се распрашува што се случило со неговото семејство.</s><s>Реј му кажува на Лук дека Кајло Рен го убил Соло и дека Првиот ред завладеал со Галаксијата.</s><s>Реј го моли Лук да го научи на вештините на Силата.</s><s>Лук прво не сака да ја учи Реј, објаснувајќи дека дошол крајот на Џедаите.</s>
<s>Краткиот разговор со R2-D2 го наведува да се премисли и се согласува да му одржи три лекции на Реј.</s><s>Потоа, Лук му ја раскажува на Реј историјата на Редот на Џедаите, како Дарт Сидиус дошол на власт и како Џедаите биле делумно одговорни за пребегнувањето на неговиот татко кон темната страна.</s><s>Лук, исто така, првично му кажува на Реј дека Бен бил потплатен од Снок и дека го уништил храмот на Џедаите.</s><s>Но, на крајот, Лук на Реј му ја кажува вистината: Тој накратко размислувал да го убие заспаниот Бен откако видел визија за уништувањето што може да го предизвика, но не можел; Бен се разбудил и го видел Лук со запалена сабја и се свртел кон темната страна бидејќи се чувствувал предаден.</s><s>Реј - кој бил во телепатски контакт со Рен - го моли Лук да се врати во Отпорот и да му помогне на Рен повторно да премине на светлата страна, но Лук повторно одбива.</s><s>Откако Реј ќе си замине, на Лук му се појавува духот на Јода и го потсетува дека е важно да учи од сопствените грешки.</s>
<s>Додека Отпорот се крие на планетата Крејт, Лук се појавува таму.</s><s>Тој ѝ се извинува на Леја што дозволил Бен да се приврзе кон темната страна.</s><s>Надвор од базата, Лук и Кајло Рен се впуштаат во дуел со светлечки сабји.</s><s>Рен навидум го пресекува Лук со својата светлосна сабја, но Лук е неповреден; тоа било само негова телепатска проекција кој сè уште се наоѓа на Ач-То.</s><s>Отпорот успева да избега од планетата.</s><s>Лук му се извинува на Рен за сите негови грешки и го уверува дека тој не е последниот Џедај.</s><s>Проекцијата исчезнува и ослабениот Лук на Ач-То го гледа зајдисонцето, станувајќи едно со Силата.</s>
<s>Подемот на Скајвокер (2019)
Лук се појавува накратко во Подемот на Скајвокер, деветтото и последно поглавје од главната серија.</s>
<s>Откако Реј ќе открие дека е внука на Палпатин, таа бега во Ахч-То, истото тоа го направил и Лук.</s><s>За да се изолира, таа ја фрла светлосната сабја на Лук во запалените урнатини од леталото на Рен, во кое таа отпатувала во својот самонаметнат егзил.</s><s>Лук се појавува како дух на Силата и ја прекорува Реј затоа што се однесувала со непочитување кон светлосната сабја.</s><s>Лук потоа признава дека направил грешка што не се приклучил кон Отпорот и ѝ се заблагодарува на Реј што му помогнала да се соочи со своите обврски.</s><s>Лука ја убедува Реј да не се гледа себеси како Палпатин, туку како добра личност која била тренирана од Леја.</s><s>Тој ја убедува да не се откажува од битка против Сит.</s><s>Лук ѝ го позајмува на Реј неговото старо летало и ѝ вели да ја комбинира светлината на сабјите од нејзиниот татко и од Леја во битката со Ексегол.</s>
<s>Откако Реј ќе го ја победи Палпатин еднаш засекогаш, таа ја посетува фармата за влага на Татуин каде што Лук бил израснат.</s><s>Таа ги закопа светлосните сабји на Лук и Леја, откривајќи дека самата си конструирала.</s><s>Еден локален жител ја прашува Реј која е таа.</s><s>Како Леја, која почина порано, и Лук се појавуваат како духови на Силите, Реј се именува себеси Реј Скајвокер.</s>
<s>Откако Реј еднаш засекогаш ќе го порази Палпатин, таа ја посетува фармата на Татуин каде Лук пораснал.</s><s>Таа ги закопува светлосните сабји на Лук и Леја, откривајќи дека самата си конструирала своја.</s><s>Еден локален жител ја прашува Реј која е таа.</s><s>Додека Леја, која починала порано, и Лук се појавуваат како духови на Силата, Реј се нарекува себеси Реј Скајвокер.</s>
<s>Карактеризација</s>
<s>Психоанализа
Секој од ликовите од „Војна на ѕвездите“ претставува еден од архетипите во концептот на Џозеф Кембел за патешествието на херојот, а Лук Скајвокер го претставува архетипот на херој.</s><s>Како таков, тој е протагонист кој се соочува со исконската борба меѓу доброто и злото на ист начин како и другите херојски фигури како: Хари Потер, Билбо Багинс и Исус Христос.</s><s>Централна дилема на Лука е постојаната војна помеѓу доброто и злото, и надворешно и внатрешно.</s>
<s>Религиозна
Некои тврдат дека Лука ги отсликува основните вредности на христијанството и аврамската религија; Патешествието на Лук често се споредува со она на Исус Христос.</s><s>Научниците тврдат дека Лук е лик сличен на Христос, Јода го претставува бог, а Дарт Вејдер ги претставува искушенијата на злото.</s><s>Борбата на Лука помеѓу доброто и злото е во контраст со онаа на неговиот татко, Анакин Скајвокер, на начин што ја претставува приказната за блудниот син.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Војна на ѕвездите</s>
|
1334437 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Mungo%20Jerry | Mungo Jerry | <s>Mungo Jerry (претходно познати како Mungo Jerry Blues Band ) ― англиска рок група основана во Ешфорд (Сари) во 1970 година.</s><s>Најголем успех имале со песната In The Summertime објавена во 1970 година.</s><s>Основач и водач на групата е Реј Дорсет (р.</s><s>21 март 1946 година).</s><s>Другите членови на групата често се менувале но најстандардни биле Мајк Кол (бас), Пол Кинг (гитара), Џо Раш (перкусии) и Колин Ерл (пијано).</s><s>Тие имале девет синглови на топ листите во ОК, вклучувајќи два на прво место, пет топ-20 хитови во Јужна Африка, и четири во Топ-100 во Канада.</s>
<s>Дискографија</s>
<s>Mungo Jerry (1970)
Electronically Tested/Baby Jump (1971)
You Don't Have to Be in the Army (1971)
Boot Power (1972)
Long Legged Woman (1974)
Impala Saga (1976)
Lovin' in the Alleys, Fightin' in the Streets (1977)
Ray Dorset & Mungo Jerry (1978)
Together Again (1981)
Boogie Up (1984)
Snakebite (1991)
Old Shoes New Jeans (1997)
Candy Dreams (2001)
Adults Only (2003)
Naked from the Heart (2007)
When She Comes She Runs All Over Me (2007)
Cool Jesus (2011)
Kicking Back (2015)
Xstreme (2019)
Somelight (2022)</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Mungo Jerry discography at Discogs</s>
<s>Британски рок групи
Музички групи основани во 1969</s>
|
1334445 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B8%D0%B2%D0%B8%20%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8 | Сиви облаци | <s>Сиви облаци (изворно на француски: Nuages gris; или на германски: Trübe Wolken), наречена и С.199, ― дело за соло пијано, компонирано од Франц Лист на 24 август 1881 година.</s><s>Тоа е едно од најпрогонуваните и во исто време едно од неговите најопитни дела на Лист, што претставува, според Ален Форте, „висока точка во опитниот идиом во однос на изразувачката композициска постапка“.</s>
<s>Напуштајќи го својот претходен виртуозен стил, Лист во неговите подоцнежни години направил неколку радикални, композициски опити, вклучувајќи ги Сиви облаци, Злобно (Nuages gris, Unstern) С.208 и Ситница без тон (Bagatelle sans tonalité) С.216.</s><s>Сепак, дури во втората половина на дваесеттиот век почна да биде ценето значењето на доцните опитни дела на Лист.</s><s>Р.</s><s>Лари Тод, на пример, забележал дека „Веројатно, Лист бил првиот композитор кој ја воспоставил зголемената тријада како навистина независна звучност, ги разгледал нејзините последици за современиот третман на дисонанца и размислувал за неговото значење за идниот тек на тоналитетот.</s><s>Достигнувањата на Лист во овие области биле значителни и не малку ја поддржуваат неговата положба, според фразата на Бусони, како „господар на слободата“.</s><s>Изучувачите како Хемфри Серл, Золтан Харсањи, Бенце Саболчи, Лајош Бардош и Иштван Селењи придонеле многу за ставање на овие дела во репертоарот на денешните пијанисти.</s>
<s>Сиви облаци е прилично краток и технички едноставен.</s><s>Според Џим Самсон, „најособените одлики на доцниот стил на Лист се присутни во ова кратко дело - избегнувањето на конвенционална катаденцијална структура, важноста на полутонското движење, употребата на зголемената тријада како средишна хармонска единица и паралелизмот како главно средство за напредок“.</s><s>Хармониите се засноваат на зголемени тријади додека мелодијата прави опширна референца на унгарската молска скала.</s><s>Хармониите, кои се многу различни од оние во неговите претходни дела, му даваат многу мрачен и речиси морбиден чувство на делото.</s><s>Леонард Ратнер коментирал: „Немирните, нерешени дисонанци на Сиви облаци, изолираните фигури, чувството на отуѓеност - тие имаат јасен афинитет со нешто подоцнежниот експресионизам на виенските композитори Малер и Шенберг... [Сиви облаци] е музичко ѕвонче кое покажуваше што се случува и што ќе се случи во европската музика: звукот, со помош на симетријата, ќе завладее, хармонијата ќе се впие во боја и ќе ја изгуби својата каденцијална функција“.</s>
<s>Клод Дебиси веројатно го имал на ум Сиви облаци кога го компонирал своето дело Облаци (Nuages).</s><s>Маурицјо Кагел го искористил Сиви облаци во неговото дело Тој е инкарниран со клинци (изворно на латински: Unguis incarnatus est) (1972). во 1986 година, Хајнц Холигер го разработил делото во Втори Листови транскрипции (Zwei Liszt-Transkriptionen) за оркестар (заедно со делото Злобно! (Unstern!)).</s><s>Шокантната сцена во мртовечницата во последниот филм на Стенли Кјубрик, Очи широко затворени, е придружена со Сиви облаци.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Дела за соло пијано
Композиции од 1881 година
Композиции од Франц Лист</s>
|
1334447 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Автопатишта во Германија | <s>Автопатишта во Германија, се нарекуваат автобани — мрежа од брзи автопатишта во Германија.</s><s>Од 1 јануари 2021 г., нивната вкупна должина е 13.192 км — ова е 4-та најдолга национална автопатска мрежа во светот, по Кинескиот систем за високобрзински автопатишта (160.980 км), Меѓудржавниот автопатски систем во САД (78.465 км) и Автопатските системи (шпански: Autopistas y autovías) во Шпанија (17.377 км).</s><s>Службеното име во Германија, како сојузна држава, е Bundesautobahn, односно „федерален автопат“.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Матична страница
Германска страница со описи на сите правци и излези на автопатиштата</s>
<s>Автопатишта во Германија
Автопатишта
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334450 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A3%D0%BD%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%84%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%9B%D0%B8%D1%81%D1%82%29 | Унгарска фантазија (Лист) | <s>Фантазијата на унгарските народни мелодии (германски: Fantasie über ungarische Volksmelodien, унгарски: Fantázia magyar népi dallamokkal ), позната и по нејзината кратка форма, едноставно како Унгарска фантазија, била аранжман на Франц Лист за пијано и унгарските оркестари од неговите унгарски ха 14, напишана првично за соло пијано.</s><s>Фантазијата е напишана во 1852 година и премиерно била изведена во Пешта на 1 јуни 1853 година, со Ханс фон Булов како солист и Ференц Еркел како диригент со оркестарот.</s>
<s>Преглед
За време на животот на Лист, неговите унгарски рапсодии биле меѓу неговите најпопуларни дела.</s><s>Поради оваа популарност, тој бил под притисок да создаде нивни верзии за пијано и оркестар.</s><s>Ова дело било единственото такво дело за кое било познато дека Лист го создал.</s><s>Тој на крајот од својот живот ѝ помогнал на својата ученичка Софи Ментер со нејзиниот Концерт во унгарски стил (1885), дело на кое очигледно влијаела Унгарската фантазија.</s>
<s>Бавниот вовед од оркестарот бил проследен со соло каденца пред да се продолжи кон главниот дел од делото.</s><s>Смелата, маршова главна тема на делото, како и во верзијата за соло пијано, била унгарската народна песна „Мохаковото поле“, со долг-краток-краток-долг ритам.</s><s>Иако голем дел од тематскиот материјал на делото бил изведен од оваа песна, има и дел во А-мол означен „во цигански стил“ (ала цингарезе).</s>
<s>Иако Фантазија била во ист стил и традиција како и унгарските рапсодии, таа структурално се разликувала од нив.</s><s>Рапсодиите генерално претставувале јасна последователност од две традиционални скали - ласан и фриска.</s><s>Овие танци биле забележливи во Фантазијата, особено во долгиот и брилијантен фриска дел.</s><s>Сепак, Лист бил послободен и поширок во својата комбинација и сопоставување на материјалот отколку што обично било во овој тип на создавање.</s>
<s>Библиографија</s>
<s>ед.</s><s>Евен, Дејвид, Комплетната книга за класична музика (Енглвуд Клифс, Њу Џерси: Prentice-Hall, Inc., 1965).</s><s>Каталог на картички на библиотеката на Конгресот број 65-11033
Хедингтон, Кристофер, Белешки за Дојче Грамофон 5262148, Лист: Оркестарски дела ; Шура Черкаски, пијано; Берлинската филхармонија под диригентство на Херберт фон Карајан .
ед Вокер, Алан, Франц Лист: Човекот и неговата музика, (Њу Јорк, издавачка куќа Таплингер, 1970).</s><s>ISBN 0-8008-2990-5
Коле, Роберт, „Дела за пијано и оркестар“
Вокер, Алан, Франц Лист, Том 2: Вајмарските години, 1848-1861 година (Њу Јорк: Алфред А. Нопф, 1989).</s><s>ISBN 0-394-52540-X</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Fantasy on Hungarian Folk Themes: Scores at the International Music Score Library Project</s>
|
1334451 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Them%20%28%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%BF%D0%B0%29 | Them (група) | <s>Them ― рок група од Северна Ирска основана во Белфаст во април 1964 година.</s><s>Најпознати се по рок-стандардот „Gloria“ и по лансирањето на музичката кариера на пејачот Ван Морисон.</s>
<s>Нивната песна „Gloria“ од 1964 година, во 1999 година била примена во Гремиевата куќа на славата.</s><s>Музичкиот критичар,Дејв Марш во 1989 година ја рангирал на 69-то место во неговата книга „Срцето на рокот и соулот, 1001 најдобар сингл досега“ а „ Mystic Eyes“ била рангирана на 458-мо место.</s><s>„Gloria“ се наоѓа на.208-мо место на листата од 500 најдобри песни на сите времиња објавена од списанието Ролинг Стоун во 2004 година.</s>
<s>Историја на групата
Во 1962 година, Алан Хендерсон (бас), Били Харисон (гитара) и Рони Милинг (тапани) ја основале групата The Gamblers.</s><s>Во април 1964 година, на групата ѝ се придружиле Ван Морисон (вокал, хармоника) и Ерик Риксон (клавијатури), и го смениле името во Them кое било преземено од хорор филм од педесетите - „Them!.</s>
<s>Групата имала солидни R&B настапи во хотелот Maritime кои го привлекле вниманието на издавачките куќи.</s><s>На сцената во хотелот Maritime, Морисон за прв пат ја испеал „Gloria“.</s><s>Во зависност од неговото расположение, песната можела да трае и до дваесет минути.</s><s>Морисон рекол: „Them живееа и умреа на сцената во хотелот Maritime“, сметајќи со тоа дека групата не успеала да ја долови спонтаноста и енергијата од нивните настапи во живо на нивните плочи.</s><s>Изјавата, исто така, ја одразува нестабилноста на составот на Them, многу членови доаѓале и си заминувале од групата.</s><s>Морисон и Хендерсон биле единствени константни членови, а понеуспешната верзија на Them продолжила по заминувањето на Морисон.</s>
<s>Дик Роу од Decca Records потпишал стандарден двегодишен договор со Them.</s><s>Во овој период, тие издале два албума и десет синглови, и уште два сингла откако Морисон ја напуштил групата.</s><s>Имале три хита на топ листите, „ Baby, Please Don't Go“ (1964), „ Here Comes the Night“ (1965) и „Mystic Eyes“ (1965), но на Б-страната од „Baby, Please Don't Go“ се наоѓала „Gloria“, кој станала рок-стандард препеан од Пети Смит, Дорс, the Shadows of Knight, Џими Хендрикс и многу други.</s>
<s>Во 1966 година, за време на турнејата во САД, Морисон ја напуштил групата за да продолжи со соло кариера - која трае до денес (2023 година).</s><s>Групата продолжила со: пејачот Кен Мекдауел, Џо Бони, Алан Хендерсон и новите инструменталисти - Реј Елиот (клавијатури) и Дејвид Харви (тапани) и се обиделе да го искористат од угледот на претходната постава.</s><s>Групата се распаднала во 1972 година.</s><s>Била возобновена во 1979 година, но конечно била распуштен истата година.</s>
<s>Ван Морисон за заминувањето од Them рекол: „Немаше никаков мотив зад она што го правевте [тогаш].</s><s>Го правевте зошто така сакавте и уживавте во тоа.</s><s>Така тргнаа работите, но попатно тие се извртеа и сите кои бевме вклучени исто така се извртеа, вклучувајќи ме и мене.“ (1967) „Не можете да земете нешто туку-така, да го ставите во кутија и на неа да напишете читко име, а потоа да се обидете да го продадете.</s><s>Тие се обидоа да го направат тоа на тој начин.</s><s>Тоа е она што ги уби Them" (1973).</s>
<s>Иако Them имале релативно малку хит синглови, групата имала значително влијание врз други рок изведувачи, како што се Doors.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Водич за музички колекционери – целосна хронологија на нив/Ван Морисон
[ Биографија на Allmusic.com:] Them
Them Бендот статив.com
Детална биографија Подоцнежните кариери на членовите на групата од Џон Берг
Месечна биографија на нив на Garagehangover.com
Them
Биографија на Марк Скот од Ричи Унтербергер</s>
<s>Рок групи од Северна Ирска
Британски ритам и блуз музички групи
Гаражен рок групи од Северна Ирска
Британски блуз рок музички групи
Британски блуз музички групи</s>
|
1334453 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%B0 | Вообразба | <s>Вообразба () — способност на една личност спонтано да создава или намерно да изгради слики, идеи, претстави на предмети кои, во искуството на замислувачот, претходно не биле воочени во целост или воопшто не можат да се воспримат преку сетилата (како на пример, настани во историјата, наводната иднина, појави што не се воспримени или непостоечки светови, како што се натприродни ликови во бајките, митовите итн.).</s><s>Оваа човечка способност да создава слики, идеи, претстави и да ракува со нив игра важна улога во умствените процеси како што се моделирање, планирање, творештво, игра, паметење и размислување.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Imagination, Mental Imagery, Consciousness, and Cognition: Scientific, Philosophical and Historical Approaches
Two-Factor Imagination Scale at the Open Directory Project</s>
<s></s>
<s>Спознавање
Вообразба
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334455 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BD%20%D0%A8%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BD | Ертан Шабан | <s>Ертан Шабан (роден на 4 декември 1977 година) ― македонско-турски глумец и сценарист.</s><s>Тој е од турска народност.</s><s>Роден е во Скопје, СР Македонија, СФРЈ.</s><s>На неговиот мајчин јазик турски, тој може да зборува на истанбулски дијалект и скопско-турски дијалект.</s><s>Исто така, тој е повеќејазичен.</s><s>Може да зборува македонски, бугарски, бошњачки, српски, албански, грчки, англиски, француски.</s>
<s>Животопис
Завршил ветеринарен отсек во Средно училиште „Браќа Миладиновци“ во Драчево.</s><s>Потоа студирал педагогија.</s><s>Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје.</s><s>Долги години настапувал на сцената во различни претстави во Турско-албанскиот театар (денес Албански театар) заедно со неговиот брат Ерман Шабан и Љуран Ахмети.</s>
<s>Потоа работел во театар во Франција.</s><s>Дошол во Турција и почнал да глуми и да режира во театар, серии и филмови.</s><s>Неговата пробивна улога е Алекс во историската серија Збогум Румелија (Elveda Rumeli) за Турците во Македонија, кога се распаѓала Отоманската Империја.</s><s>Тој глумел во ТВ сериите Глува соба (Sağır Oda), Сопругата на обвинителот (Savcının Karısı), Мехмет: Освојувачот на еден свет (Mehmed: Bir Cihan Fatihi), Нека дојде животот како што знае (Gelsin Hayat Bildiği Gibi).</s><s>Тој се приклучил на криминалните серии Долина на волците: Заседа (Kurtlar Vadisi: Pusu), Сакарија-Еуфрат (Sakarya-Fırat).</s><s>Имал споредни улоги во Султан Маками (Sultan Makamı), Двор (Avlu), Голем егзил: Кавказ (Büyük Sürgün:Kafkasya).</s><s>Негови значајни филмови се Без сенки (Gölgesizler), Деца од друго соседство (Başka Semtin Çocukları).</s>
<s>Тој е сосценарист и глумец на Лимонада (Limonata) во режија на Али Атај.</s><s>Со Али Атај глумел во хумористичните серии Само биди среќен (Mutlu Ol Yeter), Шереф-бег (Şeref Bey) и во криминалистичките серии Денот на мечот (Kılıç Günü).</s>
<s>Шабан се оженил со глумицата Ебру Озкан на 3 јуни 2016 година.</s><s>Двојката има ќерка по име Бириџик.</s>
<s>Филмографија</s>
<s>Извор:</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски
Ертан Шабан на IMDb
Ертан Шабан на Инстаграм
Живи луѓе
Родени во 1977 година
Машки глумци од Скопје
Македонски Турци</s>
|
1334457 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%89%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80%20%D0%A8%D1%83%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2 | Љубомир Шукаров | <s>Љубомир Шукаров ( во — во ) — македонски гинеколог-акушер и универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје.</s>
<s>Животопис</s>
<s>Шукаров завршил Медицински факултет во Софија во 1944 година, а специјализирал гинекологија и акушерство во 1951 година во Загреб и во Скопје.</s><s>Хабилитирал на темата „Проблем на цервицитисот и некои заразувања во врска со интрацервикалната инфилтрација со антиобитици“ во 1957 година.</s>
<s>Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника во периодот 1968-1973 и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.</s>
<s>Се усовршувал во познати центри во Европа.</s><s>Промотор е на супспецијалистичката ориентација на Клиниката и вовел нови дијагностички и терапевтски методи што довело до подигнување на стручното ниво, научноистражувачката и публицистичката дејност.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Македонски гинеколози
Македонски универзитетски професори</s>
|
1334462 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%A8%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C | Коста Шуваковиќ | <s>Коста Шуваковиќ ( во , Хрватска) — оперски певец и бас.</s>
<s>Животопис</s>
<s>Шуваковиќ работел во Операта на Македонскиот народен театар од 1948 до 1974 година.</s><s>Во овој период остварил повеќе од 30 помали и поголеми улоги, од кои позначајни се: Спарафучиле (Риголето), Големиот инквизитор (Дон Карлос), Дон Базилио (Севилскиот бербер), Осман (Грабнување од Сарајот), Оровез (Норма), Марко (Еро од оној свет), Кецал (Продадена невеста), Теодорик (Цар Самуил) и Гремин (Евгениј Онегин).</s>
<s>Наводи</s>
<s>Македонски оперски пејачи</s>
|
1334464 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%85%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%B4%20%D0%94%D0%B5%D0%B8%D1%84 | Мохамед Деиф | <s>Мохамед Деиф (арапски: محمّد الضيف, роден како Мохамед Дијаб Ибрахим Масри, 1965) — палестински борец и врховен воен командант на бригадата „Из ад-Дин ел-Касам“, военото крило на Хамас.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Родени во 1965 година
Членови на Хамас
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334469 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%84%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Скратифлација | <s>Скратифлација () или намалување на пакувањето — процес на намалување на големината или количината на артиклите, или дури понекогаш преформулирање или намалување на квалитетот, додека нивните цени остануваат исти или се зголемуваат.</s><s>Зборот е стопеница на зборовите скратување и инфлација.</s><s>Првата употреба на поимот „скратифлација“ на англиски јазик со неговото сегашно значење ѝ се припишува на економистката Пипа Малмгрен, иако истиот поим претходно го користел историчарот Брајан Домитровик за економија што се намалува, а истовремено трпи висока инфлација.</s>
<s>Скратифлацијата им овозможува на претпријатијата да ја зголемат својата оперативна маржа и профитабилност со намалување на трошоците додека го одржуваат обемот на продажба, и често се користи како алтернатива за зголемување на цените во согласност со инфлацијата.</s><s>Здруженијата за заштита на потрошувачите ја осудуваат оваа практика.</s>
<s>Економска дефиниција</s>
<s>Скратифлацијата е пораст на општото ценовно рамниште на стоките по единица тежина или зафатнина, предизвикано од намалувањето на тежината или големината на продадениот предмет.</s><s>Цената за едно парче од пакуваниот производ останува иста или дури може да се зголеми.</s><s>Ова понекогаш не влијае на мерите на инфлацијата, како што се потрошувачкиот ценовен показател или малопродажниот ценовен показател, односно може да не ја зголеми цената на потрошувачката кошница со малопродажни стоки и услуги, но многу показатели за ценовните рамништа, а со тоа и инфлацијата се поврзани со единиците за зафатнина или тежина на производите, така што скратифлацијата влијае и на статистички претставените показатели на инфлацијата.</s>
<s>Влијание на потрошувачите
Застапниците на потрошувачите се критични за скратифлацијата бидејќи тоа има ефект на намалување на вредноста на производот и тоа „скришум“.</s><s>Намалувањето на големината на пакувањето е доволно мало за да не биде веднаш воочливо за редовните потрошувачи.</s><s>Непроменетата цена значи дека потрошувачите не се предупредени за повисоката единична цена.</s><s>Практиката негативно влијае на способноста на потрошувачите да направат информиран избор за купување.</s><s>Утврдено е дека потрошувачите повеќе ги одвраќаат поскапувањата отколку намалувањето на големината на пакувањето.</s><s>Добавувачите и трговците на мало се повикани да бидат на страната на корисниците.</s><s>Според Ратула Чакраборти, професор по деловен менаџмент, тие треба да бидат законски обврзани да ги известат купувачите кога ќе се намали големината на пакувањата.</s><s>Корпоративните тела го оттргнуваат вниманието од намалувањето на производот со пораките „помалку е повеќе“, на пример со тврдење за здравствени придобивки од помали порции или еколошки придобивки од помалку пакување.</s>
<s>Во 2023 година францускиот малопродажен синџир Карфур почнал да ги предупредува своите корисници за овие практики.</s>
<s>Поврзано
Куповна моќ
Стварна и номинална вредност
Дефлација</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски
shrinkflation.info A website in Japanese explaining how hundreds of well-known products have been reduced in size, how much have been reduced and when they were reduced.</s><s>The impact of Shrinkflation on the CPIH: January 2012 to June 2017
Shrinkflation – the economics of stealing from customers</s>
<s>Амбалажа
Измама
Инфлација
Зборови кои ги нема во ТРМЈ
Неологизми</s>
|
1334470 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%20%D0%B1%D1%80.%203%20%28%D0%9B%D0%B8%D1%81%D1%82%29 | Концерт за пијано бр. 3 (Лист) | <s>Концерт за пијано бр. 3 Е-дур, (S.125a) — концерт од Франц Лист веројатно компониран во 1839 година.</s><s>Се верува дека е скициран пред првите два концерта, но датирањето е неубедливо бидејќи постојат тврдења дека не бил завршен до 1847 година.</s><s>Како и неговиот Концерт за пијано бр. 2, тоа е во еден став.</s>
<s>Повторно откривање
Бил практично непознат до 1989 година.</s><s>Бил идентификуван и составен од повеќе извори од Џеј Розенблат, докторанд на Универзитетот во Чикаго.</s><s>Делови од партитурата биле пронајдени во Вајмар, Нирнберг и Санкт Петербург, и, до степен до кој биле воопшто познати, се претпоставуваше дека тоа се рани нацрти на Листовите Концерт за пијано бр. 1, исто така во Е-дур.</s><s>Лист не го спомнал овој трет концерт во неговите дела, така што постоењето на делото било непознато за истражувачите.</s>
<s>Кога Лист умрел, неговата куќна помошничка ги пуштила учениците да поминат и да земат ракописи како спомен.</s><s>Ова не биле секогаш целосни партитури.</s><s>Листот од Нирнберг дошол од Макс Ердмансдорфер, кој стапил во контакт со Лист додека бил капелмајстер во Сондерсхаузен.</s><s>Во 1882 година станал капелмајстер во Москва.</s><s>Можно е тој да ја имал целата партитура и тој дел од неа на крајот се нашол до библиотеката во Санкт Петербург по неговата смрт.</s>
<s>Историја на изведбата
Концертот бил премиерно изведен од Јанина Фиалковска на 3 мај 1990 година, со Симфонискиот оркестар на Чикаго, под диригентство на Кенет Џин.</s>
<s>Сè уште не е во стандардниот репертоар и останува малку познат, иако има снимки од Јанина Фиалковска, Џером Ловентал.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Композиции од Франц Лист
Концерти од Франц Лист
Лист 3
Композиции од 1839 година
Лист</s>
|
1334479 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%20%D0%B1%D1%80.%201%20-%20%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%20%D0%9B%D0%B8%D1%81%D1%82 | Концерт за пијано бр. 1 - Франц Лист | <s>Франц Лист го компонирал Концерт за пијано бр. 1 во Е-дур, S.124 во период од 26 години; главните теми датираат од 1830 година, додека конечната верзија е датирана од 1849 година.</s><s>Концертот се состои од четири ставови и трае приближно 20 минути.</s><s>Премиерата била изведена во Вајмар на 17 февруари 1855 година, со Лист на пијано и Хектор Берлиоз како диригент.</s>
<s>Историја</s>
<s>Главните теми на првиот концерт за пијано на Лист се напишани во книга со скици од 1830 година, кога Лист имал деветнаесет години.</s><s>Се чини дека тој ја завршил работата во 1849 година, но направил дополнителни прилагодувања во 1853 година.</s><s>За прв пат беил изведен во Вајмар во 1855 година, со композиторот на пијано и Хектор Берлиоз како диригент.</s><s>Лист направил уште повеќе промени пред објавувањето во 1856 година.</s><s>Бела Барток ја опишал како „првата совршена реализација на формата на цикличната соната, со заеднички теми кои се третираат на принципот на варијација“..</s>
<s>Piano Concerto no.</s><s>1 in E flat, S. 124] </ref>.</s>
<s>Опис
Концертот се состои од четири релативно кратки ставови:</s>
<s>Алегро маестозо</s>
<s>Оркестарот ја воведува главната тема на делото со моќен мотив.</s><s>Постои приказна која, за да се потсмеваат на неговите критичари, Лист и неговиот зет, Ханс фон Bülow, ставете ги зборовите Das versteht ihr alle nicht, хаха! (никој од вас не го разбира ова, ха-ха) на нотите на воведните два барови.</s><s>Пијаното потоа доаѓа со октава премин, што се протега четири октави.</s><s>Следува дует помеѓу клавирот и кларинетот во тивок и мирен премин, кој набрзо повторно ја превзема главната тема.</s><s>По ова, пијаното свири брзо, хроматски пониски октави, пред да се рекапитулира дел од порано во став, овој пат во г - мол.</s><s>Ставот завршува со главната тема свирена од гудачите додека пијаното имитира харфа со брзи, тивки arpeggios, кулминирајќи со нагорна хроматска скала во шести волумен.</s>
<s>Речиси бавно</s>
<s>Виолончело и контрабас го воведуваат делот Adagio спокојно, едногласно cantabile, пред да се приклучи остатокот од жичаните инструменти .</s><s>Повторно, сепак, виолончелата и контрабасите се спуштаат пред да се приклучи пијаното, во уна корда.</s><s>Пијаното ја користи жичаната тема и ја развива понатаму, свирејќи во стил сличен на ноктурно со меки, лелеави арпеџии од левата рака и кантабилна мелодија во десната рака.</s><s>Делот достигнува кулминација каде што се репродуцира силно фортисимо проследено со опаѓачки диминуендо скала.</s>
<s>По кратка општа пауза, целиот оркестар продолжува, повторно свирејќи ја истата тема.</s><s>Потоа виолончело ја свири темата додека пијаното набрзина одговара со развојна рецитативна секција.</s><s>Ова води во пасус каде што соло во делот за дрвен дувачки свират нова тема додека пијаното свири долги трилови во десната рака и се шири во акорди во левата рака.</s><s>Преминот го завршуваат клавирот и кларинетот во дует.</s>
<s>Аллегретто ливели – Аллегро анимате</s>
<s>Триаголникот го започнува движењето со квартетот што следи по него. (Честата и истакната употреба на триаголникот го натера конзервативниот критичар Едуард Ханслик да се потсмева на делото како „Концерт за триаголник“.</s><s>Пијаното дополнително ја развива темата.</s><s>Ова се случува во текот на целото движење, но претходните теми од последните два движења се повторно воведени и комбинирани за да му ја дадат на овој концерт уникатна форма слична на рапсодија.</s><s>Овој став е е дефинитивно шеговито по карактер, при што насоката на изведбата на почетокот на линијата на пијано „капричио шерзандо“ и деликатни, разиграни дуети меѓу дрвниите дувачки инструменти и пијаното се појавуваат насекаде.</s><s>Втората половина од ставот, сепак, добива помрачен пресврт, кога пијаното, по завршувањето на делот scherzo свири морничав, tremolando пасус во долните регистри, со развој на првата тема. играно погоре, во динамиката .</s><s>По ова, надолните хроматски октави повторно се појавуваат, но овој пат на ниво , пред оркестарот да свири нагорен хроматски дел, што води во тонска рекапитулација на првата тема .</s><s>Сѕавот завршува со многу слична музика како што започнува првиот став, со блескав пијано пасус што завршува со F намален седми акорд .</s>
<s>Весел анимиран боречки уметник</s>
<s>Пред оркестарот да ја отсвири темата на Адаџо во тематска трансформација се свири опаѓачка скала од E. Пијаното го следи ова со блескав пасус со соло октави пред да се приклучи во дует со разни соло дрвени дувачки инструменти во убав, жив дел.</s><s>Движењето продолжува да ги внесува сите теми од целиот концерт и да ги комбинира последователно.</s><s>Во последните неколку пасуси, воведена е нова хроматска тема во која пијаното свири полуквавери и triplet quavers во исто време, вежба во полиритам, додека е во дует со жицчаните инструменти.</s><s>Делото завршува во бравура стилот на Лист, со сега познатата надолна тема на хроматските октави, отсвирена во оваа рекапитулација со огромна брзина, пред да се смени во спротивни хроматски октави, достигнувајќи го тоничниот клуч на E динамичен.</s><s>Самиот оркестар ги има последните две ноти, кои Лист внимателно ги користел за да ја истакне важноста на оркестарот во делото, а не само како придружен уред за пијаното.</s>
<s>Оркестрација
Овој концерт е направен за релативно мал оркестар со следните инструменти:</s>
<s>Соло пијано</s>
<s>Дрвени дувачки:
Пиколо
Две флејта
Две обоа
Два кларинети во Б
Два фаготи</s>
<s>Лимени дувачки инструменти:
Два рогови во Ф
Две труба во Б
Три тромбони (два тенори, еден бас)</s>
<s>Ударни:
Тимпани
Симбали
Триаголник</s>
<s>Низи:
Прва и втора виолина
Виола
Виолончело
Контрабас</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Franz Liszt's Piano Concerto No.</s><s>1 Analysis and description of Franz Liszt's Piano Concerto No.</s><s>1 in E-flat major
Piano.ru – Sheet music download (2 piano reduction)</s>
<s>Композиции од Франц Лист
Концерти од Франц Лист
Лист</s>
|
1334480 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%20%D0%BD%D0%B8%20%D0%B3%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B8 | И прости ни ги долговите наши | <s>„И прости ни ги долговите наши“ (српскохрватски: I oprosti nam dugove naše) — југословенски тв-филм од 1970 година, во режија на Даниел Марушиќ.</s><s>Улогите ги играат: Асја Кисиќ, Данчи Цвитановиќ, Карло Булиќ, Берислав Мудниќ, Владимир Медар, Тана Маскарели и Драган Миливојевиќ.</s>
<s>Синопсис
Пристигнувањето на првите туристи внесува немир меѓу жителите на едно мало место во Далмација.</s><s>Некои од нив се полакомуваат од можноста за лесна заработка, но освен меѓусебните караници, туризмот им носи и нови односи со луѓето на кои не се навикнати...</s>
<s>Наводи</s>
<s>Југословенски филмови
Хрватски филмови
Филмски комедии
Филмови на српскохрватски јазик
Филмови на хрватски јазик
Црно-бели филмови
Филмови на Телевизија Загреб
Филмови од 1969 година
Филмови на Даниел Марушиќ
Филмови со Асја Кисиќ
Филмови со Данчи Цвитановиќ
Филмови со Карло Булиќ
Филмови со Драган Миливојевиќ
Филмови со Берислав Мудниќ
Филмови со Владимир Медар
Филмови со Тана Маскарели</s>
|
1334483 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA | Праиндоевропски јазик | <s>Праиндоевропскиот јазик (PIE) е реконструиран јазик и заеднички предок на сите индоевропски јазици.</s><s>Не постои директен запис за праиндоевропскиот јазик; неговите предложени карактеристики се изведени со лингвистичка реконструкција од документираните индоевропски јазици.</s>
<s>Историска и географска поставеност
Научниците предложиле повеќе хипотези за тоа кога, каде, и од кого бил зборуван PIE.</s><s>Курганската хипотеза, за прв пат предложена во 1956 од Марија Гимбутас, станала најпопуларна.</s><s>Според неа првичните говорници на PIE потекнувале од Јамната култура, која е поврзана со погребување на мртвите во кургани (погребни могили) во Понтско-касписката Степа северно од Црното Море.</s><s>Според оваа теорија, овие луѓе биле номади-сточари кои го припитомиле коњот, што им овозможило да се движат низ Европа и Азија со коли и кочии.</s><s>До почетокот на третиот милениум п.н.е., тие се прошириле низ Понтско-касписката Степа и во источна Европа.</s>
<s>Наследници на праиндоевропскиот јазик</s>
<s>Наводи</s>
<s>Бронзено време</s>
|
1334505 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%BC%D0%BD%D0%B0%20%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0 | Јамна култура | <s>Јамната култура, исто така позната како култура на окерниот гроб, е археолошка култура од доцниот енеолит до раната бронзена доба во регионот помеѓу реките Јужен Буг, Дњестар, и Урал (Понтско-касписката Степа), во периодот од 3300–2600 п.н.е. Била откриена од Василиј Городцов по извршените ископувања близу реката Доњец во 1901–1903.</s><s>Името на оваа култура доаѓа од карактеристичната погребна традиција: јамна () се однесува на јамите кои овие луѓе ги копале во тумули (кургани) и во кои ги погребувале мртвите, во карактеристична положба на грб со свиткани колена.</s><s>Телата биле покривани со окер.</s><s>Во нивните гробници се пронајдени и остатоци од крави, коњи и свињи, како и делови од стари запреги.</s>
<s>Економијата на Јамната култура се засновала на сточарство, риболов, и потрага по храна, како и производство на керамика, алатки и оружје.</s><s>Луѓето од културата Јамна живееле примарно како номади, со систем на поглаварство и користеле коли и запреги што им овозможило да одгледуваат големи стада.</s>
<s>Денес скоро постои консензус дека заедничкиот предок на сите индоевропски јазици, со можен исклучок на анадолските јазици, потекнуваат од Понтско-касписката степа, и овој јазик се поврзува со луѓето од јамната култура.</s><s>Дополнително, Понтско-касписката степа во моментов се смета за најверојатен кандидат за правобитната татковина (германски, Urheimat) на праиндоевропскиот јазик, вклучувајќи ја и анадолската гранка на јазици.</s>
<s>Наводи</s>
<s>4 милениум п.н.е.</s>
|
1334511 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Pistacia%20lentiscus | Pistacia lentiscus | <s>Pistacia lentiscus (или мастика ) е дводомна зимзелена грмушка или мало дрво од родот Pistacia што вирее во медитеранскиот басен.</s><s>Расте до 4 метри во висина и се одгледува поради неговата ароматична смола, главно на грчкиот остров Хиос и околу турскиот град Чешме.</s>
<s>Опис</s>
<s>Растението е зимзелено, од 1 до 5 метри високо, со силен мирис на смола, расте во суви и карпести области во Северна Африка и Медитеранска Европа.</s><s>Отпорно е на благи до тешки мразови, но претпочита поблаги зими и расте на сите видови почви, а може добро да расте во варовнички области, па дури и во солени средини, што го прави позастапено во близина на морето.</s><s>Го има и во шумите, на речиси обезшумените пасишта, во дабовите шуми од видот прнар, пошумените области во кои доминираат други дабови, во клисури, кањони и карпести ридови на целото медитеранско подрачје.</s><s>Во соодветни области, кога е дозволено да расте слободно и да старее, често станува дрво до 7 метри.</s><s>Сепак, сечата, пасењето и пожарите често го спречуваат ваквиот раст.</s>
<s>Pistacia lentiscus е поврзан со Pistacia terebinthus (смрдлика), со кој често живее во заедница во контактните зони.</s><s>На западниот брег на Медитеранот, Канарските Острови и Блискиот Исток, може да се помешаат со Pistacia atlantica.</s>
<s>Употреба како лек
Луѓето во медитеранскиот регион користат мастика како лек за гастроинтестинални заболувања веќе неколку илјади години.</s><s>Грчкиот лекар и ботаничар од првиот век Диоскорид напишал за лековитите својства на мастиката во неговата класична расправа За медицинските супстанции.</s><s>Неколку векови подоцна, Маркелос Емпеирикос и Павлос Егинитис исто така го забележале ефектот на мастиката врз дигестивниот систем.</s>
<s>Маслото од мастика има антибактериски и антигабични својства, и како такво е широко користено во подготовката на масти за кожни заболувања.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Литература</s>
<s>Таксони опишани од Карл Линеј
Растенија опишани во 1753 година
Украсни дрва
Хиос
Зачини
Смоли
Грчка кујна
Ф’стак (род)
Незагрозени видови според МСЗП</s>
|
1334513 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0 | Мастика | <s>Мастика може да се однесува на:</s>
<s>Мастика (пијалак)
Мастика (растение)</s>
<s>Појаснителни страници</s>
|
1334516 | https://mk.wikipedia.org/wiki/PlayStation%205 | PlayStation 5 | <s>PlayStation 5 (скратено: PS5) — домашна играчка конзола развиена од Sony Interactive Entertainment.</s><s>Најавена била во 2019 г. како наследничка на PlayStation 4. Продажбата започнала на 12 ноември 2020 г. во САД, Канада, Мексико, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд и на 19 ноември 2020 г. во други региони.</s><s>За разлика од неговиот претходник, PlayStation 5 користи модифициран цврст погон (SSD) наместо тврд диск — вклучувајќи го алгоритмот за збивање и декомпресија Oodle Kraken и системот за кодирање Oodle Texture.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>PlayStation 5
Играчки конзоли
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334539 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B5%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82 | Бесмртна младост | <s>„Бесмртна младост“ — филм на режисерот Војислав Нановиќ од 1948 година.</s><s>Главните улоги ги играат: Раде Марковиќ, Ирена Колесар, Јован Гец, Милутин Татиќ и Милош Бранковиќ.</s>
<s>Синопсис
За време на окупацијата на Белград, група млади илегалци организира собирање оружје наменето за партизаните.</s><s>Наспроти прогонувањето, затворањето и мачењето од окупаторот, младите илегалци успеваат да воспостават врска со партизанскиот одред на Космај.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Партизански филмови
Црно-бели филмови
Југословенски филмови
Филмови на српскохрватски јазик
Филмови од 1948 година
Филмови на Војислав Нановиќ
Филмови со Раде Марковиќ
Филмови со Ирена Колесар
Филмови со Јован Гец
Филмови со Павле Вугринац
Филмови со Милутин Татиќ
Филмови со Милош Бранковиќ
Филмови на Авала филм
Филмови чие дејствие се одвива во Белград</s>
|
1334542 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Institut%20polytechnique%20de%20Paris | Institut polytechnique de Paris | <s>Institut polytechnique de Paris големо инженерско училиште во Франција.</s><s>Се наоѓа во Палезо.</s><s>IP Paris е јавна високообразовна и техничко-истражувачка институција.</s><s>Истражувањето на IP Paris се спроведува во пет тематски области: енергија и клима, дигитална технологија, безбедност, технологија и здравје.</s>
<s>На 15 септември 2020 година, Институтот заедно со ХЕК Париз го основаа истражувачкиот центар за вештачка интелигенција, Hi PARIS!.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски
IP Paris</s>
<s>Универзитети во Франција
Париз</s>
|
1334570 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%81%20%D0%9F%D0%B8%D0%BD%D1%87%D0%BE%D0%BD | Томас Пинчон | <s>Томас Пинчон (англиски: Thomas Ruggles Pynchon Jr., 8 мај 1937, Њујорк, САД) — американски писател.</s>
<s>Животопис
Томас Пинчон е роден на 8 мај 1937 година во Њујорк.</s><s>Студирал физика на Универзитетот Корнел, но кон крајот на втората година ги напуштил студиите и стапил во американската морнарица.</s><s>Во 1957 година се вратил на Корнел студирајќи англиски јазик и книжевност, а дипломирал во 1959 година, по што во текот на две години работел во Боинг.</s><s>По објавувањето на третиот роман „Винижитото на гравитацијата“, Пинчон го свртел вниманието поради одбивањето да се појави во јавноста, што предизвикало бројни гласини за неговиот идентитет.</s><s>Во 1997 година, телевизиската куќа Си Ен Ен успеала да го сними, а Пинчон се согласил да даде интервју под услов да не бидат објавени фотографиите.</s><s>Пинчон живее на Менхетн, во Њујорк.</s>
<s>Творештво
Првото дело на Пинчон, расказот „Ситниот дожд“ е објавено во 1959 година, а првиот роман „V“ го објавил во 1963 година и за него ја добил Фокнеровата награда за најдобар роман.</s><s>Неговото творештво е скромно по обем и се состои од само неколку романи и раскази.</s><s>Сепак, тој се смета за еден од најважните и највлијателни американски писатели во втората половина на 20 век, кој дал голем придонес кон бројните книжевни експерименти — од постмодернизмот, хиперлитературата до киберпанкот.</s><s>Неговата книжевност се сфаќа како мозаик и како игра, како бескраен лавиринт од можни толкувања, а неговите текстови се структурирани во форма на сложени загатки чија порака не може целосно да се дефинира ниту да се исцрпи.</s><s>Основните елементи на неговото творештво се: бескрајното умножување на светот и на претставите за него, метафората на мрежата, комбинацијата на црниот хумор и фантазијата со цел да го наслика човечкото отуѓување во хаосот на модерното општество.</s><s>Според Давид Албахари, книжевните ликови на Пинчон настојуваат да не бидат дел од никаков систем, да излезат од нивните омеѓени простори и да преминат во зоната во која најцелосно може да се оствари слободата на духот и на телото.</s><s>Трите главни точки во поетиката на Пинчон се паранојата, ентропијата и теоријата на информациите.</s><s>Во неговата проза има влијанија од бројни книжевни правци, но тој често го користи и јазикот на науката со цел попрецизно да го изрази парадоксот на светот во кој напорот за создавање ред носи уште поголем неред.</s><s>Така, трите основни елементи на неговата проза зборуваат за загубата на светот, на стварноста, на енергијата и на смислата.</s><s>Пичнон е важен и како извонреден хроничар на времето, и тоа како хроничар од „задната“ страна на времето, страната на популарната култура и на технологијата.</s><s>Исто така, тој може да се чита и од политичката страна: на пример, неговиот расказ „Тајната интеграција“ е мало ремек-дело кое ги допира расните проблеми во САД во 1950-тите.</s><s>И воопшто, тој е еден од најдлабоките согледувачи на американската култура кој и ден-денес влијае врз книжевните трендови и врз елитниот дел од американската јавност.</s><s>Живеејќи во целосна анонимност (на пример, тој не дозволувал неговата фотографија да биде ставена во неговите дела), Пинчон успеал до себе да направи мит за писател кој стои наспроти комерцијално-конзумеристичката американска јавност.</s>
<s>Библиографија
Пинчон е автор на следниве дела:
„Ситниот дожд“ (The Small Rain, расказ, 1959)
„Смртност и милост во Виена“ (Mortality and Mercy in Vienna, расказ, 1959)
„Низоземје“ (Low-Lands, расказ, 1960)
„Ентропија“ (Entropy, расказ, 1960)
„Под розата“ (Under the Rose, расказ, 1961)
„V“ (роман, 1963)
„Тајната интеграција“ (The Secret Integration, расказ, 1964)
„Светот (Овој), месото (Г-ѓа Едипа Мас) и завештанието на Пирс Инверарити“ (The World (This One), the Flesh (Mrs.</s><s>Oedipa Maas), and the Testament of Pierce Inverarity, расказ, 1965)
„Повикувањето на бројот 49“ (The Crying of Lot 49, роман, 1966)
„Стегнување“ (The Shrink Fits, 1966)
„Виножитото на гравитацијата“ (Gravity's Rainbow, роман, 1973)
„Бавен ученик“ (Slow Learner, збирка раскази, 1984)
„Винланд“ (Vineland, роман, 1990)
„Мејсон и Диксон“ (Mason and Dixon, роман, 1997)</s>
<s>Некои од расказите на Пинчон се преведени на македонски јазик: расказот „Ситниот дожд“ е објавен во првиот број на списанието „Маргина“, а подоцна во ова списание е објавен и расказот „Смртност и милост во Виена“.</s><s>Во 2004 година, издавачката куќа Темплум го објавила скратената верзија на збирката „Бавниот ученик“ со наслов „Тајната интеграција“.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Американски писатели
Луѓе од Њујорк
Родени во 1937 година</s>
|
1334579 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%80%20%D0%91%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B3 | Гросер Берберг | <s>Гросер Берберг () — највисока планина во сојузната покраина Тирингија и највисока точка на венецот Тириншка Шума.</s><s>Врвот достигнува надморска височина од 982,9 м.</s><s>Сместена е помеѓу селата Хајдерсбах, Голдлаутер и Гелберг во околината на градот Зул.</s><s>Сочинета е од риолит (кварцен порфир) настанат со вулкански процеси во ротлигендската карпа на образбата Оберхоф пред 280 милиони години и издигнат над околните слоеви во облик на соголено карпесто возвишение.</s>
<s>Помеѓу врвот на Берберг и источниот сосед Шнекопф (978 м) има пресека длабока 60 метри.</s><s>На запад е Зомербахскопф (941 м).</s>
<s>На врвот на планината се наоѓа еден од малкуте голети на Тириншката Шума.</s><s>Сè до крајот на 1980-тите тука имало кула-набљудувачница.</s><s>Во поскоро време е поставена мал видиковец со извонреден поглед на југ и југозапад.</s>
<s>На потегот од Оберхоф до Шмике низ планината минува делница од далекусежната планинарска патека Ренштајг.</s><s>Најблизок град е Зул.</s>
<s>Поврзано
Тирингија</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>Планини во Тирингија
Тириншка Шума</s>
|
1334580 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%20%28%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%29 | Прамен (геометрија) | <s>Во геометријата, прамен е фамилија на геометриски објекти со заедничко својство, на пример множество од прави кои минуваат низ дадена точка во рамнината или множество од кружници кои минуваат низ две дадени точки во рамнината.</s>
<s>Иако дефиницијата за прамен е прилично нејасна, заедничка карактеристика е тоа што праменот е целосно определен од кои било два од неговите членови.</s><s>Аналогно на тоа, множество од геометриски објекти кои се определени од кои било три негови члена се нарекува сноп.</s><s>Така, множеството од сите прави низ точка во тридимензионален простор е сноп од линии, од кои било кои две одредуваат прамен од линии.</s><s>За да се нагласи дводимензионалната природа на таквиот прамен, понекогаш се нарекува рамнински прамен .</s>
<s>Секој геометриски објект може да се користи во прамен.</s><s>Вообичаени се прамените од прави, рамнини, кругови, конусите, сфери и од општи криви.</s><s>Може да се користат дури и точки.</s><s>Прамен од точки е множество од сите точки на дадена права.</s><s>Почест термин за ова множество е опсег на точки.</s>
<s>Прамен од прави
Во рамнина, нека и се две различни прави кои се сечат.</s><s>За конкретност, да претпоставиме дека е дадена со равенката, , а со равенката .</s><s>Тогаш со равенката</s>
<s>,</s>
<s>за соодветни скалари и , е дадена која било права што минува низ пресекот на = 0 и = 0. Ова множество од прави кои минуваат низ заедничка точка се нарекува прамен од прави.</s><s>Заедничката точка на праменот од прави се нарекува теме на праменот.</s>
<s>Во афина рамнина со рефлексивна варијанта на паралелизам, множество од паралелни прави формира класа на еквиваленција наречена прамен од паралелни прави.</s><s>Оваа терминологија е конзистентна со горенаведената дефиниција бидејќи во уникатното проективно продолжување на афината рамнина до проективна рамнина се додава една точка (бесконечна или идеална точка) на секоја права во праменот од паралелни прави, со што се добива прамен во горенаведената смисла во проективната рамнина.</s>
<s>Прамен од рамнини</s>
<s>Прамен од рамнини, е збир од рамнини кои содржат дадена права во тридимензионалниот простор, наречена оска на праменот.</s><s>Праменот понекогаш се нарекува осен или аксијален прамен или вентилатор на авиони или сноп од рамнини.</s><s>На пример, меридијаните на земјината топка се дефинирани со прамен од рамнини со оската на ротација на Земјата.</s>
<s>Две рамнини кои се сечат содржат една права во тридимензионалниот простор и така ја одредуваат оската, па оттука и сите рамнини од снопот.</s>
<s>Четиридимензионалниот простор на кватерниони може да се гледа како аксијален прамен од комплексни рамнини кои делат иста реална права.</s><s>Всушност, кватернионите содржат сфера од имагинарни единици, а пар антиподни точки на оваа сфера, заедно со реалната оска, генерираат комплексна рамнина.</s><s>Унијата на сите овие комплексни рамнини ја сочинува 4-алгебрата на кватерниони.</s>
<s>Прамен од кружници</s>
<s>Кои било две кружници во рамнината имаат заедничка радикална оска - правата која се состои од сите точки кои имаат ист степен во однос на двете кружници.</s><s>Прамен од кружници (или коаксијален систем) е множеството од сите кружници во рамнината со иста радикална оска.</s><s>За да биде вклучен и тој случај, се вели дека концентричните кружници ја имаат бесконечната права како радикална оска.</s>
<s>Постојат пет типа на прамени на кружници.</s><s>Двете фамилии на Аполониевите кружници на горната илустрација претставуваат два од нив.</s><s>Секој тип се одредува со две кружници наречени генератори на праменот.</s><s>Кога се опишуваат алгебарски, можно е равенките да примаат имагинарни решенија.</s><s>Различните видови се:</s>
<s>Елиптичен прамен (семејството од црвени кружници на сликата) се дефинира со два генератора кои се сечат во точно две точки.</s><s>Секоја кружница на елипсовиден прамен поминува низ истите две точки.</s><s>Елиптичен прамен не вклучува никакви имагинарни кружници.</s><s>Хиперболичен прамен (фамилијата од сини кругови на сликата) се дефинира со два генератора кои не се сечат еден со друг во ниту една точка.</s><s>Вклучува реални кружници, имагинарни кружници и две дегенерирани кружници во точки наречени точки на Понселе на праменот.</s><s>Секоја точка од рамнината припаѓа на точно една кружница од праменот.</s><s>Параболичен прамен (како граничен случај) се дефинира кога двете генерирачки кружници се допираат во една точка.</s><s>Се состои од семејство од реални кружници, сите тангентни една на друга во една заедничка точка.</s><s>На праменот му припаѓа и дегенерираната кружница со радиус нула во таа точка.</s><s>Семејство од концентрични кружници (може да се смета за посебен случај на хиперболичен прамен каде што другата точка е бесконечнaта точка).</s><s>Семејството од прави кои минуваат низ заедничка точка; овие прави треба да се толкуваат како кружници кои минуваат низ бесконечната точка (може да се смета за посебен случај на елипсовиден прамен).</s>
<s>Својства
Кружница кој е ортогонална на две фиксни кружници е ортогонална на секоја кружница од праменот што тие го одредуваат.</s>
<s>Кружниците кои се ортогонални на две фиксни кружници формираат прамен од кружници.</s>
<s>Две кружници определуваат два прамена, единствениот прамен кој ги содржи нив и праменот од кружници кои се ортогонални на нив.</s><s>Радикалната оска на еден прамен се состои од центрите на кружниците на другиот прамен.</s><s>Ако еден прамен е од елипсовиден тип, другиот е од хиперболичен тип и обратно.</s>
<s>Радикалната оска на кој било прамен од кружници, толкувана како кружница со бесконечен радиус, му припаѓа на праменот.</s><s>Кои било три кружници припаѓаат на заеднички прамен секогаш кога сите три пара имаат иста радикална оска и нивните центри се колинеарни.</s>
<s>Проективен простор од кружници
Постои природна кореспонденција помеѓу кружниците во рамнината и точките во тродимензионалниот проективен простор; права во овој простор одговара на еднодимензионално непрекинато семејство од кружници, па оттука, прамен од точки во овој простор е прамен од кружници во рамнината.</s>
<s>Поточно, равенката на кружница со радиус центриран во точката ( ),</s>
<s></s>
<s>може да се запише како</s>
<s></s>
<s>каде .</s><s>Во оваа форма, множењето на четворката () со скалар дава различна четворка која го претставува иста кружница; така, овие четворки може да се сметаат како хомогени координати за просторот од кружници.</s><s>Правите линии може да се претстават и со равенка од овој тип во која и треба да се смета дека е дегенерирана форма на кружница.</s><s>Кога , можеме да решиме за , и ; последната формула може да даде (во кој случај кружницата дегенерира до точка) или еднаков на имагинарен број (во тој случај се вели дека четворката () претставува имагинарна кружница).</s>
<s>Множеството од афини комбинации од двете кружници ( ), ( ), односно множеството од кружници претставени со четворката</s>
<s></s>
<s>за некоја вредност на параметарот , формира прамен; двете кружници се генератори на праменот.</s>
<s>Кардиоидата како обвивка (енвелопа) на прамен од кружници</s>
<s>Друг тип на прамен на кружници може да се добие на следниов начин.</s><s>Размислете за дадена кружница (наречена генераторна кружница) и посебна точка на генераторната кружница.</s><s>Множеството од сите кружници кои минуваат низ и имаат центри на генераторната кружница формираат прамен од кружници.</s><s>Обвивката на овој прамен е кардиоида.</s>
<s>Прамен од сфери
Сферата е еднозначно определена со четири точки кои не се компланарни, а меѓу кои секо три не се колинеарни.</s><s>Поопшто, сферата е уникатно одредена со четири услови како што се: да минува низ точка, да биде тангентна на рамнина итн .</s>
<s>Следствено, сферата е уникатно одредена со (т.е. поминува низ) кружница и точка која не е во рамнината на таа кружница.</s>
<s>Со испитување на заедничките решенија на равенките на две сфери, може да се види дека две сфери се сечат во кружница и рамнината која ја содржи таа кружница се нарекува радикална рамнина на сферите што се сечат.</s><s>Иако радикалната рамнина е реална рамнина, кружницата може да биде имагинарна (кога сферите немаат реална заедничка точка) или да се состои од една точка (сферите се допираат во таа точка).</s>
<s>Ако и се равенките на две различни сфери тогаш</s>
<s></s>
<s>е во исто време равенка на сфера за произволни вредности на параметрите и .</s><s>Множеството од сите сфери што ја задоволуваат оваа равенка се нарекува прамен од сфери определени од првобитните две сфери.</s><s>Во оваа дефиниција е дозволено сферата да биде рамнина (бесконечен радиус, центар на бесконечност) и ако двете првобитни сфери се рамнини, тогаш сите сфери на праменот се рамнини, инаку има само по една рамнина (радикалната рамнина) во прамен.</s>
<s>Ако праменот од сфери не се состои само од рамнини, тогаш постојат три вида прамени:</s>
<s>Ако сферите се сечат во реална кружница C, тогаш праменот се состои од сите сфери кои ја содржат C, вклучувајќи ја и радикалната рамнина.</s><s>Центрите на сите обични сфери во праменот лежат на права линија која минува низ центарот на C и е нормална на радикалната рамнина.</s><s>Ако сферите се сечат во имагинарна кружница, сите сфери на праменот, исто така минуваат низ оваа имагинарна кружница, но како обични сфери тие се разединети (немаат реални заеднички точки).</s><s>Центрите лежат на права (централна права) која е нормална на радикалната рамнина, која е вистинска рамнина во праменот што ја содржи имагинарната кружница.</s><s>Ако сферите се сечат во точка A, сите сфери од праменот се допираат во A, а радикалната рамнина е заедничка тангентна рамнина на сите овие сфери.</s><s>Централната права е нормална на радикалната рамнина на A.</s>
<s>Сите тангенти од фиксна точка на радикалната рамнина до сферите на праменот имаат иста должина.</s>
<s>Радикалната рамнина е геометриско место од точки (локус) на центрите на сите сфери кои се ортогонални на сите сфери од праменот.</s><s>Покрај тоа, сфера која е ортогонална на кои било две сфери од даден прамен од сфери е ортогонална на сите сфери од праменот и нејзиниот центар лежи во радикалната рамнина на праменот.</s>
<s>Прамен од коники
Коника кој не е дегенериран е целосно определен со пет точки во општа положба (т.е. меѓу точките нема три кои се колинеарни) во рамнина и системот на коники кои минуваат низ фиксна група од четири точки (кои повторно се компланарни и меѓу кои нема три колинеарни) се нарекува прамен од коники.</s><s>Четирите заеднички точки се нарекуваат основни точки на праменот.</s><s>Низ која било точка различна од основните точки, поминува точно една коника од праменот.</s><s>Овој концепт е обопштувње на поимот прамен од кружници.</s>
<s>Во проективна рамнина дефинирана преку алгебарски затворено поле, кои било две коники се среќаваат во четири точки (броени според кратноста) и така, го определуваат праменот од коники за овие четири точки.</s><s>Понатаму, четирите базни точки одредуваат три пара од прави (дегенерирани коники низ основните точки, секоја права од парот содржи точно две базни точки) и така секој прамен од коники ќе содржи најмногу три дегенерирани коники.</s>
<s>Прамен од коники може да се претстави алгебарски на следниов начин.</s><s>Нека и се две различни коники во проективна рамнина дефинирана преку алгебарски затворено поле .</s><s>За секој пар од елементи на , така што двата не се нула, изразот:</s>
<s></s>
<s>претставува коника од праменот определен со и .</s><s>Оваа симболична претстава може да се конкретизира со мала злоупотреба на ознаката (користејќи ја истата нотација за означување на објектот како и за равенката која го дефинира објектот.) Размислувајќи за , да речеме, како за тернарна квадратна форма, тогаш е равенката на „кониката “.</s><s>Друга конкретна реализација би била добиена со размислување за како за симетричната 3×3 матрица која ја претставува.</s><s>Ако и имаат такви конкретни реализации, тогаш таква реализација ќе има и секој член од горенаведениот прамен.</s><s>Бидејќи во овој начин се користат хомогени координати во проективна рамнина, две конкретни репрезентации (равенки или матрици) даваат иста коника ако се разликуваат за ненулта мултипликативна константа.</s>
<s>Прамен од рамнински криви
Поопшто, прамен е посебен случај на линеарен систем на делители во кој параметарскиот простор е проективна линија .</s><s>На пример, типичните прамени од криви во проективната рамнина се напишани како</s>
<s></s>
<s>каде што , се рамнински криви.</s>
<s>Историја
Дезарг е заслужен за измислувањето на терминот „прамен од прави“ (ordonnance de lignes ).</s>
<s>Еден од рaните автори на модерната проективна геометрија Г.Б. Халстед ги вовел термините копунктални и рамни прамени за да го дефинира поимот агол: „Правите кои минуваат низ иста точка се копунктални“.</s><s>Исто така „Множеството од сите компланарни, копунктални прави се нарекува рамнински прамен“ и „Парче рамнински прамен ограничено со две од правите како страни, се нарекува агол “.</s>
<s>Исто така види</s>
<s>Подесување на прамен
Прамен на Лефшец
Прамен од матрици
Прамен од полуправи (зраци)
Фибрација
Геометриско место од точки (Локус)</s>
<s>Белешки</s>
<s>Референци</s>
<s>.</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Проективна геометрија
Алгебарска геометрија</s>
|
1334581 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D0%BF%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B8 | Сноп од рамнини | <s>Во математиката, сноп од рамнини е множеството од сите рамнини кои имаат иста заедничка права.</s><s>Може да биде познат и како вентилатор од рамнини или прамен од рамнини.</s>
<s>Кога се проширува концептот на права до права во бесконечност, множество од паралелни рамнини може да се гледа како сноп од рамнини кои се сечат во права во бесконечност.</s><s>За да се разликува од поопштата дефиниција, нему може да му се додаде придавката паралелен, што резултира со изразот паралелен сноп од рамнини .</s>
<s>Исто така види</s>
<s>Вградување на книга, поим за вградување на графови над снопови од полурамнини</s>
<s>Белешки</s>
<s>Математички концепти</s>
|
1334582 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BA%D1%80%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9A%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD | Масакр во Кремен | <s>Масакр во Кремен — злосторство извршено од страна на четниците на Ванчо Михајлов, односно припадници на ВМРО (Автономистичка) врз македонското население во Пиринска Македонија.</s>
<s>Настан
По повод убиството на царскиот агент Тодор Александров, четниците на Ванчо Михајлов, по наредба на бугарските царски власти почнале невиден терор врз населението во Бугарија и Пиринскиот дел на Македонија.</s>
<s>Во селото Кремен, биле обвинети за непочитување на организацијата на царските автономисти и подложени на жестоко тепање 40-тина селани.</s><s>Шестмина од нив биле убиени, според други извори, станува збор за седум убиства.</s><s>Од ова село бил тепан учителот Георги Москов, кметот Димитар, Григор Парпалев, експертот на тутунската кооперација во Разлог, Георги Стефанов Килов, наречен Правото и уште двајца селани.</s>
<s>На патот меѓу Добриниште и Банско тие ги обесиле кметот Димитар и Григор Парпалев.</s><s>Другите двајца ги обесиле меѓу Бања и Банско, додека учителот Георги Москов и Ѓузданов биле убиени во еден дол под селото Добриниште.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Убиени по наредба на Ванчо Михајлов
В
В</s>
|
1334595 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%A1%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C | Алија Сиротановиќ | <s>Алија Сиротановиќ (Трториќи, кај Бреза, 14 август 1914 — Бреза, 16 - ти мај 1990), ― рудар-ударник и јунак на социјалистичкото работење, кој го надминал светскиот рекорд во копање јаглен.</s>
<s>Биографија
После Втората светска војна во земјите на социјализмот, на иницијатива на СССР биле покренати акциии за рушење на рекордот во производство на: копање јаглен, градење куќи, косење трева и сл.</s><s>Прв тоа во СССР, го направил Алексеј Стаханов, па така неговите следбеници биле наречени стахановци.</s>
<s>Анджеј Вајда, познатиот полски режисер, снимил антологиски филм „Човек од мермер“, овој пат во Полска.</s>
<s>На советувањето со стручниот кадар на рудникот и копачите, кое било одржано во јули 1949 година, копачот Алија Сиротановиќ предложил да биде овозможено на неговата бригада работа на три места за работење и дал обврска дека ќе го надмине рекордот на познатиот советски рудар Алексеј Стаханов, рудар кој имал рекорд од 102 тони ископан јаглен во текот на седмочасовниот работен ден.</s><s>Предлогот бил прифатен, а бригада на Алија веќе утредента на 24 јули 1949 година, започнала со соборување на рекордот.</s><s>Претседателот на комисијата која ја надгледувала работата објавила:</s>
<s>Алија Сиротановиќ, со своите осум коморати, за осум сати работа ископал 152 тони јаглен (253 рударски колички), префрлил норма за 215%, и го срушил дотогашниот рекорд на Стаханов за 50 тона и постигнал свој светски рекорд во ископување на јаглен.</s>
<s>Алија Сиротановиќ умрел на 16 мај 1990 година.</s>
<s>Една мала улица на периферијата на Бреза, го носи името на Алија Сиротановиќ, а во кругот на рудникот стои негова биста.</s>
<s>Банкнота
Алија бил насликан на југословенската банкнота од 20.000 динари издадена во 1987 година, набрзо повлечена од употреба во периодот на монетарите реформи на Анте Марковиќ.</s><s>Многу често, но и погрешно, Алија го мешаат со Ариф Хералиќ, леар од Зеница, кој се наоѓал на познатата југословенска банкнота од 10 динари.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Рудари
Луѓе од Бреза (град во Босна и Херцеговина)
Родени во 1914 година
Починати во 1990 година
Стахановци</s>
|
1334604 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0%20%D1%87%D0%B0%D1%88%D0%B0 | Несторова чаша | <s>Несторовата чаша е чаша за вино од осмиот век п.н.е. откриена во 1954 година во Лако Амено, античкиот трговски пазар Питекусаи во Магна Грција, на островот Искја во Неаполскиот Залив (Италија).</s><s>Чашата има натпис во три реда, еден од најраните преживеани примери за пишување со грчка азбука.</s>
<s>Натписот
Натписот три реда, изгравиран странично на чашата е еден од најстарите зачувани грчки натписи.</s><s>Натписот бил додаден после изработувањето на чашата, и датира од крајот на осмиот век п.н.е.</s>
<s>Наводи</s>
<s></s>
<s>Археолошки артефакти</s>
|
1334610 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%BC%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A2%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8 | Аксиоми на Тарски | <s>Аксиомите на Тарски (според Алфред Тарски), се збир аксиоми за суштинскиот дел од Евклидовата геометрија кој може да се формулира како логика од прв ред со идентитет и за кој не е потребна теоријата на множества () ,т.е. тој дел од Евклидовата геометрија е формулирана како елементарна теорија ).</s><s>Други модерни аксиомизации на Евклидовата геометрија се Хилбертовите аксиоми и Бирхофовите аксиоми .</s>
<s>Преглед
На почетокот на неговата кариера Тарски предавал геометрија и ја истражувал теоријата на множества.</s><s>Неговиот колега Стивен Гивант (1999) ја објаснил почетната точка на Тарски:</s>
<s>Од Енрикес, Тарски дознал за работата на Марио Пјери, италијански геометар кој бил под силно влијание на Пеано.</s><s>Тарски го претпочитал системот на Пиери [од неговиот труд Точка и сфера], во кој логичката структура и сложеноста на аксиомите биле потранспарентни.</s>
<s>Потоа Гивант вели дека „со типична темелност“ Тарски го осмислил својот систем:</s>
<s>Што беше различно кај пристапот на Тарски кон геометријата?</s><s>Како прво, аксиомскиот систем бил многу поедноставен од кој било од аксиомските системи кои постоеле дотогаш.</s><s>Всушност, должината на сите аксиоми на Тарски заедно не е многу повеќе од само една од 24-те аксиоми на Пиери.</s><s>Тоа беше првиот систем на Евклидовата геометрија кој беше доволно едноставен за сите аксиоми да се изразат само преку примитивните поими, без помош на дефинирани поими.</s><s>Уште поважно, за прв пат беше направена јасна разлика помеѓу целосната геометрија и нејзиниот елементарен дел - т.е. нејзиниот дел од прв ред.</s>
<s>Како и другите модерни аксиоматизации на Евклидовата геометрија, Тарски користи формален систем составен од низи на симболи, наречени реченици, чија конструкција ги почитува формалните синтаксички правила и правилата на докажување кои ги одредуваат дозволените манипулации на речениците.</s><s>За разлика од некои други модерни аксиоматизации, како што се Бирхофовата и Хилбертовата, аксиоматизацијата на Тарски нема примитивни објекти освен точките, така што променлива или константа не може да се однесува на права или агол.</s><s>Бидејќи точките се единствените примитивни објекти, и бидејќи системот на Тарски е теорија од прв ред, не е можно ниту правите да се дефинираат како множества од точки.</s><s>Единствените примитивни односи (предикати) се „помеѓу“ и „конгруентност“ меѓу точките.</s>
<s>Аксиоматизацијата на Тарски е пократка од нејзините ривали, во смисла дека Тарски и Гивант (1999) ја прават експлицитна.</s><s>Таа е поконцизна од онаа на Пиери бидејќи Пиери имал само два примитивни поима додека Тарски вовел три: точка, меѓусебност и конгруентност.</s><s>Таквата економија на примитивни и дефинирани поими значи дека системот на Тарски не е многу погоден за правење на Евклидова геометрија.</s><s>Наместо тоа, Тарски го дизајнирал својот систем за да ја олесни неговата анализа преку алатките на математичката логика, т.е. за да го олесни изведувањето на неговите метаматематички својства.</s><s>Системот на Тарски го има необичното својство дека сите реченици можат да бидат напишани во универзално-егзистенцијална форма, посебен случај на нормалната форма на пренекс.</s><s>Оваа форма ги има сите универзални квантификатори кои претходат на сите егзистенцијални квантификатори, така што сите реченици може да се преформулираат во форма Овој факт му овозможил на Тарски да докаже дека Евклидовата геометрија може да се реши: постои алгоритам со кој може да се одреди дали некоја реченица е вистинита или не е. Аксиоматизацијата на Тарски е и комплетна.</s><s>Ова не е во спротивност со првата теорема за некомплетност на Гедел, бидејќи на теоријата на Тарски и недостига експресивната моќ која е потребна за толкување на аритметиката на Робинсон ().</s>
<s>Аксиоми
Алфред Тарски работел на аксиоматизација и метаматематика на Евклидовата геометрија наизменично од 1926 година до неговата смрт во 1983 година, при што во делото Тарски (1959) го најавил неговиот зрел интерес за оваа тема.</s><s>Трудот на Тарски и неговите студенти за Евклидовата геометрија кулминирала во монографијата Schwabhäuser, Szmielew и Tarski (1983), во која ги поставиле 10-те аксиоми и една аксиомска шема прикажани подолу, поврзаната метаматематика и прилично малку од темата.</s><s>Гупта (1965) дал важни придонеси, а во Тарски и Гивант (1999) е опишана историјата.</s>
<s>Фундаментални односи
Овие аксиоми се поелегантна верзија на множеството кое Тарски го смислил во 1920-тите како дел од неговото истражување за метаматематичките својства на геометријата на Евклидската рамнина.</s><s>За оваа цел било потребно преформулирање на таа геометрија како теорија од прв ред .</s><s>Тарски го направил тоа поставувајќи универзум од точки, со мали букви кои означуваат променливи кои примаат вредности од тој универзум.</s><s>Еднаквоста е обезбедена од основната логика (види логика од прв ред#Еднаквост и нејзините аксиоми ).</s><s>Тарски тогаш поставил две примитивни релации:</s>
<s>Помеѓу, триадична релација.</s><s>Атомската реченица Bxyz или (y)B(x,z) означува дека y е „помеѓу“ x и z, со други зборови, дека y е точка на отсечката xz . (Оваа релација се толкува инклузивно, така што Bxyz е тривијално точно секогаш кога x=y или y=z).</s><s>Конгруенција (или „еднаквост“), тетрадична врска.</s><s>Атомската реченица Cwxyz или (w,x)C(y,z) или вообичаено wx ≡ yz може да се толкува како wx е складна на yz, со други зборови, дека должината на отсечката wx е еднаква на должината на отсечката yz .</s>
<s>Релацијата „помеѓу“ ја доловува афиноста (како што е паралелноста на прави) на Евклидовата геометрија.</s><s>Со конгруентноста, е покриен нејзиниот метрички аспект (како агли и растојанија).</s><s>Позадинската логика вклучува идентитет, бинарна релација.</s><s>Во аксиомите се повикува на идентитетот (или неговата негација) во пет наврата.</s>
<s>Аксиомите подолу се групирани според типовите на релации на кои се повикуваат, а потоа се подредени прво според бројот на егзистенцијални квантификатори, а потоа според бројот на атомските реченици.</s><s>Аксиомите треба да се читаат како универзални затворачи; оттука сите слободни променливи треба да се земат како премолчено универзално квантифицирани.</s>
<s>Аксиоми за конгруентност</s>
<s>Рефлексивност на конгруенцијата</s>
<s></s>
<s>Идентитет од конгруенција</s>
<s></s>
<s>Транзитивност на конгруенција</s>
<s>Коментар
Додека релацијата конгруентност формално е 4-насочна врска меѓу точките, исто така може да се смета, неформално, како бинарна врска меѓу две отсечки и .</s><s>Со комбинација на горенаведените аксиоми „Рефлексивност“ и „Транзитивност“, се докажува дека:</s>
<s>оваа бинарна релација е всушност еквиваленција.</s><s>Таа е:
рефлексивна: .
симетрична: .
транзитивна: .
и редоследот по кој се наведени точките на отсечка е ирелевантен.
.
.
.</s>
<s>Аксиомата „транзитивност“ тврди дека складноста е Евклидова, со тоа што е испочитуван првиот од „вообичаените поими“ на Евклид .</s>
<s>Аксиомата „Идентитет од конгруенција“ интуитивно наведува дека ако xy е складна со отсечка што почнува и завршува во иста точка, x и y се иста точка.</s><s>Ова е тесно поврзано со поимот рефлексивност за бинарни односи .</s>
<s>Аксиоми за „Помеѓу“</s>
<s>Идентитетот „Помеѓу“</s>
<s>Единствена точка на линискиот сегмент е .</s>
<s>Аксиома на Паш</s>
<s>Аксиомска шема на непрекинатост</s>
<s>Нека φ(x) и ψ(y) се формули од прв ред што не содржат слободни примероци ниту на a ниту на b. Исто така, нека нема слободни примери на x во ψ(y) или на y во φ(x).</s><s>Тогаш сите примери на следнава шема се аксиоми:</s>
<s></s>
<s>Нека r е зрак со крајна точка a. Нека формулите од прв ред φ и ψ ги дефинираат подмножествата X и Y од r, така што секоја точка во Y е десно од секоја точка од X (во однос на a).</s><s>Тогаш постои точка b во r која лежи помеѓу X и Y. Во суштина, ова е конструкцијата на пресек на Дедекинд, изведена на начин што избегнува квантификација преку множества.</s>
<s>Пониска димензија</s>
<s>Постојат три неколинеарни точки.</s><s>Без оваа аксиома, теоријата би можела да се моделира со еднодимензионална реална права, една точка или дури и празно множество.</s>
<s>Конгруентност и помеѓу</s>
<s>Повисока димензија</s>
<s>Три точки кои се еднакво оддалечени од две различни точки формираат права.</s><s>Без оваа аксиома, теоријата би можела да се моделира со тридимензионален или повисокодимензионален простор.</s>
<s>Аксиома на Евклид</s>
<s>Секоја од трите варијанти на оваа аксиома, сите еквивалентни во однос на преостанатите аксиоми на Тарски со постулатот за паралела на Евклид, има предност во однос на другите:</s>
<s>А разделува егзистенцијални квантификатори ;
Б има најмалку променливи и атомски реченици ;
В бара само еден примитивен поим, меѓусебност.</s><s>Оваа варијанта вообичаено се дава во литературата.</s>
<s>А :</s>
<s>Нека отсечка ги спојува средините на две страни од даден триаголник.</s><s>Таа отсечка ќе биде долга колку половина од третата страна.</s><s>Ова е еквивалентно на тврдењето дека збирот на внатрешните агли на кој било триаголник е еднаков на два прави агли.</s>
<s>Б :</s>
<s>За даден произволен триаголник, постои кружница која ги содржи сите негови темиња.</s>
<s>В :</s>
<s>За произволен агол и која било точка v во неговата внатрешност, постои отсечка која ја содржи v, со крајни точки на двете страни од аголот.</s>
<s>Пет отсечки</s>
<s></s>
<s>Започнете со два триаголника, xuz и x'u'z'.</s><s>Нацртајте ги отсечките yu и y'u', поврзувајќи го секое теме од секој триаголник со точка на страната која е спротивна на темето.</s><s>Резултатот е два поделени триаголника, секој составен од пет отсечки.</s><s>Ако четири отсечки од еден триаголник се складни со соодветна отсечка во другиот триаголник, тогаш петте отсечки во двата триаголника мора да бидат складни.</s>
<s>Ова е еквивалентно на признакот САС (страна-агол-страна) за складност на два триаголника; ако аглите uxz и u'x'z' се складни (постојат складни триаголници xuz и x'u'z' ), а двата пара соодветни страни се складни (xu ≡ x'u' и xz ≡ x'z'), тогаш преостанатиот пар страни се исто така складни (uz ≡ u'z).</s>
<s>Конструкција на отсечки</s>
<s>За која било точка y, во која било насока (одредена со x) може да се нацрта отсечка која е складна на која било дадена отсечка ab.</s>
<s>Дискусија
Поаѓајќи од две примитивни релации чие поле е густ универзум од точки, Тарски изградил геометрија на отсечки на прави.</s><s>Според Тарски и Гивант (1999: 192-93), ниту една од горенаведените аксиоми не е фундаментално нова.</s><s>Првите четири аксиоми воспоставуваат некои елементарни својства на двете примитивни релации.</s><s>На пример, Рефлексивноста и Транзитивноста на Конгруенцијата утврдуваат дека Конгруенцијата е релација за еквиваленција за правите отсечки.</s><s>Идентитетот на Конгруенцијата и релацијата Помеѓу го решаваат тривијалниот случај кога тие односи се применуваат на неразлични точки.</s><s>Теоремата xy ≡ zz ↔ x = y ↔ Bxyx ги проширува овие аксиоми на Идентитетот.</s>
<s>Голем број други својства на Помеѓу може да се изведат како теореми me]u кoи:</s>
<s>Рефлексивност: Bxxy;
Симетрија: Bxyz → Bzyx;
Транзитивност: (Bxyw ∧ Byzw) → Bxyz;
Поврзаност: (Bxyw ∧ Bxzw) → (Bxyz ∨ Bxzy).</s>
<s>Последните две својства целосно ги подредуваат точките кои ја сочинуваат отсечката.</s>
<s>Горната и Долната димензија заедно бараат секој модел од овие аксиоми да има специфична конечна димензионалност.</s><s>Соодветните промени во овие аксиоми даваат множества на аксиоми за Евклидовата геометрија за димензии 0, 1 и поголеми од 2 (Tarski and Givant 1999: Аксиоми 8(1), 8(n), 9(0), 9(1), 9(n) ).</s><s>Забележете дека за цврстата геометријане се потрбни нови аксиоми, за разлика од случајот со Хилбертовите аксиоми.</s><s>Згора на тоа, Долната димензија за n димензии е едноставно негација на горната димензија за n - 1 димензии.</s>
<s>Кога бројот на димензиите е поголем од 1, релацијата Помеѓу може да се дефинира преку Конгруентноста (Тарски и Гивант, 1999).</s><s>Прво се дефинира релацијата „≤“ (каде се толкува „должината на отсечката е помала или еднаква на должината на отсечката "):</s>
<s></s>
<s>Во случај на две димензии, интуицијата е следнава: За која било отсечка xy, се зема можниот опсег на должини на xv, каде што v е која било точка на нормалната симетрала на xy.</s><s>Очигледно е дека додека не постои горна граница на должината на xv, постои долна граница, која се јавува кога v е средната точка на xy .</s><s>Значи, ако xy е пократок или еднаков на zu, тогаш опсегот на можните должини на xv ќе биде надмножество од опсегот на можни должини на zw, каде што w е која било точка на нормалната симетрала на zu .</s>
<s>Потоа може да се дефинира релацијата Помеѓу со користење на интуицијата дека најкраткото растојание помеѓу кои било две точки е отсечка:</s>
<s></s>
<s>Аксиомската шема за непрекинатост нè уверува дека подредувањето на точките на правата е комплетно (во однос на својствата што може да се дефинирливи од прв ред).</s><s>Аксиомите на Паш и Евклид се добро познати.</s><s>Треба да се забележи дека за Евклидовата геометрија се потребни само следниве дополнителни аксиоми:</s>
<s>Конструкција на отсечки.</s><s>Оваа аксиома ги овозможува мерењето и Декартовиот координатен систем со едноставно доделување на реалниот број 1 на некоја произволна непразна отсечка;</s>
<s>Нека ддф значи добро дефинирана формула (или синтаксички правилна формула) на елементарната геометрија.</s><s>Тарски и Гивант (1999: 175) докажале дека елементарната геометрија е:</s>
<s>Конзистентна : Не постои ддф таква што и таа и нејзината негација истовремено се теореми;
Комплетна: За секоја реченица или таа или нејзина негација е докажлива теорема од аксиомите;
Решлива: Постои алгоритам со кој се проверува вистинитоста на секоја реченица.</s><s>Ова следува од Тарскиевите:
Постапка за одлучување за реално затворено поле, кое го нашол со елиминација на квантификаторите (теорема на Тарски-Зајденберг);
Аксиоми кои овозможуваат (повеќедимензионална) верна интерпретација како реално затворено поле .</s>
<s>Гупта (1965) докажал дека горенаведените аксиоми се независни, со исклучок на аксиомата на Паш и Рефлексивноста на конгруенцијата.</s>
<s>Со негирање на Аксиомата на Евклид се добива хиперболичната геометрија, додека со целосна елиминација се добива апсолутната геометрија.</s><s>Целосната (за разлика од елементарната) Евклидова геометрија бара откажување од аксиоматизацијата од прв ред: се заменуваат φ(x) и ψ(y) во аксиомската шема за Непрекинатост со x ∈ A и y ∈ B, каде A и B се универзално квантифицирани променливи кои примаат вредности од множества од точки.</s>
<s>Споредба со Хилбертовите аксиоми
Хилбертовите аксиоми за рамнината геометрија се 16 на број, и ги вклучуваат Транзитивноста на конгруенцијата и варијанта на Аксиомата на Паш.</s><s>Единствениот поим од интуитивната геометрија кој се повикува во забелешките за аксиомите на Тарски е триаголникот. (Верзиите B и C' од Аксиомата на Евклид се однесуваат на „кружница“ и „агол“, соодветно.) Во Хилбертовите аксиоми потребни се поимите „полуправа (или зрак)“, „агол“ и поим за триаголник кој „вклучува“ агол.</s><s>Покрај релациите Помеѓу и Конгруенција, кај Хилбертовите аксиоми се бара примитивна бинарна релација „лежи на“, со која се поврзуваат поимите точка и права.</s><s>Аксиомската шема за непрекинатост игра улога слична на двете аксиоми на Хилберт за непрекинатост.</s><s>Оваа шема е незаменлива; Евклидовата геометрија во јазикот на Тарски (или еквивалентен со него) не може да биде крајно аксиоматизирана како теорија од прв ред.</s><s>Хилбертовите аксиоми не сочинуваат теорија од прв ред бидејќи за неговите аксиоми за непрекинатост е потребна логика од втор ред .</s>
<s>Првите четири групи аксиоми од Хилбертовите аксиоми за геометрија на рамнина се би-интерпретабилни со Тарските аксиоми освен непрекинатоста.</s>
<s>Исто така види</s>
<s>Евклидова геометрија
Евклидов простор</s>
<s>Белешки</s>
<s>Наводи
.</s><s>Available as a 2007 reprint, Brouwer Press,</s>
<s>Елементарна геометрија</s>
|
1334611 | https://mk.wikipedia.org/wiki/The%20Northern%20Miner%20%28%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B0%29 | The Northern Miner (Канада) | <s>The Northern Miner (во превод: Северниот рудар) ― канадско неделно трговско списание (порано дел од Hollinger Inc.) што известува за рударската индустрија.</s><s>The Northern Miner започнал со објавување во Кобалт, Онтарио, Канада, во 1915 година, и оттогаш го преселиле седиштето во Торонто.</s>
<s>Неделното списание е сметано за „водечки авторитет за рударската индустрија во Канада“, и „библијата на рударската индустрија“.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Списанија објавувани во Торонто
Списанија основани во 1915 година
Неделни списанија објавувани во Канада
Трговски списанија објавувани во Канада
Појавено во 1915 година во Онтарио
Никулци за рударство</s>
|
1334613 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%BE%20%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE | Душевно растројство | <s>Душевно растројство — однесување или душевна состојба што предизвикува суштинско страдање и нарушување на личното функционирање.</s><s>Овие состојби можат да бидат трајни, периодични или еднократни.</s><s>Познати се бројни такви растројства со широко различни знаци и симптоми.</s><s>Душевните растројства се само една страна на душевното здравје.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Overcoming Mental Health Stigma in the Latino Community – Consult QD
National Institute of Mental Health
International Committee of Women Leaders on Mental Health</s>
<s>Душевни болести
Душевни растројства
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334618 | https://mk.wikipedia.org/wiki/The%20Northern%20Miner%20%28%D0%90%D0%B2%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%29 | The Northern Miner (Австралија) | <s>The Northern Miner (во превод: Северниот рудар) ― семрежен весник објавуван во Чартерс Тауерс, Квинсленд, Австралија.</s>
<s>Историја
The Northern Miner првпат бил основан во 1872 година од Џејмс Смит Рид.</s><s>Рид го основал весникот само осум месеци по откривањето на златото во гратчето Чартерс Тауерс во Квинсленд.</s>
<s>Во 1876 година, Рид го продал весникот на Тадеус О'Кејн.</s><s>Како сопственик и уредник на The Northern Miner, О'Кејн се посветил себеси кон весникот, за подобрување на животот на рударите кои работат во Чартерс Тауерс.</s>
<s>Од петте весници објавувани во златните полиња, The Northern Miner бил единствениот што го преживеа падот во ископувањето злато.</s><s>Весникот и денес е објавуван од истата адреса на улицата „Гил“ на која се наоѓа уште од 1878 година.</s>
<s>Дигитализација
Весникот е дигитализиран како дел од Програмата за дигитализација на австралиските весници на Националната библиотека на Австралија.</s>
<s>Поврзано</s>
<s>Список на весници во Австралија
Чартерс Тауерс</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>Семрежни весници со прекинати печатени изданија
Појавено во 1872 година во Австралија
Чартерс Тауерс (град)
Весници основани во 1872 година
Весници објанувани во Квинсленд
Никулци за рударство</s>
|
1334623 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D1%84%20%D0%93%D0%B5%D1%80%D1%86 | Адолф Герц | <s>Адолф Герц (18 декември 1857 година во Мајнц, Големо Војводство Хесен - 28 јули 1900 година во Гисбах, Швајцарија) ― германски рударски инженер кој се преселил во областите во јужна Африка под британска контрола.</s><s>Тој се преселил во 'Ртската Колонија околу 1888 година.</s><s>Тој го основал претпријатието Adolf Görz & Co, која подоцна станала Union Corporation, која била една од петте првични претпријатија за ископување злато во Јужна Африка.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Починати во 1900 година
Родени во 1857 година
Стопанственици од Мајнц
Доселеници во Швајцарија
Иселеници од Германското Царство
Германски рударски инженери
Доселеници во 'Ртската Колонија
Инженери од Германското Царство
Никулци за рударство</s>
|
1334624 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D0%BA%D0%B0%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE | Чекан и длето | <s>Чекан и длето ― симбол на рударството, често користен во хералдиката.</s><s>Може да означува рударство, рудници (особено на карти или во картографијата) или рудари, а исто така е користен како фигура во грбовите на рударските градови.</s>
<s>Симболот ги претставува традиционалните алатки на рударот, чекан и длето на рачка, слично на казма, но со еден тап крај.</s><s>Тие се прикажани на начинот на кој еден деснак работник би ги положил: длетото со точката десно и рачката доле лево, чеканот со рачката доле десно и главата горе лево.</s><s>Рачката на длетото излегува над главата, бидејќи главата не е трајно укрутена, но може да биде заменета со ново изострена глава кога е тапа од употреба.</s><s>Во грбовите, симболот често е прикажуван во црно (грбовите на Јохангеоргештат, Хевелс), но и во природни бои (Телнице) или во златна или сребрена боја (Абертами, Боденвер, Гелзенкирхен).</s>
<s>Примери</s>
<s>Друго
Чеканот и длетата се користени за означување на работниот ден, на работниот распоред.</s><s>Како емоџи, често е користен како симбол за навивачите на премиерлигашот Вест Хем Јунајтед и за навивачите на украинскиот премиерлигаш Шахтјор Доњецк.</s>
<s>Уникод
Во Уникод, симболот „чекан и длето“ е U+2692 ⚒.</s>
<s>Поврзано</s>
<s>Рака и чекан
Срп и чекан
Рударска култура и традиции
Хералдички фигури
Политички симболи
Никулци за рударство</s>
|
1334625 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Xbox%20One | Xbox One | <s>Xbox One (македонски: Xbox еден) — серија играчки конзоли од осмото поколение развиени од Microsoft.</s><s>Тие го наследуваат Xbox 360.</s><s>Изворниот Xbox One бил објавен на 22 ноември 2013 г., скоро еден месец подоцна од PlayStation 4. Првоначалниот модел на Xbox One бил заменет со Xbox One S во 2016 г., кој има помало тело и поддршка за видео HDR10, како и поддршка за репродукција на 4K-видео и зголемување на резолуцијата на игрите од 1080p на 4K. Бил пофален од критичарите за помалите размери, видните подобрувања на екранот и недостатокот на надворешна моќност, но биле забележани и неговите недостатоци, како што е недостатокот на вграден Kinect-порт.</s><s>Моделот од високата класа, Xbox One X, бил претставен во јуни 2017 г. и бил пуштен во продажба во ноември.</s><s>Се одликува со подобрени апаратни карактеристики и поддршка за игри со резолуција 4K.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>"Xbox One: Main SoC and Xbox one Kinect"</s>
<s>Xbox One
Играчки конзоли
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334627 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD | Витрен | <s>Витрен ― литотип на јаглен создаден од кората на големите растенија.</s><s>Познат по својот сјаен изглед, витренот обично се појавува во тенки ленти, меѓу 3 и 10 милиметри во ширина.</s><s>Има кршлива текстура и обично образува коцкести парчиња кога се скрши.</s><s>Хемиски, витренот се издвојува меѓу литотиповите на јаглен со тоа што има големи концентрации на германиум.</s><s>Согорувањето на витренот се покажува како витален извор на производство на германиум, каде што елементот може да биде извлечен од преостанатиот пепел.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Јаглен
Никулци за рударство</s>
|
1334629 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D1%98%D0%BE%D0%BF%D0%B0 | Тајопа | <s>Тајопа ― името на легендарниот изгубен рудник за сребро во планините Сиера во Мексико.</s><s>Многу приказни, легенди и митови го опкружуваат, како и статии и книги кои ја опишуваат потрагата по него.</s><s>Фолклористот Џ.</s><s>Френк Доуби посветил дел од својата книга „Апачко злато и јаквиско сребро“ (Apache Gold and Yaqui Silver) на приказната за овој легендарен изгубен рудник.</s>
<s>Поврзано</s>
<s>Список на изгубени рудници</s>
<s>Наводи</s>
<s>Урбани легенди
Изгубени рудници
Рудници за сребро во Мексико
Мексикански легенди
Никулци за рударство</s>
|
1334630 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%20%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE | Традиционално рударство | <s>Традиционално рударство, познато и како старовремско рударство, ― рударски метод кој вклучува употреба на едноставни рачни алатки, како што се лопати, чизми, чекани, длета и садови.</s><s>Вршено е и во површинска и во подземна средина.</s><s>До раните 1900-ти, традиционалното рударство било широко користено низ целиот свет.</s><s>Сè уште е користен метод на рударство во некои земји, вклучувајќи ги Колумбија и Перу во Јужна Америка и Нигер во Африка.</s><s>Во традиционалното површинско и подземно ископување, се користени чекани и длета со казми и лопати.</s><s>Рударски колички се користени за движење на руда и други материјали во постапката на ископување.</s><s>Садовите се користени за зафати за плацерно ископување, како што е ситото за злато.</s><s>Традиционалниот метод на раздробување карпи бил со палење оган, што вклучувал загревање на карпата со оган за да се прошири.</s><s>Откако карпата ќе се загрее, таа била гаснета со вода за да се скрши.</s><s>Запалувањето било еден од најефикасните методи за кршење карпи до 1867 година кога Алфред Нобел го измислил динамитот.</s>
<s>Традиционалните рударски зафати создале некои од најголемите рачно изработени одлики на Земјата, како што е отворениот рудник Голема Дупка (Биг Хол) во Јужна Африка, за кој се тврди дека е најголемата дупка на Земјата ископана рачно.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Традиционално рударство
Никулци за рударство</s>
|
1334631 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20%D0%B8%20%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BB%D1%83%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Установа за рударство и металургија | <s>Установа за рударство и металургија (изворно: Institution of Mining and Metallurgy; IMM) ― британска истражувачка установа, основана во 1892 година.</s><s>Членовите на Установата ја користеле наставката MIMM (Member of the Institution of Mining and Metallurgy).</s>
<s>Во 2002 година, таа била споена со Институтот за материјали за да го створат Институтот за материјали, минерали и рударство.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Некролози на членовите 1892-1968 Друштво за истражување на северниот рудник
Геолошки организации
Појавено во 1892 година во Обединетото Кралство
Прекинати професионални здруженија со седиште во Обединетото Кралство
Рударство во Обединетото Кралство
Рударски организации
Никулци за рударство</s>
|
1334632 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B8%D0%BB%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82 | Силвинит | <s>Силвинит ― седиментна карпа направена од механичка мешавина на минералите силвит (KCl, или калиум хлорид) и халит (NaCl, или натриум хлорид).</s><s>Силвинитот е најважниот извор за производство на поташа во Северна Америка, Русија и Обединетото Кралство.</s><s>Повеќето канадски зафати ископуваат силвинит со пропорции од приближно 31% KCl и 66% NaCl, а рамнотежата е нерастворливи глини, анхидрит и на некои места - карналит.</s><s>Други наоѓалишта на силвинит се наоѓаат во Белорусија, Бразил, Франција, Германија, Казахстан, Словачка и Шпанија.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Седиментни карпи
Поташа
Евапорит
Никулци за рударство</s>
|
1334634 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%97%D0%B5%D0%B2%20%28%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B3%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0%29 | Зев (лингвистика) | <s>Зев или хијат — појава на два одделни самогласки во соседни слогови без интервентна согласка.</s><s>Кога два самогласки наместо тоа се појавуваат заедно како дел од еден слог, резултатот се нарекува дифтонг.</s>
<s>Поврзано
Дифтонг
Синереза
Елизија</s>
<s>Наводи</s>
<s>Самогласки
Фонетика</s>
|
1334637 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20%28%D0%A7%D0%B8%D0%BB%D0%B5%29 | Министерство за рударство (Чиле) | <s>Министерство за рударство () ― министерство задолжено за прашањата поврзани со рударството во Чиле.</s>
<s>Рударскиот сектор учествувал со 16,4% од бруто домашниот производ на Чиле во 2009 година, 14.157 милијарди пезоси, главно од ископувањето бакар.</s>
<s>Од март 2022 година, министерот за рударство () е Марсела Ернандо.</s>
<s>Во август 2023 година, Бориќ ја заменил Ернандо во реконструкција на кабинетот со Аурора Вилијамс.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Службено мрежно место</s>
<s>Министерства за рударство
Министерства на Чиле
Никулци за рударство
Никулци за чилеанска политика</s>
|
1334640 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%97%D0%B5%D0%B2%20%28%D0%BF%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%29 | Зев (појаснување) | <s>Зев може да се однесува на:</s>
<s>Зев — меѓупростор помеѓу двата слоја жици на основата низ кој минува совалката и јатокот во процесот на правење ткаенина (ткаење).</s><s>Зев (лингвистика) — појава на два одделни самогласки во соседни слогови без интервентна согласка.</s>
<s>Појаснителни страници</s>
|
1334643 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%B0%D0%B1%D0%B8%20%D0%A7%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D1%80 | Чаби Чекер | <s>Чаби Чекер (анг: Chubby Checker; роден како Ернест Еванс (Ernest Evans); 3 октомври 1941 година) ― американски пејач и танчер.</s><s>Тој е познат по промовирањето и популаризирањето твистот.</s><s>Тоа му успеало со изведбата на песната The Twist (преработка на песна од Хенк Балард) во 1960 година, која веднаш се искачила на прво место на американската топ листа (Billboard Hot 100).</s>
<s>Во септември 2008 година, „The Twist“ била на врвот на топ-листата на најпопуларни синглови кои се појавиле во Hot 100 на Billboard од првото објавување на листата во 1960 година; песната се задржала на прво место до ажурирањето на листата во август 2013 година.</s>
<s>Живот и кариера
Ернест Еванс е роден во Спринг Гали, Јужна Каролина, но детството го поминал во Јужна Филаделфија, каде живеел со неговите родители и двајцата браќа.</s><s>Уште пред да се запише во средно училиште, Ернест научил да свири на пијано.</s>
<s>По завршување на училиштето, Ернест Еванс работел на различни работни места, а секаде ги забавувал клиентите со имитирање на популарните пејачи од тоа време.</s><s>Неговиот шеф во продавницата, „Тони А.“, на Еванс му го дал прекарот „Чаби“ (буцкаст).</s><s>Неговите вокални способности толку го воодушевиле сопственикот на центарот Хенри Колт што тој го убедил својот познаник и пријател Карл Ман (кој работел во Cameo-Parkway Records како композитор), да го земе Чаби, како што тој го нарекол, и да му сними песна за американското телевизиско шоу American Bandstand, кое го водел Дик Кларк.</s><s>На сесијата за снимање, Еванс го добил своето уметничко име од сопругата на Кларк, која го прашала Еванс како се вика.</s><s>„Па“, одговорил тој, „моите пријатели ме викаат „Чаби“.</s><s>Бидејќи тој штотуку завршил со изведба од Fats Domino, таа се насмеала и рекла: „Како дама? (анг: сhecker) Тој веднаш се насмевнал на играта на зборови („chubby“ што значи буцкаст и „дама“, што е слично со „домино“, друштвена игра) и оттогаш, Еванс одлучил да го користи името „Чаби Чекер“.</s>
<s>Во декември 1958 година, Чекер приватно снимиl нов сингл за Кларк.</s><s>Чекер имитирал неколку музичари (Фетс Домино, The Coasters, Elvis Присли, Кози Кол и The Chipmunks) како ја пеат песната „Mary Had a Little Lamb“.</s><s>На луѓето од Cameo-Parkway Records многу им се допаднала снимката и потпишале договор со Чаби Чекер.</s><s>Тие објавиле сингл со неговата снимка наречена The Class; плочата имала солиден успех и се искачила на 38 место на американските топ листи во 1959 година.</s>
<s>Во јули 1960 година, Чекер ја извел неговата верзија на „The Twist“.</s><s>„The Twist“ веднаш се нашла на врвот на Billboard Hot 100.</s><s>Песната уште еднаш избила на прво место на крајот од 1961 година по разиграната изведба во живо на песната на Шоуто на Ед Саливен, кое го гледале преку 10 милиони гледачи.</s><s>Танцувањето твист станало светски феномен.</s>
<s>По неговиот прв голем успех, тој продолжил да издава релативно успешни танцови синглови; The Hucklebuck (#14), The Fly (#7), Dance the Mess Around (#24) и Pony Time, кој станал втор број 1 сингл на Чекер.</s><s>Следната „твист“ песна на Чекер, „Let's Twist Again“, ја освоила наградата Греми во 1962 година за најдобра рокенрол песна.</s><s>Во 1962 година, тој снимил дует со пејачот Ди Ди Шарп, Slow Twistin , кој се искачил на 3-то место, а потоа го издал синглот Limbo Rock, кој се искачил на второ место при крајот на 1962 година.</s><s>Limbo Rock бил последен хит на Чекер кој се пласирал во топ-10 на Билбордовата листа.</s>
<s>Во 1964 година, Чекер се оженил со холандската убавица Катарија Лодерс, поранешна Мис на светот од 1962 година.</s><s>По бракот, Чекер продолжил да снима релативно успешни плочи до 1965 година, кога промената на музичкиот вкус ставил крај на неговата кариера.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Chubby Checker – King Of The Twist – by Dr. Frank Hoffmann
Chubby Checker says "There's a New 'Twist' in the Law!" (Social Security Public Service Announcements)
Interviewed March 22, 2010 on WNYC SoundCheck with John Schaefer; Discusses this Wikipedia entry and career
Chubby Checker discography at Discogs</s>
<s>Живи луѓе
Добитници на Греми
Американски пејачи и пејачки од 21 век
Американски пејачи и пејачки од 20 век
Родени во 1941 година
Афроамерикански пејачи
Рокенрол музичари
Афроамерикански рок пејачи</s>
|
1334645 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D1%83%D0%BF%D0%BD%D0%B8%D0%BA%20%28%D0%BF%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%29 | Крупник (пченица) | <s>Крупник или пира (Triticum spelta; Triticum dicoccum) — вид пченица што се одгледува од петтото илјадалетие пред новата ера.</s>
<s>Од бронзеното време до средниот век, крупникот бил важна животна намирница во многу делови на Европа.</s><s>Денес е реликтен вид кој главно се одгледува во Средна Европа и Северна Шпанија.</s><s>Често се смета за подвид на обичната пченица (Triticum aestivum) со која е тесно поврзан, во тој случај неговото ботаничко име би било Triticum aestivum subsp. spelta.</s><s>Пченицата е хексаплоидна, што значи дека има шест групи на хромозоми.</s>
<s>Еволуција
Крупникот има сложена историја.</s><s>Станува збор за вид пченица познат врз основа на генетски докази дека потекнува како природен хибрид на домашна тетраплоидна пченица како што се пченицата емер и дивата козја трева.</s><s>Оваа хибридизација мора да се случила на Блискиот Исток, бидејќи Aegilops tauschii расте таму, и веројатно се случила пред појавата на обичната или обичната пченица (хексаплоиден дериват на крупникот) во археолошките записи пред околу 8.000 години.</s>
<s>Генетските докази покажуваат дека крупникот може да се појавил и како резултат на хибридизација на лебната пченица и емер-пченицата, иако само во одреден миг по почетната хибридизација на тетраплоидната пченица.</s><s>Многу подоцнежното појавување на крупникот во Европа затоа би можело да биде резултат на подоцнежна, втора, хибридизација помеѓу емерот и лебното жито.</s><s>Неодамнешните ДНК докази го поддржуваат независното потекло на европскиот крупник преку оваа хибридизација.</s><s>Во моментов не е јасно дали крупникот има две одделни потекла, од Азија и Европа, или едно потекло од Блискиот Исток.</s>
<s>Историја</s>
<s>Историјата на крупникот е доста сложена.</s><s>Генетските докази покажуваат дека се работи за тетраплоиден хибрид на пченица.</s><s>Оваа хибридизација најверојатно се случила на Блискиот Исток, пред појавата на обичната или лебната пченица (Triticum aestivum).</s>
<s>Според грчката митологија, крупникот им бил даден на Старите Грци од божицата Деметра.</s><s>Најраните археолошки наоди на крупник доаѓаат од Јужен Кавказ, североисточно од Црното Море (5-ти милениум пр. н. е.), иако најбројните и најдобро документираните наоди се забележани во Европа.</s><s>Остатоци од крупник се пронајдени во некои неолитски наоѓалишта во Средна Европа (2500–1700 пр. н. е.).</s><s>За време на бронзената доба, крупникот бил широко распространет во Средна Европа.</s><s>Во железното време (750–15 пр. н. е.) станува главен вид пченица во јужна Германија и Швајцарија.</s>
<s>Во средниот век се одгледувал во делови од Швајцарија, Тирол, Германија, Северна Франција и Јужна Холандија.</s><s>Во 9 век пр. н. е. станува главен посев во Европа, веројатно поради неговата лушпа што го штити зрното, што го прави подобро прилагоден на постудена клима од другите житарки, а со самото тоа е попогоден за складирање.</s>
<s>Нутрициона вредност</s>
<s>Крупникот содржи 338 калории на 100 грама.</s><s>Одличен извор е на протеини, диетални влакна, витамини од групата Б и бројни минерали.</s><s>Многу е богат со манган (143% DV), фосфор (57% DV) и ниацин (46% DV).</s><s>Содржината на јаглехидрати е околу 70%, диетални влакна 11%, додека процентот на масти е низок.</s>
<s>Крупникот содржи глутен и е погоден за печење, но не се препорачува за луѓе кои се нетолерантни на глутен, како оние што имаат целијачна болест, нецелијачна чувствителност на глутен, и алергија на пченица.</s><s>Во споредба со тврдата црвена зимска пченица, крупникот има порастворлива протеинска матрица која се одликува со повисок сооднос глиадин - глутенин.</s>
<s>Производи
Во Германија и Австрија, лебовите и кифличките (Динкелброт) се широко достапни во пекарниците, а брашното од крупник е достапно во супермаркетите.</s><s>Незрелите зрна од крупник се сушат и се јадат како Гринкерн („зелено зрно“).</s><s>Во Полска, лебот и брашното се најчесто достапни како здрава храна и се широко достапни во пекарниците.</s>
<s>Холандските генерички производители го дестилираат крупникот.</s><s>Пивото што се прави од крупник го има во Баварија и Белгија, а крупникот се користи за правење вотка во Полска.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Житарки
CS1-одржување: непрепознаен јазик
CS1-одржување: датумски формат</s>
|
1334653 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BF%D0%BB%D0%BE | Дипло | <s>Томас Весли Пенц (анг: Thomas Wesley Pentz; роден на 10 ноември 1978 г.), професионално познат како Дипло (анг: Diplo), ― американски диск-џокеј, текстописец и музички продуцент.</s><s>Тој е ко-основач и член на електронската група Major Lazer, член на супергрупата LSD со Сија и Лабринт, член на електронското дуо Jack Ü и член на Silk City со Марк Ронсон.</s><s>Тој ја основал и раководи со издавачката куќа Mad Decent, и исто така е ко-основач на непрофитната организација Heaps Decent.</s><s>Неговото ЕP од 2013 година, Revolution, дебитирало на 68-то место на американскиот Билборд 200.</s>
<s>Дипло соработувал и бил во врска со британската раперка M.I.A., која е заслужна за неговиот пробив на почетокот од кариерата.</s><s>Подоцна, тој и неговиот колега Свич создале јамајски денс проект и анимирана серија насловена како Major Lazer.</s><s>Потоа, Дипло работел на проекти за продукција и миксирање со многу други поп уметници, како: Гвен Стефани, Die Antwoord, Бритни Спирс, Мадона, Шакира, Бијонсе, Ели Гулдинг, No Doubt, Џастин Бибер, Ашер, Снуп Дог, Крис Браун и други.</s><s>Неговото уметничко име е кратенка од Диплодокус и потекнува од неговата импресионираност од диносауруси.</s>
<s>Живот и кариера
Дипло е роден на 10 ноември 1978 година во Тупело, Мисисипи.</s><s>Тој има германско и англиско потекло.</s><s>Дипло завршил средно училиште во Хендерсонвил, Тенеси.</s>
<s>Иако е роден во Мисисипи, поголемиот дел од својата младост го поминал во Мајами, каде се запознал со карактеристичниот Мајами-бас.</s><s>Во 1997 година се запишал на Универзитетот во Централна Флорида.</s><s>Додека студирал таму, станал диџеј на локалната радио станица WPRK.</s><s>Подоцна се преселил во Филаделфија и ги продолжил студиите на Универзитетот Темпл, каде што за прв пат се истакнал како диџеј.</s><s>На 20-годишна возраст, Дипло заминал за Индија.</s><s>Тој купил половен мотоцикл Енфилд и патувал низ индиските региони: Ладак, Утараханд, Западен Бенгал и Гуџарат.</s><s>Додека бил во Индија, тој собирал плочи и посетувал места за да ги слуша луѓето кои свират на ситар и табла.</s>
<s>Откако се вратил во САД се запознал со диџејот Low Budget.</s><s>Во 2003 година, двајцата почнале да прават забави насловени како „Hooked on Hollertronix“.</s>
<s>Во 2004 година, Томас Весли Пенц, под псевдонимот Дипло го издал својот прв солистички албум „Florida“.</s><s>Албумот бил снимен двапати, прво на ЦД, а потоа на ДВД.</s>
<s>Во 2004 година додека бил диџеј во Fabric Club во Лондон му пришла M.I.A. Дипло продолжил да работи со M.I.A. и преку неа го запознал лондонскиот диџеј Свич.</s><s>Заедно, тие ја создале песната „Paper Planes“ номинирана за Греми, која стигнала до 4-то место на Billboard Hot 100.</s><s>Во 2015 година, во интервју за Ролинг Стоун, M.I.A. рекла дека на Дипло во 2005 не му се допаѓало што таа станала славна, дека се обидел да ја спречи и се натпреварувал со неа за тоа кој ќе биде поуспешен.</s>
<s>Тој е основач и сопственик на познатата етикета Mad Decent.</s>
<s>Во 2009 година, Дипло, заедно со диџејот и продуцент Switch, го започнале проектот Major Lazer.</s><s>Но, во 2011 година тие се разделија.</s><s>Switch го напуштил проектот.</s><s>Групата Major Lazer ја сочинуваат Diplo, Jillionaire и Walshy Fire.</s>
<s>Неколку години на радио-1 на Би-Би-Си водел свое неделно шоу „Дипло и пријателите“.</s>
<s>Во 2013 година, бил номиниран за Греми во категоријата „некласичен продуцент на годината“.</s>
<s>Во 2015 година, Дипло беше најпопуларниот музичар на апликацијата за препознавање музика Шазам.</s><s>Корисниците на апликацијата ги пребарале неговите песни околу 40 милиони пати во една година.</s>
<s>Личен живот
Дипло има три сина: Локет и Лазер, со Кетрин Локхарт; и Пејс, со Џевон Кинг.</s>
<s>Бил во врска со M.I.A од 2003 година до 2008 година.</s><s>M.I.A. подоцна рекла дека во нивната бурна врска имало и емоционална злоупотреба од негова страна.</s><s>Дипло, речиси една година бил во врска со пејачката Кети Пери, во 2014 и 2015 година.</s>
<s>Дискографија
Студиски албуми</s>
<s>Florida (2004)
Chapter 1: Snake Oil (as Thomas Wesley) (2020)
MMXX (2020)
Diplo (2022)</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Diplo discography at Discogs</s>
<s>Американци со германско потекло
Американски хип-хоп продуценти
Живи луѓе
Родени во 1978 година
Статии со hCards
Статии со краток опис
Американски диџеи
Американски рапери
Добитници на MTV Video музички награди
Добитници на Греми
Американски кантавтори</s>
|
1334657 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%B0%21 | Торадора! | <s>Торадора! () — серија лесни романи од Јујуко Такемија, чиј прв том бил објавен на 10 март 2006 г., а последниот, десетти, на 10 март 2009 г. Како продолжение на заплетот, продолжува да се објавува истоимената манга од Зекјо.</s><s>Објавувањето во списанието Dengeki Comic Gao! било запрено на 27 јануари 2008 г., но продолжило од компанијата ASCII Media Works под отпечатокот Dengeki Daioh на 21 март 2008 г. Радиопредавање на семрежјето било организирано во септември 2008 г. од страна на Animate TV.</s><s>Адаптација на аниме била произведена од J.C.Staff и почнала да се емитува во Јапонија на TV Tokyo на 2 октомври 2008 г. Визуелен роман заснован на изворната приказна на Namco Bandai Games за PlayStation Portable бил објавен во април 2009 г.</s>
<s>Името „Торадора!“ потекнува од имињата на двата главни лика Таига Аисака и Рјуџи Такасу.</s><s>Името „Таига“ е слично на зборот „тигар“ на англиски (англ. tiger), а на јапонски овој збор ќе звучи како „тора“ (јап. 虎).</s><s>Првиот дел од името на Рјуџи е „рју“ (竜), што на јапонски значи „змеј“, а во јапонската транслитерација од англиски би било „ドラゴン“ (дорагон).</s>
<s>Содржина
Приказната за Торадора! започнува со главниот јунак Рјуџи Такасу, кој е исцрпен од обидот да изгледа најдобро пред сите, влегувајќи во својата втора година од гимназија.</s><s>И покрај неговата природна љубезност, поради неговиот изглед, сите го доживуваат како бандит и затоа нема буквално никаква надеж дека ќе најде девојка во блиската иднина.</s><s>Откако наутро ќе биде пречекан од неговата поспана мајка, Рјуџи оди на училиште и е воодушевен што ќе се најде во истиот клас со неговиот најдобар другар Јусаку Китамура и девојката во кој е вљубен, Минори Кушиеда.</s><s>Тоа е така, сѐ додека буквално не налетува на „најопасното суштество во училиштето“ — ученичката Таига Аисака, која исто така е во неговиот клас и е блиска другарка на Минори.</s><s>Првата средба со Аисака завршува со удар за Рјуџи.</s>
<s>Таига се однесува студено кон другите и не се двоуми да им врати при најмалата нивна забелешка.</s><s>Таига не го сака Рјуџи од нивната прва средба.</s><s>Таа потекнува од богато семејство, но поради семејни проблеми почнала да живее одвоено.</s><s>Сосема случајно се покажува дека нејзината нова куќа е веднаш до куќата на Рјуџи.</s><s>Откако Рјуџи ќе открие дека Таига е вљубена во Јусаку, а Таига за возврат ја открива вљубеноста на Рјуџи кон Минори, Рјуџи предлага тие да ги здружат силите за да им ги освојат срцата.</s><s>Таига поминува многу време во куќата на Рјуџи, толку многу што таа практично може да се смета за член на неговото семејство.</s><s>Бидејќи Рјуџи поминува многу време со Таига, тој почнува подобро да ја разбира и да открива страни од нејзиниот карактер што повеќето луѓе не ги гледаат.</s><s>Таига и Рјуџи се обидуваат да си помогнат еден на друг да го сменат однесувањето на другите кон нив.</s><s>Сепак, нивната чудна врска ги изненадува сите што ги познаваат, а гласовите почнуваат да лазат зад грбот на Таига и Рјуџи.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Toradora! на TV Tokyo
Visual novel official website
Toradora! anime
Toradora! manga</s>
<s>Аниме
Манга</s>
|
1334670 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D0%BD | Рабин | <s>Рабин (хебрејски: rabi — „мој учител“) — ракоположен толкувач на Библијата и усната наука.</s><s>Поимот веројатно потекнува од Палестина од почетокот на I век и се однесувал на секое лице чие познавање на рабинската книжевност било доволно за да му овозможи да одлучува за прашања од еврејскиот закон.</s><s>Институцијата на професионален, платен рабин се појавила дури во доцниот среден век, кога рабините биле назначувани за верски водачи на заедниците и кога од нив се очекувало целото свое време да го посветат на дејностите на заедницата, што главно се одразувало во одлучување за сите прашања во областа на еврејското право, дејствувајќи како судија во граѓански и кривични предмети, водејќи јешива и надгледувајќи различни верски институции, како што се ритуалното колење, системот на основно училиште, ритуалните бањи (миквех) итн.</s><s>До XIX век, проповедањето не било главната дејност на рабинот.</s>
<s>Статусот рабин се стекнува дури по долгогодишно проучување на Талмудот и рабинските кодекси и полагање испити кај високоценети учени и побожни рабини.</s><s>Во XIX век, биле основани рабински семинарии и установи, чија намена била да обучуваат рабини во Западна Европа и САД.</s><s>Улогата на современиот рабин, кој обично е високообразован, е сосема поинаква од улогата на рабинот од пред XIX век, особено меѓу американските Евреи.</s><s>Освен во случајот со некои правоверни рабини, неговата главна дејност повеќе не е да биде правен стручњак и судија.</s><s>Исто така, не е во негова надлежност да ја надгледува мрежата на верски институции што ја опфаќа целата заедница.</s><s>Наместо тоа, тој служи како духовен водач на верска заедница или синагога, а голем дел од своето време е посветен на водење услуги и проповедање, образование на младите и возрасните, чинодејствување на свадби и погреби, советување, меѓуверски дејности, учество во добротворни цели во заедницата итн.</s>
<s>Ракополагањето за рабин во ортодоксниот јудаизам го врши јешива или, во некои случаи, оној рабин што врз основа на својата ученост, го заслужил правото да ракополага други.</s><s>Во конзервативниот јудаизам, ова го прави семинаријата. некои конзервативни рабини се обидуваат да добијат и ортодоксно именување.</s><s>Во реформскиот јудаизам, назначувањето го врши признато теолошко училиште.</s><s>Во сите овие гранки има рабини кои основале теолошки школи од други земји.</s><s>Денес, голем број жени служат како рабини во реформистичките и реконструкционистичките конгрегации.</s>
<s>Меѓу различните еврејски деноминации постојат различни барања за рабинско ракополагање и разлики во мислењата за тоа кој е признат како рабин.</s><s>На пример, само мал број ортодоксни еврејски заедници прифаќаат ракополагање на женски рабини.</s><s>Неортодоксните движења избрале да го сторат тоа, како што веруваат, од халахички причини (конзервативен јудаизам), како и етички причини (реформски и реконструкционистички јудаизам).</s>
<s>Историски преглед
Рабин не е занимање што се наоѓа во хебрејската Библија и древните поколенија не користеле сродни титули како рабан, раби или рав за да ги опишат мудреците од Вавилон или мудреците на Израел.</s><s>На пример, Хилел и Шамаи (верски водачи од почетокот на првиот век) немале рабински титули со нивните имиња.</s><s>Називите „рабан“ и „рабин“ за прв пат се спомнати во еврејската книжевност во Мишна.</s><s>Рабан првпат се користел за рабинот Гамалиел Постариот, рабинот Симеон неговиот син и рабинот Јоханан бен Закаи, сите биле патријарси или претседатели на Синедрионот во првиот век.</s><s>Раните носители на титулата рабин биле рабинот Задок и рабинот Елиезер бен Јаков, од времето на рабинот Јоханан бен Закаи.</s><s>Називот „рабин“ се појавува (во грчката транслитерација ραββι) во книгите на Матеј, Марко и Јован во Новиот завет, каде што се користи во контекст на „писарите и фарисеите“, како и на Исус.</s><s>Според некои, титулата „рабин“ или „рабан“ првпат се користела по 70-тите години, и се однесувала на Јоханан бен Закаи и неговите ученици, а референци во рабинските текстови во Новиот завет за рабините претходно во I век се анахронизми или ретроактивни почести.</s><s>Други научници веруваат дека поимот „рабин“ бил добро познат неформална титула до почетокот на првиот век, и затоа еврејските и христијанските поменувања на рабините ги одразуваат титулите што всушност се користеле во ова раздобје.</s>
<s>Владите на израелското и јудејското кралство биле засновани на систем кој ги вклучувал еврејските кралеви, еврејските пророци, законската власт на високиот суд во Ерусалим, Великиот Санхедрин и ритуалната власт на свештенството.</s><s>Членовите на Санхедрин морале да бидат ракоположени (семиха) во непрекината линија на пренесување од Мојсеј, но наместо да нарекуваат рабини, биле нарекувани свештеници или писари, као Езра, кој во Библијата се нарекува „Езра, свештеник, писар, писар на зборовите од Божијите заповеди и Неговите одредби на Израел.“ „Раби“ како титула не се појавува во хебрејската Библија, иако подоцните рабински извори повремено го користат као назив за мудрите библиски личности.</s>
<s>Со уништувањето на двата Ерусалимски храма, кон крајот на еврејскат монархија и падот на двојните институции на пророци и свештенство, фокусот на научното и духовното водство кај еврејскиот народ се поместил кон мудреците од Големото собрание.</s><s>Ова собрание било составено од најраните групи „рабини“ во современа смисла на зборот, во голема мера затоа што започнале формулирање и објаснување на она што станало познато како „усен закон“ на јудаизмот.</s><s>Ова било кодирано и кодифицирано во Мишна и Талмудот и подоцна рабинското учење, што довело до она што е познато као рабински јудаизам.</s>
<s>Талмудско раздобје
Од I до V век, титулата „раби“ им била давана на оние мудреци од земјата на Израел кои формално биле ракоположени (семиха), додека помалата титула „рав“ ја добивале мудреците кои предавале во вавилонските академии, бидејќи ракополагањето не можело да се врши надвор од земјата на Израел. (Меѓутоа, според друго мислење „раби“ и „рав“ се исти називи, различно се изговараат поради на различни дијалекти).</s>
<s>Жени рабини
Со неколку ретки исклучоци, еврејските жени биле историски исклучени од служење како рабини.</s><s>Ова се променило во 1970-тите, што се совпаднало со промената во американското општество што го вклучило феминизмот од вториот бран, Колеџ-еврејскиот институт на Хебрејската унија за религија почнал да ги ракополага жените за рабини.</s><s>Денес, Еврејките служат како рабини во сите напредни гранки на јудаизмот, додека во ортодоксниот јудаизам жените рабини се спорно прашање, иако многу заедници дозволуваат алтернативни свештенички улоги за жените.</s><s>За жените рабини воведени се различни титули како „раба“ (רבה), „рабанит“ רבניט) и „махарат“ (מהר"ת).</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Јудаизам</s>
|
1334687 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%BE%20%D0%91%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 | Стево Божиновски | <s>Стево Божиновски (, ) – универзитетски професор, до 2005 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии, потоа на Државниот универзитет на Јужна Каролина, САД.</s>
<s>Животопис
Роден е во 1949 година во Битола.</s><s>Дипломирал (1973), магистрирал (1975) и докторирал (1982) на Електротехничкиот факултет во Загреб.</s><s>Во периодот 1974-1976 работел на Математичкиот факултет, како стручен соработник, од каде преминал на Електротехничкиот факултет во звањето асистент.</s><s>Во 1982 год. бил избран за предавач, а звањата доцент, вонреден професор и редовен професор ги стекнал во 1983, 1988 и 1993 година, соодветно.</s><s>Основоположник е на областите вештачка интелигенција, роботика и биокибернетика на Електротехничкиот факултет (ЕТФ) во Скопје, кои и денес остануваат негов научно-истражувачки интерес.</s><s>Во својата наставна кариера држел настава по повеќе предмети од областите основи на софтвер, вештачка интелигенција, системски софтвер, роботика, биокибернетика и медицинска информатика, на додипломски и магистерски студии, како на ЕТФ така и на Стоматолошкиот и Медицинскиот факултет во Скопје.</s><s>Во раздобјата 1980-1981 и 1995- 1996 остварил студиски престој во САД на Универзитетот во Масачусетс.</s><s>Во 1984 година остварил четиримесечен постдокторски престој на Универзитетите во Цукуба и Каназава, Јапонија.</s><s>Член е на уредувачки и организациони комитети на повеќе списанија и конференции.</s>
<s>Автор е на повеќе од 150 научни труда објавени во списанија, на конференции, како и во издадени книги.</s><s>Автор е на два универзитетски учебника.</s><s>Учествувал како член на тим или како главен истражувач во голем број домашни и меѓународни проекти.</s><s>За светската наука значаен придонес му е првичното управување на робот со помош на биосигнали од мозокот, кое го остварил во 1988 година.</s><s>Ова достигнување во 2023 година Одборот на директори на ИЕЕЕ го прогласил за „ИЕЕЕ меѓник“ (IEEE milestone).</s><s>Ова е прво доделување на „ИЕЕЕ меѓник“ за достигнување „Интерфејс мозок-сметач“ (Brain-Computer Interface).</s><s>Спомен-плоча како обележје на ова достигнување е поставена во просториите на ФЕИТ.</s>
<s>Факултетот го напуштил во 2005 година, а денес е редовен професор од областа на компјутерските науки на Државниот универзитет на Јужна Каролина, САД.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Професори на УКИМ
Професори на ФЕИТ</s>
|
1334690 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0 | Кубанска музика | <s>Кубанската музика, вклучувајќи ги нејзините инструменти, изведба и танц, се состои од голем сет на уникатни традиции главно под влијание на западноафриканската и европската (особено шпанската) музика.</s><s>Поради синкретичката природа на повеќето нејзини жанрови, кубанската музика често се смета за една од најбогатите и највлијателните регионални музика во светот.</s><s>На пример, сон кубано спојува адаптирана шпанска гитара, мелодија, хармонија и лирски традиции со афро-кубански перкусии и ритми.</s><s>Речиси ништо не останало од оригиналните домородни традиции, бидејќи домородното население било истребено во 16 век.</s>
<s>Од 19 век кубанската музика е многу популарна и влијателна низ целиот свет.</s><s>Тоа е можеби најпопуларната форма на регионална музика од воведувањето на технологијата за снимање.</s><s>Кубанската музика придонела за развој на широк спектар на жанрови и музички стилови низ целиот свет, особено во Латинска Америка, Карибите, Западна Африка и Европа .</s><s>Примерите вклучуваат румба, афро-кубански џез, салса, многу западноафрикански преадаптации на афро-кубанска музика, шпански жанрови (особено фузија со фламенко) и широк спектар на жанрови од Латинска Америка.</s>
<s>Преглед</s>
<s>Голем број поробени Африканци и Европјани, главно шпански имигранти, дошле на Куба и донеле свои форми на музика на островот.</s><s>Подоцна во 19 век, имало имиграција на кинески работници.</s>
<s>Фернандо Ортиз, првиот голем кубански фолклорист, ги опишал музичките иновации на Куба како произлезени од интеракцијата („транскултурација“) помеѓу поробените Африканци населени на големи плантажи со шеќер и Шпанците од различни региони како Андалузија и Канарските Острови.</s><s>Поробените Африканци и нивните потомци изработиле многу ударни инструменти и ги зачувале ритмите што ги знаеле од својата татковина.</s><s>Најважните инструменти биле тапаните, од кои првично имало околу педесет различни видови; денес редовно се гледаат само бонго, конга и бата тапани.</s><s>Покрај тоа, постојат и други ударни инструменти кои се користат за религиозни церемонии од африканско потекло.</s><s>Кинеските имигранти дале придонес со кинески корнет, кинески инструмент со трска што сè уште се свири во компарсите, или карневалските групи, во Сантјаго де Куба.</s>
<s>Големиот инструментален придонес на Шпанците била нивната гитара, но уште поважна била традицијата на европската музичка нотација и техниките на музичка композиција.</s><s>Архивите на Хернандо де ла Пара се едни од најрани достапните информации за кубанската музика.</s><s>Тој пријавил инструменти што се користеле, меѓу кои и кларинет, виолина и виуела.</s><s>Во тоа време имало малку професионални музичари, а уште помалку од нивните песни преживеале до денес.</s><s>Една од најраните е Ма Теодора, која се претпоставува дека е поврзана со ослободениот роб, Теодора Жинес од Сантјаго де Куба, која била позната по своите композиции.</s><s>Се вели дека оваа песна е слична на шпанските популарни песни и танци од 16, 17 и 18 век.</s>
<s>Кубанската музика има свои главни корени во Шпанија и Западна Африка, но со текот на времето станала под влијание на различни жанрови од различни земји.</s><s>Важни меѓу нив се Франција (и нејзините колонии во Америка) и Соединетите Американски Држави.</s>
<s>18 и 19 век</s>
<s>Меѓу меѓународно најавените композитори од „сериозниот“ жанр може да се вброи барокниот композитор Естебан Салас и Кастро (1725–1803), кој поминал голем дел од својот живот учејќи и пишувајќи музика за црквата.</s><s>Во катедралата во Сантјаго де Куба го следел свештеникот Хуан Парис (1759–1845).</s><s>Парис бил исклучително вреден човек и важен композитор. стр181 Настрана од руралната музика и афро-кубанската народна музика, најпопуларниот вид на урбана креолска танцова музика во 19 век била контраданца, која започнала како локална форма на англискиот, француски и шпански танци.</s><s>Додека многу контраданци биле напишани за танц, од средината на векот неколку биле напишани како класични салонски дела за пијано.</s><s>Првиот истакнат композитор во овој стил бил Мануел Саумел (1818–1870), кој понекогаш се смета за татко на кубанскиот креолски музички развој.</s>
<s>Лауреано Фуентес (1825–1898) потекнувал од семејство на музичари и ја напишал првата опера што била компонирана на островот.</s><s>Хозе Вајт (1836–1918), мулат, од татко Шпанец и мајка Афрокубанка, бил композитор и виолинист со меѓународни заслуги.</s><s>Научил да свири на шеснаесет инструменти и живеел наизменично во Куба, Латинска Америка и Париз.</s><s>Неговото најпознато дело е La Bella Cubana, хабанера.</s>
<s>Класична и уметничка музика од 20 век</s>
<s>Помеѓу крајот на 19 век и почетокот на 20 век, голем број композитори се истакнуваат во кубанската музичка панорама.</s><s>Тие негувале жанрови како што се популарната песна и концертната лид, танцовата музика, зарзуела и народниот театар, како и симфониската музика.</s><s>Меѓу другите, треба да се спомене Хубер де Бланк (1856-1932); Хозе Маури (1856-1937); Мануел Маури (1857-1939); Хозе Марин Варона; Едуардо Санчез де Фуентес (1874-1944); Хорхе Анкерман (1877-1941); Луис Касас Ромеро (1882-1950) и Марио Валдес Коста (1898-1930).</s>
<s>Делото на Хозе Марин Варона ја поврзува кубанската музичка активност од крајот на 19 век и почетокот на 20 век.</s><s>Во 1896 година, композиторот ја вклучил во својата зарзуела „Ел Брухо“ првата кубанска гуахира која била историски документирана.</s>
<s>Еден од најголемите кубански пијанисти и композитори на 20 век бил Ернесто Лекуона (1895 – 1963).</s><s>Лекуона компонирал над шестотини дела, главно во кубански стил, и бил пијанист со исклучителен квалитет.</s><s>Тој бил плоден композитор на песни и музика за сцена и филм.</s><s>Неговите дела се состоеле од зарзуела, афро-кубански и кубански ритми, суити и многу песни кои станале латински стандарди.</s><s>Во 1942 година неговиот голем хит Засекогаш во моето срце (Siempre en mi Corazon) бил номиниран за Оскар за најдобра песна, но изгубли од Белиот Божиќ.</s><s>Симфонискиот оркестар Ернесто Лекуона ја извел премиерата на Црната рапсодија на Лекуона на концерт за Денот на ослободувањето на Куба, во Карнеги Хол, на 10 октомври 1943 година.</s>
<s>По Кубанската револуција (1959), бројни кубански композитори емигрирале на многу млада возраст и поголемиот дел од нивните кариери го развиле надвор од земјата.</s><s>Во оваа група се композиторите Тања Леон, Орландо Хасинто Гарсија, Армандо Транкилино, Одалин де ла Мартинез, Хозе Раул Бернардо, Хорхе Мартин и Раул Мурчано.</s>
<s>Класична и уметничка музика од 21 век
Во текот на последните децении на 20 век и почетокот на 21 век, нова генерација на композитори се појавиле во панорамата на кубанската класична музика.</s><s>Повеќето од нив добиле солидно музичко образование обезбедено од официјалниот уметнички училишен систем, создаден од кубанската влада, и дипломирале на Институтот за уметности (ISA).</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>БиБиСи Радио 3 Аудио (60 минути): Сантјаго де Куба и Сон Музика.</s><s>Пристапено на 25 ноември 2010 г.
Аудио на BBC Radio 3 (60 минути): Changai и Decimas Music.</s><s>Пристапено на 25 ноември 2010 г.
БиБиСи Радио 3 Аудио (60 минути): Матанзас, родно место на румба и данзон.</s><s>Пристапено на 25 ноември 2010 г.
Аудио клипови: Традиционална музика на Куба.</s><s>Музејот на етнографијата на Женев .</s><s>Пристапено на 25 ноември 2010 г.
Колекцијата на популарната музичка кубанска и латиноамериканска Дијаз-Ајала во ФИУ
Кубанска музика</s>
|
1334699 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%20%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BD | Лесен роман | <s>Лесен роман () — вид популарна јапонска книжевност од различни жанрови (од љубовни романи и научна фантастика до ужаси), која се одликува со претежно фантастичен заплет, изобилие на дијалози, илустрации во стилот на аниме и манга, и насочена главно кон тинејџерската и младата публика.</s><s>Лесните романи добиле широка популарност во Јапонија во 1980-тите.</s><s>Издавачите постојано бараат нови автори, за што организираат годишни конкурси, чии победници, покрај парични награди, добиваат и право да ја објават својата книга.</s><s>Најголемиот од овие натпревари, Dengeki Shosetsu Taisho, годишно вклучува повеќе од две илјади автори.</s><s>Бројот на официјални преводи на лесни романи на странски јазици е мал поради малата побарувачка и обемот на преведениот текст.</s><s>Просечната должина на еден лесен роман е околу 50.000 збора, и е објавен во формат бункобон.</s>
<s>Поврзано</s>
<s>Аниме
Манга</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Лесен роман
Јапонска книжевност
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
1334701 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Simon%20%26%20Garfunkel | Simon & Garfunkel | <s>Simon & Garfunkel (македонска транскрипција: Сајмон и Гарфанкел) ― американски фолк рок дует составен од пејачот и текстописец Пол Сајмон и пејачот Арт Гарфункел.</s><s>Тие биле меѓу музичарите кои оствариле најголема продажба во 1960-тите.</s><s>Нивните најголеми хитови се трите песни кои се искачиле на прво место на американската топ-листа: „The Sound of Silence“ (1965) и двете песни кои добиле Греми за запис на годината „Mrs.</s><s>Robinson“ (1968) и „Bridge over Troubled Water“ (1970).</s><s>Други нивни хитови се: „The Boxer“ (1969), „Cecilia“ (1970) и четирите песни од 1966 година „Homeward Bound“, „I Am a Rock“, „Scarborough Fair/Canticle“ (сингл во 1968 година) и „A Hazy Shade of Winter“ (исто така хит на второ место за „Bangles“ во 1987/88 година), како и песната од албумот од 1968 година (и хитот во Велика Британија од 1972 година) „America“.</s>
<s>Историја на групата
Сајмон и Гарфанкел се запознале во основно училиште во Квинс, Њујорк Сити, во 1953 година, каде научиле да се усогласуваат и почнале да пишуваат песни.</s><s>Како тинејџери, под името Tom & Jerry, имале успешна песна „Hey, Schoolgirl“ (1957); песна во која ги имитирале нивните идоли, Everly Brothers.</s><s>После тоа, дуетот се распаднал, а Сајмон имал неуспешни соло песни.</s><s>Во 1963 година, откако увиделе дека публиката сѐ повеќе се интересира за фолк музика, тие повторно се обединиле и под името Simon & Garfunkel потпишале договор со Columbia Records.</s><s>Нивниот прв албум, Wednesday Morning, 3 A.M.(објавен во октомври 1964 година), слабо се продавал; тие повторно се разделиле, а Сајмон се вратил на соло кариерата, овој пат во Англија.</s><s>Во јуни 1965 година, „The Sound of Silence“ - акустична песна од првиот албум на дуетот - била пресинхронизирана со електрична гитара и тапани и кон крајот на 1965 година станала хит на американското AM радио, и на 1 јануари 1966 година се искачила на прво место на „Хот 100“ на Билборд.</s><s>Сајмон и Гарфанкел повторно се обединиле и го издале вториот студиски албум, Sounds of Silence (јануари 1966 година) - на кој била и ажурираната верзија на "The Sound of Silence" - и тргнале на турнеја по колеџите низ САД.</s><s>За нивниот трет студиски албум, Parsley, Sage, Rosemary and Thyme (октомври 1966 година), дуетот презел покреативна контрола.</s><s>Нивната музика (најчесто стар материјал) била искористена во филмот од Мајк Николс „Дипломец“ (објавен во декември 1967 година), меѓу кои биле песните „The Sound of Silence“, „Scarborough Fair“ и две многу кратки акустични верзии од „Mrs.</s><s>Robinson“.</s><s>16 последователни недели, од април до јули 1968 година, саундтрак албумот од филмот и нивниот следен студиски албум, Bookends (април 1968 година) се менувале на првото место на Топ-200 на Билборд.</s>
<s>Односот на Сајмон и Гарфанкел бил пропратен со чести проблеми, а нивните несогласувања биле причина за нивно раскинување во 1970 година.</s><s>Нивниот последен студиски албум, Bridge over Troubled Water, објавен во јануари 1970 година, станал еден од најпродаваните албуми во светот.</s><s>По нивното разделување, Сајмон забележал голем успех на топ-листата за синглови (13 топ-40 хитови, 1972–86) и на топ-листата за албуми, меѓу кои е и фалениот албум Graceland (1986).</s><s>Гарфанкел на топ-листите се појавил со песните „All I Know“ (1973) и двете песни на прво место во Обединетото Кралство „I Only Have Eyes for You“ (1975) и „Bright Eyes“ (најдобар сингл во Британија за 1979 година); тој исто така имал и кратка филмска кариера, при што имал главна улога во филмовите од Мајк Николс Catch-22 (1970) и Carnal Knowledge (1971) и во Bad Time (1980) од Николас Рог.</s><s>Сајмон и Гарфанкел неколку пати се обединувале; на нивниот концерт во Сентрал Парк во 1981 година присуствувале 500.000 луѓе, што го прави еден од најпосетените концерти во на сите времиња.</s>
<s>Награди и признанија
Сајмон и Гарфанкел освоиле седум Греми награди; четири нивни песни биле примени Гремиевата куќа на славата, а во 1990 година биле примени во Куќата на славата на рокенролот.</s><s>Според новинарот Ричи Унтербергер тие се „најуспешен фолк-рок дует од 1960-тите“ и едни од најпопуларните уметници од таа деценија.</s><s>Со продадени над 100 милиони плочи, тие се наоѓаат на листата на музичари со најголема продажба.</s><s>Во 2010 година, Rolling Stone ги ставил на 40-то место на списокот на најдобри музичари на сите времиња, и на трето место на списокот на најдобри дуети.</s>
<s>Дискографија
Студиски албуми</s>
<s>Wednesday Morning, 3 A.M. (1964)
Sounds of Silence (1966)
Parsley, Sage, Rosemary and Thyme (1966)
Bookends (1968)
Bridge over Troubled Water (1970)</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s></s>
<s>Добитници на Греми за животно дело
Добитници на Греми
Добитници на Британски музички награди
Статии со извори на германски (de)
Дуети
Американски фолк рок групи
Музички групи основани во 1957
Музички групи распаднати во 1970</s>
|
1334703 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B0%20%28%D0%BF%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%29 | Хипербола (појаснување) | <s>Хипербола може да се однесува на:</s>
<s>Хипербола — вид алгебарска крива од втор ред во рамнина).</s><s>Хипербола (лингвистика) — троп поширок од зборот, а уметничката вредност ја добива по пат на претерување.</s>
<s>Појаснителни страници</s>
|
1334723 | https://mk.wikipedia.org/wiki/The%20Band | The Band | <s>The Band ― канадска рок група основана во Торонто во 1967 година.</s><s>Составот на групата го сочинувале Канаѓаните Рик Данко (бас, гитара, вокал, виолина), Гарт Хадсон (оргули, клавијатури, хармоника, саксофон), Ричард Мануел (пијано, тапани, вокал), Роби Робертсон (гитара, текстописец, вокал) и Американецот Левон Хелм (тапани, вокал, мандолина, гитара).</s><s>Музиката на The Band содржела елементи на американа, фолк, рок, џез, кантри и R&B, и влијаела врз музичари како: Џорџ Харисон, Елтон Џон, Грејтфул Дед, Ерик Клептон и Вилко.</s>
<s>Во периодот 1958 до 1963 година, членовите на The Band биле членови на групата Hawks, придружна група на рокабили пејачот Рони Хокинс.</s><s>Левон Хелм се придружил на Hawks во 1957 година, а Робертсон, Данко и Мануел во раните 1960-ти.</s><s>Во 1965 година, четворицата млади момчиња ја напуштиле групата за да снимаат своја музика.</s><s>Од 1963 до 1965 година тие свиреле по клубови и барови под името „Levon and The Hawks“ и биле забележани од Боб Дилан.</s><s>Тие го придружувале Дилан на неговата турнеја за промоција на албумот „Electric“ (1965-1966) и за „Basement Tapes“ во 1967 година.</s><s>Откако го напуштиле Дилан и го промениле своето име во „The Band“, издале неколку плочи кои наишле на позитивни критики од критичарите и од јавноста.</s><s>Нивен прв албум бил Music from Big Pink објавен во 1968 година.</s><s>Според AllMusic, албумот имал значително влијание врз неколку генерации музичари: музичарот Роџер Вотерс за албумот Music from Big Pink рекол дека е втор највлијателен запис во историјата на рокенролот, а музичкиот новинар Ал Ароновиц го нарекол „кантри-соул...звук кој претходно не е чуен“.</s><s>Нивни најпопуларни песни биле: „The Weight“, „The Night They Drove Old Dixie Down“ и „Up on Cripple Creek“.</s>
<s>По бројните турнеи и настапи во живо, глупата решила на 25 ноември 1976 година да го одржи својот проштален концерт.</s><s>Видео снимката од концертот како концертен филм била објавена во 1978 година под наслов Последниот валцер, во режија на Мартин Скорсезе.</s><s>Тоа бил последен настап на оригиналниот квинтет.</s><s>По пет години, во 1983 година Данко, Хадсон, Хелм и Мануел повторно се обединиле (без Робертсон) за уште една турнеја.</s><s>Робертсон започнал кариера како успешен продуцент и композитор на филмска музика.</s><s>Мануел починал во 1986 година, но преостанатите тројца членови продолжиле со турнеи и до 1999 година повремено издавале нови албуми.</s><s>По смртта на Данко во 1999 година, останатите членови решиле засекогаш да се разделат.</s><s>Хелм продолжил со успешна соло кариера, и притоа освоил неколку Греми награди во фолк и американа категоријата.</s><s>Тој починал во 2012 година.</s><s>Хадсон започнал кариера како истакнат сесиски музичар.</s><s>Робертсон починал во 2023 година, а Хадсон е единствениот жив член од оригиналната постава.</s>
<s>Музичкиот критичар Брус Едер ги опишал the Band како „една од најпопуларните и највлијателните рок групи во светот, нивната музика е прифатена од критичарите... онолку сериозно како и музиката на Битлси и Ролинг Стоунс“.</s><s>Групата во 1989 година била примена во Куќата на славата на канадската музика, а во 1994 година и во Куќата на славата на рокенролот.</s><s>Во 2004 година, списанието Ролинг Стоун ги ставило на 50-то место на нивниот Список од 100 најдобри музичари на сите времиња, а нивната песна „The Weight“ била рангирана на 41-во место на списокот од 500 најдобри песни на сите времиња.</s><s>Во 2008 година, групата ја добила наградата Греми за животно дело.</s><s>Во 2014 година, биле примени на Канадскиот булевар на славата.</s>
<s>Членови</s>
<s>Рик Данко – бас гитара, вокал, гитара, контрабас, виолина (1965–1977, 1983–1999; неговата смрт)
Левон Хелм – тапани, вокал, мандолина, гитара, перкусии, бас (1967–1977, 1983–1999; починал 2012)
Гарт Хадсон – клавијатури, оргули, саксофон, хармоника, дрвени дувачки инструменти, лимени инструменти (1965–1977, 1983–1999)
Ричард Мануел – пијано, тапани, оргули, вокал (1965–1977, 1983–1986; негова смрт)
Роби Робертсон – гитари, вокал, перкусии, пијано (1965–1977; починал 2023 година)
Џим Вајдер – гитара, придружен вокал, бас, мандолина (1985–1999)
Стен Селест – клавијатури (1990–1991; негова смрт)
Ренди Сиарланте – тапани, перкусии, вокал (1990–1999)
Ричард Бел – клавијатури (1992–1999 година; починал во 2007 година)</s>
<s>Дискографија</s>
<s>Поврзано</s>
<s>Американски рок
Канадски рок
Канадска музика
Музика на Соединетите Американски Држави</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>The Band – A Musical History, official site from Capitol Records
The Band web site, extensive fan-operated site
The Band discography at Discogs
First article at thecanadianencyclopedia.ca
Second article at thecanadianencyclopedia.ca
Article at canadianbands.com</s>
<s>Добитници на Греми за животно дело
Канадски музички групи
Музички групи основани во 1964
Музички групи распаднати во 1976
Канадски фолк рок групи
Канадски кантри рок групи</s>
|
1334724 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Dead%20or%20Alive | Dead or Alive | <s>Dead or Alive ― англиска поп група основана во Ливерпул во 1978 година од Пит Барнс, Мартин Хили, Фил Херст и Волтер Огден под името Nightmares in Wax.</s><s>Во 1980 година групата го променила името во Dead or Alive.</s><s>Групата се стекнала светска слава на почетокот од 1985 година со нивниот сингл You Spin Me Round (Like a Record).</s><s>Во зенитот на нивниот успех, членови на групата биле: Пит Барнс (вокал), Стив Кој (тапани), Мајк Перси (бас) и Тим Левер (клавијатури).</s>
<s>Две песни од групата успеале да се пласираат во топ-20 на Billboard Hot 100: „You Spin Me Round (Like a Record)“ (бр. 11 во август 1985 година) и „Brand New Lover“ (бр. 15 во март 1987 г.).</s>
<s>„You Spin Me Round (Like a Record)“ две недели била на прво место во ОК во 1985 година, а во 2006 година повторно се нашла на топ-листите откако претходно Барнс учествувал во телевизиското реално шоу Големиот брат и се појавил во 4-та сезона од Почудни нешта.</s><s>Песната, исто така, била на прво место на Билбордовата листа Hot Dance Club Play.</s><s>Во декември 2016 година, Билборд ,групата Dead or Alive ја ставил на 96-то место на списокот од најуспешни „денс музичари“ на сите времиња.</s><s>Групата се распаднала по смртта на Пит Барнс во 2016 година; Стив Кој починал во 2018 година.</s>
<s>Дискографија</s>
<s>Студиски албуми</s>
<s>Sophisticated Boom Boom (1984)
Youthquake (1985)
Mad, Bad and Dangerous to Know (1986)
Nude (1988)
Fan the Flame (Part 1) (1990)
Nukleopatra (1995)</s>
<s>Ремикс албуми</s>
<s>Fragile (2000)
Unbreakable (2001)</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Dead or Alive discography at Discogs</s>
<s>Денс-поп групи
Англиски синт-поп групи
Евродиско групи
Британски hi-NRG групи
Англиски поп музички групи
Музички групи основани во 1980
Музички групи распаднати во 2016</s>
|
1334729 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0 | Рударска ламба | <s>Рударска ламба — светилка, развиена за строгите потреби на подземните рударски дејства.</s><s>Најчесто се носи на посебен безбедносен шлем.</s>
<s>Историја</s>
<s>1813 Д-р Вилијам Рид Клани ја претставил клани ламбата</s>
<s>1815 Хемфри Дејви ја претставил Дејви ламбата</s>
<s>1815 Џорџ Стивенсон ја претставил својата светилка</s>
<s>Дејвиевата заштитна светилка била направена во Лондон од Хемфри Дејви.</s><s>Џорџ Стивенсон измислил слична светилка, но пронајдокот на Дејвис бил побезбеден поради тоа што имал фина жичена газа што го опкружувала пламенот.</s><s>Ова овозможило светлината да помине и го намалил ризикот од експлозија со запирање на гасот метан „запален“ да дојде во контакт со пламенот.</s>
<s>1840 година , Матје Мусзлер ја претставил ламбата Музелер во Белгија.</s>
<s>1859 Вилијам Кларк ја патентирал првата електрична светилка за рударство.</s>
<s>1870-ти Ж.Б. Марсо (Франција) дизајнирал шлем со двојна газа</s>
<s>1872 Законот за регулирање на рудниците за јаглен барал заштитени светилки под одредени услови</s>
<s>1881 Џозеф Сван ја претставил својата прва електрична светилка</s>
<s>1882 Вилијам Рид Клани измислил светилка со „клани со капак“,</s>
<s>1883 Елис Левер од Калчет Хол Боудон понудил награда од 500 фунти за создавање на безбедна пренослива светилка за рударски потреби.</s>
<s>1885 Томас Еванс од Абердаре направил безбедносна светилка од типот клани</s>
<s>1886 Кралската комисија за несреќи во рудници тестирала светилки и дала препораки</s>
<s>1887 Закон за регулирање на рудниците за јаглен – барања за изградба, испитување, каде се користи итн.</s>
<s>1889 Џон Дејвис и Ко, Дерби, снабдувале преносливи електрични светилки</s>
<s>1896 Закон за регулирање на рудниците за јаглен - барања за обезбедување од сопствениците на рудниците, каде да се користат итн.</s>
<s>1909 во Шкотска воведени ламби на капа (шлем).</s>
<s>1911 понудена награда за најдобра електрична светилка</s>
<s>1911 Законот за рудници за јаглен поставилбарања за менаџерите на јамите да полагаат испитувања, каде може да се користат ламбите (вклучително и електрични) итн.</s>
<s>1920 Електрична светилка со вграден акумулатор</s>
<s>1924 Комитетот за светилка за рудари – тестови и препораки</s>
<s>1950 Електрично безбедносна ламба и пакет батерии на рударот Shale, произведени во Англија и испорачани од Concordia Electric Safety Lamp Company Ltd, Кардиф.</s>
<s>Видови
Карбидна ламба, светилка која произведува и согорува ацетилен
Безбедносна ламба, која било од неколкуте видови светилки кои се дизајнирани да бидат безбедни за употреба во рудници за јаглен
Дејвиева ламба, безбедносна светилка која содржи свеќа
Витова ламба</s>
<s>Наводи</s>
<s>Сигурносна опрема
Рударска безбедност
Рударска опрема</s>
|
1334732 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8 | Федерална унија на европските националности | <s>Федерална унија на европските националности (), скратеница ФУЕН — меѓународна невладина организација, основана во 1949 година по формирањето на Советот на Европа, која работи на зачувување и унапредување на идентитетот, јазикот, културата, правата и традициите на националните малцинства, националностите и јазичните групи во Европа.</s><s>Како чадор организација, ФУЕН има над 100 организации членки кои ги претставуваат етничките, јазичните и националните малцинства во Европа.</s><s>Организацијата имала клучна улога во охрабрувањето на Советот на Европа да ја усвои Европската повелба за регионални или малцински јазици и Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.</s><s>Седиштето на ФУЕН е во Фленсбург, Германија, а организацијата има канцеларии и во Берлин и во Брисел, Белгија.</s>
<s>Од Македонија, организации членки на ФУЕН се Унијата за култура на Власите од Македонија со седиште во Скопје, Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ во Куманово, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „СОНЦЕ“ во Тетово и Здружението за правата на Ромите во Штип.</s><s>Во ФУЕН членуваат и организациите на Македонците во Грција и во Албанија, Виножито со седиште во Лерин и Македонското движење за унапредување на мајчиниот јазик „Крсте Мирисков“ во С’ботско и Македонското друштво „Илинден“ во Тирана, сите дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН.</s><s>Во 2023 година ФУЕН за прв пат објавила документ на македонски јазик.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски
Официјално мрежно место на Федералната унија на европските националности</s>
<s>Етнички малцинства</s>
|
1334733 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0%20%28%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC%29 | Циганка (филм) | <s>„Циганка“ — филм на режисерот Војислав Нановиќ од 1953 година, заснован врз делото на Борисав Станковиќ, „Коштана“.</s><s>Главните улоги ги играат: Селма Карловац, Раша Плаовиќ, Миливоје Живановиќ, Павле Вуисиќ и Александар Стојковиќ.</s>
<s>Синопсис
Во филмт се прикажува приказната за една Циганка (ја игра Карловац) која со својата песна и со танцот го бранува животот во Врање, заслепувајќи ги богатиот Стојан (го игра Јовиќ) и несреќниот Митке (го игра Плаовиќ).</s><s>Хаџи-Тома (го игра Живановиќ), таткото на Стојан, оптоварен од предрасудите, го убива својот син зашто сака да се ожени со убавата Коштана.</s><s>Меѓутоа, и Хаџи-Тома е заслепен од неа и ја принудува да се омажи за човекот кого таа не го сака...</s>
<s>Наводи</s>
<s>Филмови засновани врз драми
Црно-бели филмови
Југословенски филмови
Филмови на српскохрватски јазик
Филмови од 1953 година
Филмови на Војислав Нановиќ
Филмови со Селма Карловац
Филмови со Раша Плаовиќ
Филмови со Миливоје Живановиќ
Филмови со Павле Вуисиќ
Филмови со Александар Стојковиќ
Филмови со Растислав Јовиќ
Филмови на Авала филм
Филмови чие дејствие се одвива во Врање
Филмови со Владимир Медар
Филмови со Михајло Бата Паскаљевиќ
Филмови со Нада Шкрињар
Филмови со Јанез Врховец</s>
|
1334734 | https://mk.wikipedia.org/wiki/Frankie%20Goes%20to%20Hollywood | Frankie Goes to Hollywood | <s>Frankie Goes to Hollywood (скратено FGTH) ― англиска поп група основана во Ливерпул во 1980 година.</s><s>Членови на групата биле Холи Џонсон (вокал), Пол Радерфорд (придружен вокал), Марк Отул (бас), Брајан Неш (гитара) и Питер Гил (тапани).</s><s>Нивни најголеми хитови се: Relax, Two Tribes и The Power of Love, продуцирани од Тревор Хорн.</s>
<s>Историја</s>
<s>1980–1982: формирање
Frankie Goes to Hollywood била формирана во Ливерпул во 1980 година.</s><s>Името го зеле од реклама која го најавувала првиот филм на Френк Синатра.</s><s>Главниот пејач, Холи Џонсон, музичката кариера ја започнал во панк групата Big in Japan, а објавил и неколку неуспешни соло синглови.</s><s>Тој ја формирал првата постава на Frankie Goes to Hollywood со месни музичари, но групата набрзо се разделила.</s>
<s>Во 1982 година, Џонсон ја возобновил групата со Питер Гил (тапани) и браќата Марк (бас) и Џед О'тул (гитара).</s><s>Џед заминал во 1983 година, а на негово место дошол неговиот братучед Брајан Неш.</s><s>Frankie Goes to Hollywood својата прва свирка ја имале во паб во Ливерпул, Pickwicks, каде што го регрутирале танчерот и придружен пејач Пол Радерфорд.</s>
<s>1983–1984: „Relax“, „Two Tribes“ и успех</s>
<s>Во мај 1983 година, Frankie Goes to Hollywood станале прв изведувач кој потпишал со ZTT Records, нова издавачка куќа ко-основана од продуцентот Тревор Хорн.</s><s>„Relax“ бил избран за нивен прв сингл.</s><s>Хорн точно знаел како треба да звучи FGTH, но не бил убеден дека групата е доволно музички квалификувана за да ги реализира своите идеи.</s><s>Заедно со Хорн, FGTH произвеле дотогаш непознат бомбастичен звук со различни долги верзии на нивните песни.</s><s>Исто така, била ангажирана силна маркетинг машинерија.</s><s>Меѓу другото, обожавателите можеле да купат маица со логото на FGTH и била направена компјутерска игра.</s>
<s>„Relax“ бил издаден во октомври 1983 година и бил поддржан од музичко видео со дејство сместено во садомазохистички клуб; синглот брзо се искачувал на британските топ листи и во јануари 1984 стигнал до 6-то место.</s><s>Набргу потоа, Би-Би-Си го забранил емитувањето на „Relax“ на своите радио и телевизиски преноси, сметајќи дека е непристоен.</s><s>Забраната создала публицитет, поврзувајќи ги Frankie Goes to Hollywood со бунт на младите.</s><s>Во рок од две недели, „Relax“ стигнал на прво место на топ-листата за синглови во ОК и таму се задржал четири недели, а Би-Би-Си бил принуден да ја повлече својата забрана.</s><s>Во 1985 година, „Relax“ ја освоил наградата Брит за најдобар британски сингл.</s>
<s>Frankie Goes to Hollywood се појавил во трилерот Body Double од Брајан де Палма од 1984 година.</s><s>Во јуни, Frankie Goes to Hollywood го издале нивниот втор сингл, „Two Tribes“, со стихови за Студената војна.</s><s>Музичкото видео, кое ја прикажува тепачката помеѓу Роналд Реган и Константин Черненко, било интензивно пуштано на MTV.</s><s>Синглот девет недели бил на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија.</s><s>Истиот август, „Relax“ се искачил на второ место на листата, и тоа било прв пат по Битлси од јануари 1968 година првите две позиции на листата да ги држи еден ист изведувач.</s>
<s>1984–1985: Welcome to the Pleasuredome
Frankie Goes to Hollywood го издале нивниот прв албум, Welcome to the Pleasuredome (на кој исто така се наоѓале „Relax“ и „Two Tribes“) во октомври 1984 година.</s><s>Албумот имал авансна продажба од милион примероци.</s><s>Кон крајот на 1984 година, FGTH го издале нивниот трет сингл The Power of Love, кој беше последен од нивните синглови кои стигнале до прво место на топ листите.</s><s>Frankie Goes to Hollywood била прва група по Gerry & the Pacemakers во 1963 година која стигнала до прво место на топ листите со првите три синглови.</s><s>Рекордот бил соборен од Spice Girls кои имале серија од шест синглови на прво место во 1996-1997 година.</s><s>Пол Лестер од Гардијан во 2014 година напишал дека „ниеден бенд не доминирал во 12-месечен период како што владеел Frankie во 1984 година“.</s><s>Во 2014 година, „Relax“ и „Two Tribes“ беа шести и 22-ри најпродаван сингл во историјата на ОК.</s>
<s>Во 1985 година, Frankie Goes to Hollywood ја освоил наградата Брит за британски изведувач со најголем пробив.</s><s>Во САД, каде што ги поврзувале со Втората британска инвазија, биле номинирани за најдобар нов изведувач на 27-те годишни награди Греми и на MTV видео музичките награди во 1985 година.</s><s>Нивниот четврти сингл, „ Welcome to the Pleasuredome“, бил објавен во март 1985 година и стигнал до второто место.</s>
<s>1985–1986: Ливерпул и пад
Во 1985 година, Frankie Goes to Hollywood поради даночни причини го напуштиле ОК и песните за нивниот втор албум ги напишале во Ирска.</s><s>Медиумите објавиле дека во групата настанале несогласувања.</s><s>Тие започнале да го снимаат нивниот втор албум, Liverpool, во студиото Wisseloord, во близина на Амстердам, во ноември 1985 година.</s>
<s>Во август 1986 година, бил објавен првиот сингл од Liverpool, „Rage Hard“.</s><s>Liverpool бил објавен во октомври 1986 година и стигнал до петто место.</s><s>Добил лоши критики.</s><s>Следниот сингл Warriors of the Wastelands стигнал до број 19, а нивниот последен сингл Watching the Wildlife стигнал до само 28-то место.</s>
<s>1987–1988: распаѓање и тужби
За време на турнејата за промоција на албумот Liverpool, односите меѓу Џонсон и остатокот од бендот се влошиле.</s><s>Пред концертот на Вембли Арена, зад сцената имало тепачка помеѓу Џонсон и О'Тул.</s><s>По турнејата, групата се распаднала.</s>
<s>На 23 јули 1987 година, Џонсон на луѓето од ZTT им рекол дека планира да замине и да потпише со MCA Records.</s><s>ZTT со судски налог се обиделе да го спречат ова, бидејќи нивниот договор за издавање прецизирал дека секој член кој ќе ја напушти групата ќе остане под договор со ZTT.</s><s>Во 1988 година, Високиот суд одлучил во корист на Џонсон и членовите на групата биле ослободени од нивниот договор.</s><s>Во своите мемоари од 2022 година, Хорн напишал дека неговата одлука да покрене тужба била „глупава“.</s>
<s>1989–денес: соло проекти</s>
<s>Џонсон започнал соло кариера со MCA, и го издал албумот Blast, во 1989 година (стигнал до прво место на топ-листите).</s><s>Неговиот втор соло албум, Dreams That Money Can't Buy, објавен во 1991 година, бил неуспешен.</s><s>Истата година, на Џонсон му бил дијагностициран ХИВ и се повлекол од јавниот живот за да се фокусира на своето здравје.</s><s>Во 1994 година, објавил автобиографија, Коска во мојата флејта.</s><s>Оттогаш издал уште неколку албуми и студирал на Кралскиот колеџ за уметност .</s>
<s>Неш, О'Тул и Гил се обиделе да ја возобноват групата Frankie Goes to Hollywood со пејачот Грант Булт, но Џонсон ги спречил, велејќи дека тоа ќе ги девалвира нивните достигнувања.</s>
<s>О'Тул се преселил во Лос Анџелес, каде што пишувал нова музика, а подоцна се преселил на Флорида.</s>
<s>Радерфорд во 1989 година објавил сингл, преработка на песната од Chic „I Want Your Love“ и албум „Oh World “ во 1989 година, кои биле неуспешни.</s><s>Тој објави уште еден сингл, „That Moon“, како Пол Радерфорд со Pressure Zone во 1991 година, и работел како стилист за бендови.</s><s>Тој се појавил во музичките спотови за „Walking On Broken Glass“ (1992) од Ени Ленокс и „Give In To Me“ (1993) од Мајкл Џексон.</s><s>Подоцна се преселил на Нов Зеланд.</s>
<s>Во 2003 година, членовите на групата се сретнале за прв пат по речиси 17 години за снимање на една епизода од емисијата на VH1, Bands Reunited, но не настапиле заедно.</s><s>На 11 ноември 2004 година, Frankie Goes to Hollywood повторно се обединиле (без Џонсон и Неш) за да настапат на хуманитарниот концерт Prince's Trust, со кој се одбележувала 25-годишнината на Тревор Хорн како музичар и продуцент.</s><s>Тие продолжиле да настапуваат до 2007 година користејќи го името Forbidden Hollywood, бидејќи Џонсон не им дозволувал да го користат оригиналното име.</s>
<s>На 7 мај 2023 година, првобитните членови, вклучително и Џонсон и Неш, повторно се собраа за концерт за Изборот за песна на Евровизија.</s><s>Тие извеле една песна „Welcome to the Pleasuredome“.</s><s>Ова бил нивен прв заеднички настап од 1987 година.</s><s>Настапот наишол на пофалби, но ги разочарал оние кои очекувале повеќе песни.</s>
<s>На 10 мај 2023, Working Title Films објавил дека продуцира биографски филм за Frankie Goes to Hollywood, под наслов Relax, заснован на мемоарите на Џонсон.</s><s>Сценариото за филмот и неговата режија ќе бидат на Бернард Роуз, режисер на првото музичко видео „Relax“, а Калум Скот Хауелс ќе го глуми Џонсон.</s>
<s>Дискографија</s>
<s>Welcome to the Pleasuredome (1984)
Liverpool (1986)</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Френки оди на официјалната веб-страница на Холивуд
Frankie Goes to Hollywood</s>
<s>Добитници на Британски музички награди
Денс-поп групи
Англиски синт-поп групи
Музички групи од Ливерпул
Музички групи основани во 1980
Музички групи со LGBT тематика
Денс-рок групи
Британски квинтети
Британски диско групи
Англиски поп музички групи</s>
|
1334779 | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%BD | Лосион | <s>Лосион — козметичко средство за нега на кожа, коса или нокти за хигиенски или терапевтски и профилактички цели.</s><s>Се прави врз основа на воден или воден-алкохолен раствор (поретко емулзија или суспензија) со додавање на активни состојки (растителни екстракти, витамини, киселини) и помошни состојки (етерични масла за мириси, бои, конзерванси).</s><s>Лосионот ја чисти, навлажнува и омекнува кожата, затегнувајќи ги порите.</s><s>Може да биде наменет за определен вид кожа: сува, мрсна или нормална.</s><s>Користењето лосион за лице не е замена за едноставно миење на лицето со вода.</s>
<s>Наводи</s>
<s>Надворешни врски</s>
<s>Lotions during the early 19th century</s>
<s>Нега на кожата
Козметика
__СОСОДРЖИНА__
__ИНДЕКС__</s>
|
Subsets and Splits